Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Милион прашања, нема одговор.
Никогаш не остана да ги одговориш.
Никогаш не замина без да оставиш уште три тона прашања.
А, ми требаше.
Ми требаше да ги соберам парчињата и да се составам повторно.
Ми требаше да ме утешиш и да кажеш дека се ќе биде во ред, макар и да ме излажеш.
Сеуште ми треба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Почнува да ме фаќа страв, паника..
Каде си? Како си?
Зошто ме оставаш да не знам на што сум.. Зошто не ми речеш барем доста е па ќе знам дека не си мој и ќе се борам сама со себе..
Мој си а не си.
Лик не сум ти видела со денови..
Ми требаш.. Ми дрхти цело тело, ми треба силна прегратка..
Дојди да ти го поставам тоа прашање, да сфатиш колку ме повреди и на крај да ми признаеш...
Болиш...
У .!.фати болиш!!
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ми недостигаш.
Мемориите на моментите поминати со тебе се како мелем за душава.
Некаде слушнав дека во староста ќе ни останат само спомените.
Епа ми остави насмевка на лицево,која ќе ми го краси лицето тогаш. Некогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Kisserboy

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Седам на балкон и си ги врткам низ мислите сите мигови минати со тебе. И се смеам, на глас дури се смеам оти со тебе поинаку не може.
Среќичка си моја знаеш ли? Среќна сум како никогаш знаеш ли? Те љубам повеќе од бескрајот знаеш ли?
И знам дека знаеш, ама секогаш ќе ти кажувам насмевке моја. Ти ми вдахна живот откако се појави, ти си моја светлина, мој дримкечер во ноќите.
А оваа фалиш, многу ми фалиш и ми требаш до мене. Почнав дури и со мачето да си правам муабет. xD
И утре кога ќе ти кажам знам ќе се пукнеш од смеење а јас само ќе уживам слушајќи те. Те љубам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Ruski voz - Bajaga & Instruktori:

Ја слушаш нели? Секогаш кога ќе се искаравме ја слушаше..
Сношти песнава ме одра.. Ме уби и ме восхресна..
Посакав да си покрај мене и силно да ме гушнеш ко последниот пат.. Со денови посакувам да ми се појавиш на работа со она твоето -добар ден млада дамо..
Уште ми зуе гласот в ушиии .. Топлината на твоите раце, мекоста на усните..
И ме пече, ме боли.. Ме уби
Никој не може да примети дека нешто ми се случува и нема..
Последен ќе си што ќе ја видиш тагата во очиве.. Ама многу ми требаш..
Дај појави се и само признај дека згреши....
Ништо друго не ми треба, ќе те гушнам, ќе те грсбнам.. Ќе уживам со тебе...
Сепак искрено те љубам и мој си знам..
Ми недостигаш
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Посакувам да ме сакаше мене некој толку многу како што јас те сакам тебе. Или како што ти го сакаш него. Не те обвинувам, воопшто, секогаш она што не можеме да го имаме е поинтересно. Мене можеше да ме имаш кога и да посакаше. Не, не те обвинувам, всушност жал ми е за тебе. Да имаш се на светот, да имаш некој како мене кој те сака толку многу... Јас се обидов. Мислам дека и авион да ти купев, тебе немаше да ти биде доволно. Можеби е чудно, но не го мразам ни него. Победи. После се што ти направи, ти сеуште лудуваш по него. Му завидувам, но тоа е една позитивна љубомора, зошто те има тебе. Посакувам да можев да бидам како он, да те имав тебе. Криво ми е затоа што знам дека никој нема да може да те сака како што те сакав јас. Криво ми е затоа што еден ден ќе го сфатиш тоа и самата, но тогаш најверојатно ќе биде предоцна.
Дали сум луд затоа што сеуште се надевам дека ќе ми се вратиш?
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Добро интересно ми е да, признавам.. Смешно и слатко е што се трудиш да оствариш некаква комуникација со мене .. Пишуваш без веза, едно исто прашање го поставуваш по двапати... Ама доста е.
Веќе е глупаво.. И не плаши се, јави се.. Да нема да бидам памук мека ама нема да бидам и сурово груба.
ќе се однесувам онака како во моментот ќе почувствувам.. Ќе ја отворам темата заради која цела ебена недела не знаев кај си како си...
Баш си мислев дека си Херој улице .. А уствари од соба само на работа и пак назад..
Дај јави се.. Доста е веќе
Те сакам
 
Последна промена:

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Гушни ме сега кога сум ти никој.
Оживеј ја душава, ми должиш барем толку.
Не верувам веќе во предоцна.
Разбуди ме од осаменоста.
Изгори ме уште еднаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
И не схватам, шта нам се дешава..
Недостаје ми рјеч која решава..
У теви је нека тајна остала.. Сто извора, нигде обала..
Додирни ме сасвим случајно, пољуби ме филмски нестварно и најљепше кад је престании..
Окрени се. И нестани

Ако веќе заминуваш замини засекогаш.. Замини и веќе не враќај се. Не прогонувај ме со малите окици те молам..
И дојди сам.. Не ми ја носи мајка ти.
Дојди сам како што сношти дојде на сон кај мене и не оди веќе никогаш..
Лажи ги сите и овде како таму. Лажи ги за да останеш со мене во кланичено и гушкај ме...
Сепак ми недостигаш сеуште