Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Еден ден ќе се сретнеме, меѓу другото и ќе се срушиме како кула од солзи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Знаеш ли?
Уште ми тежи на рамена товарот кој го остави.
Уште ме боли на левата страна.
Уште барам одговор на прашањата кои се присутни во мојата глава.
Уште се гушам во прашината која се крена кога ми го фрли срцево.
Уште сум на подот трудејќи се да ги соберам делчињата од мене.
Сакам, но не можам.
Ја понесе мојата моќ, понесе дел од мене кој секогаш ќе фали.
Го сокри тој дел во тишината, оставајќи ме нецелосна.
Ранлива и сама.
Ја сокри билката потребна за мое оздравување.
Остави отворени рани.
Ставаш сол на нив.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and klepsidra

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Те гаѓам со безопасните стрели на мојот сарказам,
штом видам како тонеш во безизразен молк и те обзема бледиот лик на овој апатичен свет
те повредувам, за да те оживеам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and Achernar

klepsidra

Староседелец
18 јули 2016
31
46
1,028
Ни за миг не излегуваш од мисливе.
Се прашувам како си, што ли правиш, дали и твоето срце сеуште ми го шепоти името. Јас умирам и одново се раѓам секој ден со тебе во моето. Болиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Фала ти што и денес си покрај мене.. Дур си со мене ќе имам сила бар да живеам.. Единствен човек што не ме злоупотреби си ти.. Сега сфаќам и за среќа не е касно.. Те сакам со цело срце!
 

klepsidra

Староседелец
18 јули 2016
31
46
1,028
И покрај трите лажици шеќер, кафето е ужасно горко испиено без тебе.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Радоста е во малите нешта .. Во вниманието за секојдневни а сепак посебни работи.. Кога ме изненадуваш со појадок на работа.. Додека шетам од твојот џеб "никне" јаболко.. Една мала невина питома бубачка која се собира и во самоодбрана скока ме развесели, до солзи ме насмеа. . Зошто ти правиш сето тоа да е така впечатливо, сркоја помината минута со тебе, спомен. Ти правиш мали работи за кои кога ќе седнам сама и ќе размислам ме прават среќна тие работи се сепак големи.. Многу среќна.. Ти се промени . ♡
 
Последна промена:

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Ајде дожду, измиј ја тагата од моето лице, овие очи никогаш не плачеле, овие солзи никогаш не потекле.
Ајде ветру однеси ми ги спомените, нароси пепел врз таа љубов, ние никогаш не постоевме.
Ајде небо направи бура, нека го избрише од минатото, нека го искорне од срцево, тој не припаѓа таму.. таму не смее да живее.
Ајде ѕвезди заборавете, скријте се низ маглата.. вие нашата љубов не ја видовте.
Ајде месечино изгасни, како што згасна неговиот копнеж, избриши ги неговите траги од мене.
Ајде огну разгори се, нека гори душава што по него страда, нека гори срцево што по него бие, нека горам и јас со нив..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Priroden