И што да ти кажам сега неколку минути пред полноќ,
дека таа не дели на пола,
постоеше ти,
постоев јас,
кога дојде на овој свет,
кога дојдов јас,
пред години многу,
тоа не беше по твоја волја,
ниту моја,
но сепак се беше подготвено за тебе,
за мене,
ете си сега, прекрасна ти,
прекрасен јас,
кој и која имаа можност да му дадат живот на животот,
кој не го живеевме заедно,
а сепак не спојуваше во некоја фантазија.