Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Glorija

Староседелец
11 ноември 2013
28
37
1,023
45
Сакам тивко, безшумно да ти кажам дека љубев и дека соништата со тебе ќе ги полнам, небото за миг го допрев, јас недопрена од тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaraFighter and Y1K991

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Понекогаш, само понекогаш, душава си наоѓа прозорче да одлета за миг некаде во твоите мисли, да танцува со тебе и да се врати среќна, препородена, да се насмевнува до крајот на денот. Тоа не можеш да ми го забраниш.
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
И така бидна. Двете тела не се споија во едно. Ама кого залажувам. Може ли скршеното да го залепиш? Може ли мајката природа од две да направи едно? Не!Само едно се разделува на две. И не ми кукај сега за тие иднини,глупоштини,за тие далечни хоризонти каде сонцето е месечина,кога се што ми докажа не беше симнување на ѕвезди,туку најбрз начин да изгаснеш нешто така исконско,така недостижно. Знаеше дека имам срце кое копнее по љубов,знаеше дека и љубовта е тежок поим со кој читанките во основно не сакаа да не соочат. Не ме гледај како штотуку да си се отелил на овој свет,не барај од мене да ти покажам дека ми е тешко,вистината е дека мојот среден прст ќе се дигне после нашиот пад. Ќе ме споредиш со секоја бивша,ќе се надеваш и дека идната нема да биде толку тврдоглава ко мене,но твоите манипулации ќе продолжат да живеат во нечие секојдневие,се додека нејзиниот грб не ти стане посладок од нејзиното лице.
Искрено се срамам што пишувам и што инспирацијата за истиот си ти. Ми горчи ко пелин на душата твојата промисленост,а моја празноглавост. Но како велат-од грешките се учи. За жал,јас покрај тебе научив само како повеќе да грешам. За следниот пат да биде безболно,но слатко како да е прв!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Y1K991

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
И некогаш кога тогаш ќе налетам на неа. Ко филм ќе ми прелета се` што поминавме. И ко за беља на сите тие што ми се мотаа по кревет, ниту на името, ниту на фацата не ми текнува. Сега да ги видам, пак би ги прошол за една вечер и би си отишoл ко да не ни биле тука или би останал ако ми е ќеф. Сеедно, брат. Од утре пак не се знаеме. Ама таа… Со неа не можам да издржам да го поминам истиот филм, а знам дека цел живот ко досадна реклама на рипит ќе ми се мота низ глава. Беше единствената за која сакав да бидам подобар, единствената за која сакав да се потрудам и единствената на која никогаш повеќе нема да и дозволам да ми се приближи. Затоа што љубовта е изговор на слабост, а победникот нема право на изговор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Дали е грев што секој момент мислам на тебе? Дали е грев погледот што ми е заљубен? Дали е грев кога ќе се сретнеме неочекувано знаеме и двајцата дека не ни е доволно едно "здраво"? Ако е грев Бог нека му опрости на срцето кое цел живот чекаше, некој како тебе да се појави...а знам дека истото и кај тебе e така...знам..
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
2 години од кога те запознав..10 Март во Скопје..Денот кога ми се смени животот денот кога за прв пат вистински се заљубив. Но сега после 2 години се е поинаку, после тебе животот е поинаков, без тебе не е ист...
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Имаше многу пред да каже дека биле доволно. Нападно,но минимално, со презир гледаше на минатото. Истите исвирени ноти што деноноќно не и даваа мир. Сите искази се сведуваа на еден..Скептицизам… Срце непробојно за куршуми,а издупчено од зборови. Зборови кои знаеја да и пробијат низ разумот како есенски ветрови. Како кашлица ги исфрлуваше,но како вирус и остануваа по телото. Она што те повредило не можеш да го заборавиш. Бледнее,гребе,удира,предизвикува,но не исчезнува.

Со отсутен поглед помина низ минатото. Постоеја секвенци на кои не сака да им придаде внимание. Но меѓу сите нив едно лице случајно,непознато за иднината,но добро познато на црнилото во душата ја запре токму во мигот кога реши да се врати назад,во оваа груба денешнина што не и донесе ништо повеќе од монотонија. Не ја пушти. Повторно го изви левиот агол на усните кон горе. И таа повторно падна на истата насмевка,како што паѓаше постојано, кога жедна за бакнежи се усидруваше до неговите пазуви. Беше непотребно да се вразумува со сомнежите што и плутаа,таа на срцето секогаш се ослонуваше. Дури и кога тоа ќе ја изневереше,пак наоѓаше причина да ја оправда сопствената наивност и да му се врати. Љубовта како слатка цреша,во подемот на нејзината препородба,цутеше и оставаше сладок сок околу усните,вкус што не сакаше да го избрише,се до следниот пат,се додека повторно не се заљуби. Но како дијареа ја спотерало секогаш да се вљубува во ист човек и секој доживеан нов почеток да има различен заплет,перипетија и кулминација,но веќе виден крај. Да,вистина бараше излез и никогаш не запомни дека враќањето во спомените е влез во пеколот. На погрешна врата тропаше и откако никој не и отвараше,сама решително,а со колебање,ќе ја завртеше рачката и таму пак… Запечатеното оживуваше. Беше цврста во ставот дека сака да ја плати цената на горката љубов,да се предаде на судбината и да се надева дека тие емоции ќе избледнеат,како платно изложено под силна сончева светлина. А надежта спрема стравот секогаш победува,но надежта е ефтина копија немоќна спрема оригиналот-одлука да ја земеш во свои раце и да ја создадеш иднината,макар од корен да мораш да ги откопаш старите болки и да ги пресадиш далеку од срцето. И како ронка сокриена меѓу жилавите влакна на неговата брада,седеше и чекаше. Гледаше се што не сакаше да види,но молчеше,зашто и покрај прочистените очи и белегот во срцето,вината за неспособноста да љуби други се зави околу нејзе како засенчен црвен фустан од бујните облини.

Узреана да љуби,да се помирува со тагата,а да живее во надежта проколната од едни неверни усни за кои незнаеше дали и се предаваат нејзе или веќе се ветени на некоја друга.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy and Y1K991

Yvette

Истакнат Член
26 јануари 2014
144
276
73
Ни јас самата не знам што сакам да ти кажам. Ни јас самата на себе не знам да си објаснам што чувствувам. Знам само дека ме боли. Многу ме боли.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: SaraFighter and Y1K991