Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Во песнава има еден стих: „Затоа те сакам, затоа што си повеќе од она што секогаш сум сонувал.“
Кога следно ќе заборавам на ова, го молам универзумот да ме потсети.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Сакам да те почувствувам како пред една недела.. Сакам да се љубиме пак.. Пак
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Би било идеално да беше се како што сакав за и ти да почнеш вистински да ме сакаш. После се од почеток ќе треба да се гради, ако не испадне ништо, а може и нема да треба, колку и од мене и од тебе зависи. Знам се ќе помине и далечни ќе сме и ќе останеме двајца што се сакале, од време на време на мене сети се и не заборавај дека сме посилни од се :)
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Можеби некогаш ќе разбереш зошто плачев без зборови.
Можеби некогаш ќе разбереш зошто сакав да ме гледаш во очи за твоите да ми кажат што премолчуваш.
Можеби ќе дознаеш колку тага ми насобрала душава.
Можеби ќе разбереш зошто секое утро знам дека ноќта врнело.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
И опет ја..
Ја и ти..
Заминавме нели?
Колку и да не сакам ќе морам да сфатам дека полека патиштата ни се делат.
Ќе морам да те пуштам да заминеш.
Ќе плачам за тебе.
За се она што го минавме заедно.
За сета грижа што ми ја пружи.
Сета љубов што некогаш ми ја даваше, ме чинеше најсреќната жена на светов ..
Ме чуваше. Во најтешките мигови покрај мене беше..
И нема да те мразам никогаш.
Не го можам тоа..
Немам сила да те пуштам зошто се плашам.. се плашам. .
Дај те молам дозволи ми да те сакам, дозволи ми!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Го чувам Олимп за нас, двајцата да го искачиме, тој ден да го обоиме небото со нашите очи.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Да плачам веќе солзи немам верувај.. нит пак сила имам. Ете те пуштив..
Готово. Летај баш да те видам чија ќе биде следната прегратка ..
Лесно не ми е, душава ми е мирна зошто мирно заминав. Со чист образ и свесна сум колку дадов а колку изгубив..
Да си бил вреден немаше да си сега веќе бифши ама сето тоа ти си го направи... поважни ти се мноогу работи од мене ..
Ете ти се. Уживај во нив.
Не ме барај и не те барам. .
Мене како ќе ми биде.... Тоа само еден Господ знае .
Би сакала да те видам среќен, да слушнам дека еден ден си станал посветен сопруг и добар татко. И не се сомневам во тебе, одсекогаш си грижлив аамо не искажуваш.
Покрај лошите ми оставаш многу добри спомени..
Да бидеш заборавен.. никогаш, но да оставам уште да ме газиш.. не можам.
Ме искрши пепел ме стори.
Не можам..
Се надевам дека овој реферат ќе биде последен кој тебе ти го посветувам...
Фала ти за сето добро.. Фала ти и за лошите предадени лекции. Беше добар, некогаш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina, Lizbeth and Lady*

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Сакам да ти кажам дека те љубам, сакам да вреснам, да те имам, да те допрам, да те прегрнам и никогаш повеќе да не те пуштам.
Ех кога само и ти би го сакала истото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lizbeth

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Не, не те сакам повеќе.
Тоа што те има наоколу е нешто друго.
Тоа што те пронаоѓам во песните, во туѓи очи не значи дека те сакам.
Тоа е нешто друго.
Тоа е од љубовта полошо.
Тоа е навика..