Ми недостига твојата сликичка на профилот,името во чет листата,бројот во телефонските повици...Ми недостигаше начинот на кој чекориш широката насмевка на твоето лице која беше последица на некоја моја глупава мисла....ми недостигаат плавите очи и сјајот во очилата претопен од уличната светилка...ми недостигаат долгите ноќни разговори,заедничките кафиња,последната цигара во долгата луда ноќ која си ја предававмеод уста во уста...ми недостигаш да се збуниш,да се налутиш(а лутач беше),да треснеш некоја зелена,да ме вдомиш во топлината на твоето тело...ми недостигаш кога излегувам на нашето место каде го пиевме нашето кафенце сокриени од толпата на луѓе која постојано беше љубопитна зошто толку големо неочкувано ,,другарство,,.......Само на сон ќе ми се јавеше колку да не ја заборавам бојата на гласот и ликот кој и без тоа не сакаше да ме напушти.......ми недостигаш се ме потсеќа на тебе....Ми недостигаш да ме поздравиш,да ме гушнеш,да ме стоплиш со зборови ........Ме прашуваа пред некој ден како ти е ти недостига ли,добро си вака,среќна ли си ??? Одговорив да среќна сум но тој е човекот кој дури додека сум жива нема да го заборавам, само не толку лесно ....Навистина поминува се заборава,но љубовта меѓу нас која никогаш не ми ја призна никогаш нема да помине .....барем за мене .