Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
R.I.P to the feelings that i had for you, finally I'm free (wave)
Се' променив максимално и станав сосема друга особа благодарение на тебе, за хммм ... још мало 2 години така, 4 септември 2014 we started ... да беше попаметен сега 2 годишница ќе славевме, ама јебига :)
Честито 2 годишница :rofl
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Кога би можел да ми докажеш, без да вложуваш труд и енергија,
Кога би можел да ми кажеш збор или два
Кога би го кажал тоа што го чувствуваш, а не тоа што јас сакам да го слушнам
Можеби нема да се трудам цврсто да ја стискам твојата дланка,
Можеби нема да се трудам да ти го подарам најслаткиот бакнеж,
Моѓеби нема да тонам во твојот поглед...
Зарем не сакаш да си среќен со мене ?
Каде ли грешам често се запрашувам...
Зошто те губам не можам да одговорам...
Збогувањето може да изгледа како да е засекогаш,
Ти посакувам се најубаво е како крај,
Но во моето срце има спомени, каде што ти секогаш ќе си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Колку те сакав ееј . . Не можам да си поверувам ни сама дека веќе не те сакам! Пред некој месец некој да ми кажеше дека ќе згасне се', животен непријател ќе ми беше.. Божее... јел ово могуче. . Ц ц ц
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast and corki

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Никогаш нема ни јас тебе да те разберам, ни ти мене. Само се разидуваме, а пак се бараме. Секој пат кога се наоѓаме, се чувствува колку претходно сме се разминале. И така до........ не знам кога. Зошто сакаш да ме најдеш? Зошто сакам да ме бараш? :eek
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Kisserboy

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
И сеуште... Сеедно ми е. .
Ладнокрвна . . Можда и кренатпо деловам недај Боже пу пу.. Па поздравувам луѓе по пат се поднасмевнувам.. Убо ми е.. шубо ми е...
Сфаќаш колку е вреден човек кога ќе го испуштиш од раце ; ) такц
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Девојче ако мислиш дека за на тебе да сам ти интересан, ја ке изигравам и ке праву кловна од себе, а ти ке се правиш незаинтересирана гадно си се заебала.
Заобиѓи ме молим те...
 
Последна промена:

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Утопија е ова чекањево да дојдеш и да ти кажам што имам да ти кажам. Одисеја е низ непознати мисловни патишта кои некаде водат и никаде не одведуваат. Ми недостигаш. Проблемот е што со тебе се чувствувам целосно и кога долго време не сум во твое друштво како да фали оној дел од мене што се вика совест и што се вика разумност. Ако тргнеме од она дека секој има на едното рамо ѓаволче, на другото ангелче... замисли ги нашите души како една силуета на чии рамења седиме јас и ти, малечки, ти си ангелчето, јас сум ѓаволчето(ако можам себе си да се именувам во деминутив). Ти си подобрата мојата верзија, јас твојата скица... откако те познавам па сѐ до денес тоа го чувствувам и тоа го мислам.
Те чекав со денови за да ти кажам дека нема зошто да чувствуваш вина... дека нема зошто да се чувствуваш валкано, нечесно...
Исто така сакам да знаеш дека ... оваа наша историја не е валкана... чиста е, јас понекогаш ја валкам со мојот налудничав нарав, но... односот меѓу нас... е чист како утринска роса, како самовилска солза...
Само ти и јас ја знаеме суштината на оваа историја, затоа што јас и ти ја пишуваме... и ја пишуваме со фундаменталноста на нашите постоења... дури и тука да прекине нашиот однос, тука да заврши нашето меѓусебно комуницирање... свесна си дека нашите души ќе продолжат да си испраќаат вибрации... бидејќи знам дека оваа емоција која ја чувствувам кон тебе е поисконска од што и да е друго... Не е љубов телесна, не е страст, не е фатална привлечност...
Еднаш ти цитирав дел од книга „Ти си ми мене приказна со преубав почеток и не знам каков крај, можеби слеп.“ Овој пат ќе ја изменам и надоградам оваа реченица. Ти не си ми мене приказна, ти си моето архе, а архе според филозофијата е основата на сѐ. Ти си ми мене енграм во мозокот кој постоел штом сум се родил. Ти си ми мене архетип... сум те чувал врежана во мислите и мозокот и само требало да дојде денот кога од тој неупотребен енграм ти ќе избиеш на површина и ќе засениш сѐ што претходно сум знаел и мислел.
Како може такво чувство, таков однос да биде валкан, неправилен, грешен?