Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Пиле мое.. И сите заедно да ги собериш не ми се ни до пола. Од што си очаен не знаеш веќе што правиш.. А мене не само што секундарно ми излезе од срцево, мене си ми смешен злато мое. Не брукај се веќе па голем си за да си толку неумен :D
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Дали знаеш?
Дали чувствуваш?
Дека не можам да пронајдам мир
и во секое зајдисонце
твојот лик ме прогонува..
Дали знаеш дека живеам како скитник
откако од твојот рај ме протера..
Дали знаеш дека мојот почеток и крај
се првиот и последениот пат кога ме погледна,
Дали ова е премалку да би ми се вратил?
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Priroden

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Еј вечерва сакала или не морам да те видам..
Стварно си ми одмилен само молим те не прај циркузи значи да не му го расипеме роденденот на детето .. колку и да се години во прашање никој не заслужува кловнови беспотреба да му играат претстава... јасно?
... а ја ќе бидам среќна ко никогаш тоа да го знаеш. Ќе блескам како што никогаш со тебе не блеснав.. од инает!!
Да страдаш сакам вечерва како што страдам јас по тебе со месеци!! Сакам!
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
И пак тој очаен поглед.. Пак тој цврст став кој очекува да му се фрлам во прегратка и силно да го гушнам..
Галамеше, се смееше... Викаше додека јас молчев а ти ми беше толку блиску а сепак далеку.. Чашка по чашка и се предаде. . Ама не попушти.. Чашка по чашка и го почувствува моето присиство кое сепак беше за тебе недопирливо.. Наеднаш молк.. Уста не отвори.
Ни се сретнаа погледи.. Двапати, само двапати.. А седеше спроти мене . .
Сепак те гледав со гордост и некоја омраза. . И ти исто.. Јас за сето тоа што ми го стори а ти затоа што овој пат не испаднав кукличка со која ќе управуваш и не пројдов прва ко и до сега.
Реков дека нема да покажам слабост и не покажав.. Реков ќе сум јака и останав.. а душава ме боли..
Веруј ќе се каеш! Ќе патиш дупло повеќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Знаеш дека денес си поминав многу увабо? Самодовербата пак ми се враќа.. Сонце, плажа, кафе и цигара..
Те мислам не велам не ама полека те преболувам.. Сфаќам колку вредам, а вредам многу. Колку сум пропуштила затворајќи се со тебе.. ц ц ц
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Нема подобар пријател од книгата..
Веќе не ме болиш воопшто знаеш?
Ми праќаш другари као по чипс за да ми се пофалат дека се со тебе?? Алоо немаме по 15 години детее..
Не почувствував тогаш ништо.. Ни кога те видов.. А најмалку кога и пиша на сестра ти.. Осетив омраза.
Веќе ме изгуби, се е многу дури и премногу .. Се надевам ќе ја фатиш плавата мачка . : D
Еј па денес 2 недели .. Слободна две недели.. ^^ многу убаво звучи
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lizbeth

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Зош ме бараш пак?? Зоштоо? Зошто ми покажуваш дека ги реализираш плановите кои ги правевме заедно околу куќата... Што сакаш да постигнеш со тоа кога не планираш да ја прифатиш грешката и да се бориш за мене ???
Немам веќе сила да ти ги докажувам грешките а ти упорно да одрекуваш. Остај ме... остај ме да те преболам онака како што најдобро знам..
 

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Сакам да кажам дека лошо ме заеба, ха ја идиот али пак некој чуства во мене се активни што тоа не треба така да биде али ј***ш га
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Ова е последна шанса... Искористи ја најпаметно.. Тоа што плачеш нареден пат нема да ме врати.. За тоа што те мачи ако не можам да ти помогнам, можам барем да те исслушам затоа сме пар нели, да сме заедно и во добро и во лошо..За да знам што да правам морам да знам што ти е.. Како сношти, нека биде и понатака. . Кажувај ми се'.. Се' што чувствуваш.
Знам дека се каеш затоа не го пофторувај пак ова!
Те сакам