Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Како камења во градиве,
натежнале сите зборови кои не ги реков.Кои ги премолчив и оставив за себе.Се гушам од нив.
Заради тебе се.
Знам кога почна.
Кога одлучив да премолчам колку те сакам всушност.
Колку ми значат моментите со тебе.
Кога одлучив да не зборувам за моите чувства кон тебе.
Кога решив да те тргнам од животов.
Е тогаш.
И сеуште ми тежат.
Сеуште се гласни.Тоа не се зборови,тоа се гласни крикови обоени во твоето име.
Гласни се.
И никако да ги стивнам.
Тешки се зборовите неизречени.
Претешки.
Како камења.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Mnogo Bitno

klepsidra

Староседелец
18 јули 2016
31
46
1,028
Ме повреди твоето однесување денес, ме допре твојата ладнокрвност и грубост а не љубов и топлина како што очекував. И боли ужасно, солзиве едвај престанаа да течат. А сега и јас сум лута и гневна, и на тебе и на себе зошто дозволив до овде да дојде работата.
Јас не сакам трошки да ми фрлаш, не ми е доволно, ми треба многу повеќе од тоа, заслужувам повеќе. И ќе барам повеќе.
Но не од тебе, во твој просјак нема да ме претвориш.
 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
R.I.P to the feelings that i had for you, finally I'm free (wave)

Ти благодарам за се' најискрено ... но, дотука беше, тоест ова требаше да се случи на 23 јануар 2015 (првото вистинско раскинување), но ти продолжи пролетта кон летото, а јас прифатив ... и уште толку влеговме самите во лавиринт и се' заплаткавме уште повеќе, али и од тој лавиринт имаше и многу позитивно и многу негативно.
Се' променив максимално и станав сосема друга особа благодарение на тебе, за хммм ... још мало 2 години така, 4 септември 2014 we started ... да беше попаметен сега 2 годишница ќе славевме, ама јебига :)

Но ... сега знам што треба да направам, тоа што го научив позитивното од тебе да го зачувам, а негативното да го исфрлам ... и сликата ќе биде совршена, повторно ќе блеснам со мојот сјај :)

И да, сега дури и си стојам на збор, и си го оддржувам секогаш зборот, затоа што емоциите веќе не постојат за тебе, така да finally последна моја посвета за тебе.
Thank you for everything ... through oblivion :)

 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Арно велат кога чашата се крши колку и да ја лепиш џабе е не може да е убава и сјајна како што била.. Како да ставам крај на ова мачење кажи како?.. Знам дека и ти тоа го сакаш ама немаш храброст .. до кога вака...
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Хах, беше најубавото чупе шо чекореше низ најпрометната улица во државава, да ама се промени, се промени на лошо веќе не зрачиш како шо порано блескаше во моите очи, сега си само едно обично чупе кое шо нема чувства, перспектива, искра надеж за понатаму. Ми беше се, но ти направи да те гледам вака како шо си заслужила, камо да можам да го вратам времето ќе беше се поинаку, но за жал ти го избра погрешниот пат како и секогаш..
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Те сретнав и поради тебе не знам да напишам ниту еден стих, како да си поезија која молчи во мене и ужива ненапишана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable° and escape