Почетокот од секогаш ми бил проблем и мислам ова ќе биде најлошиот почеток што некогаш во животот сум го напишала.
Односно не најлош, а нај не сврзан.
И знам ќе речеш многу филозофираш и знам навистина филозофирам но еве сега ќе пробам филозофијата да ја потиснам и да им дадам простор на емоциите.
Се сеќаваш ли кога зборевме за светите места и нивната енергија односно како даваат мир, спокој... мислам ти кажав еднаш но сакам пак и пак и секогаш ова да ти го повторувам. Твоето присуство ми дава мир, заборавам на сите мисли, на се што се случувало, се случува или би се случувало и само уживам. Некој да би ми рекол дека истото тоа што го доживувам во тие свети места би го доживеала со една личност не би верувала навистина но се уверив.
Ми даваш мотив да верувам во животот, да верувам дека не е така сив како што мислев пред да те сретнам тебе.
Не ти имам кажано но кога ми е тешко, знаеш сите имаме такви моменти се потсетувам дека постоиш во мојот живот и само еден твој збор ми го менува целото расположение. Дури на почетокот не можев ни јас да поверувам какво влијание имаш врз моето расположение. Нормално не сакам да се осетиш дека управуваш со мене, не е воопшто така туку баш напротив тоа влијание што го имаш ми дава сила да не се откажувам и да продолжам да те сакам таков каков што си.
Љубовта мислам и за ова имаме зборено и мислам ти имав кажано дека не верувам во тој збор. За мене љубовта е збир од неколку битни работи во животот кои ти оправдано си ги потврди.
Доверба, Разбирање и Почит.
Не се плаши дека ќе ме повредиш, немој, тоа што го чувствувам спрема тебе не може да ме повреди, може само во животот да ми носи убави спомени. Ми стана белег во срцето и умот, ми покажа свет за кој мислев дека не може да биде реален, но е, ти си реален.
Дали е љубов ова што се случува или нешто друго не знам и не би сакала да размислувам точно сега за тоа, само сакам да продолжи затоа што преку тоа дишам, гледам и чувствувам.
Дури и критиките што ми ги упатуваш некогаш знаат да заболат но не можам да ги игнорирам и да те пратам у три лепе пизде материне. Не сакам затоа што не ми ги кажуваш за да ме навредиш туку да ми помогнеш да се променам.
Ти си ми една среќа, љубов и сон што ми се појави во животот.