Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Се чувствувам глупаво, како што кажа и ти ни јас не сакам повеќе денови како вчерашниот.Се изгубив без тебе, ете тоа ми прави ден без твоето присуство, твојот разговор, твоето „те сакам“..Денес иста приказна, уште не можам да бидам мирна се` додека не се појавиш и ми бидеш малку „лут“ поради вчера.Едвај чекам да ти надокнадам, знаеш дека знам како.Првиот чекор, ќе ти го пуштам Алборан да ти каже 2-3 збора :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Девојко. Само за да те гледам останав во оваа смена. Обожавам кога денот ми започнува со твојата озбилна фацка. Но најубаво чувство е кога го уловувам твојот поглед, а ти ја наведнуваш главата и се смееш.
Сум станал манијак овој месец :)
А јас глуп, незнам како да ти пријдам заради некоја идиотска невидлива граница наречена нација и религија. Која не е битна. Кога сум ти во близина, тресам глупости, се губам ко турист.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Љубов моја,

има ноќи во кои не можам да заспијам. Слушам како капките дожд паѓаат низ олуците и плачам. Не затоа што имаш некоја друга туку затоа што јас те немам тебе. Затоа што се немаме. А, можевме...

Колку многу можевме, м? Постојано истите прашања и постојано истата тишина која празно осамнува без ниту еден одговор. За да престанам да се прашувам треба да престанам да чувствувам. Но тешко ми оди. Се обидувам да ја научам новата улога која ми ја додели животот и постојано ја зафркнувам работата.
А ти љубов како се снаоѓаш?
Повторно некое апсурдно прашање на кое не можам да најдам одговор.
Се сеќаваш ли на онаа игра со прашања што ја игравме кога ни беше досадно. Легнувавме на под, ја ставав својата глава на твоите гради и почнувавме. Измислувавме будалести прашања и наоѓавме чудни одговори. На крајот секогаш ме прашуваше ме сакаш ли, а јас те прашував колку многу ме сакаш. Потоа долго се бакнувавме тркалајќи се на подот.


Сега ми е тешко да останувам сама на дождот. Секогаш ме стигнува тагата. Тогаш тивко го шепотам крајот на нашата игра и замислувам дека си тука. А, не си.
Каде си љубов?
Толку многу ми недостасуваш. ..



Со сето срце, М
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Се прашувам: Како ли да се искаже она чувство кога ти треба нејзината љубов за срцето да продолжи да отчукува?
Како ли да се пренесе на некоја личност мислата дека твоето постоење е детерминирано од нејзината насмевка?
Постои ли начин за да се искаже важната улога која ја има таа во твојот живот?
Ако постои.... би сакал да знам, затоа што некогаш мислам дека не успевам потполно да го пренесам сѐ што ми стои во градиве...
Некогаш се гледам во огледало и си викам „Патетичен еден!“, зошто?
Затоа што јас без неа сум патетичен. Ги изговарам најбесмислените зборови, ја пеам песната со најтажни рефрени, ја свирам најдосадната симофинија...
Да мила, мојата патетичност почнува во мигот кога во темнината не го гледам твојот лик, во тишината не го слушам чукањето на твоето срце, а во мугрите го нема твоето присуство...
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Prashina

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
"-И сега?-едвај еден збор процеди низ должината на ноќта.
-Сега,секој по свој пат.- апатично и се насмевна. Почна да гиба низ телефонот во целост занемарувајќи ја. Откако го доби тоа што го посакуваше,ја избриша од присуството. Сега постоеја само тој,светлината од телефонот и длабоките повлекувања од цигарата. Не ја удостои ни со прегратка. Таа прегратка која секоја ноќ и ја подаруваше ТОЈ,откако ќе се возљубеа до седмото небо. Оваа ноќ не ја доби. Можеби зашто возљубението го стори со некој друг. Некој кој не беше тој. А таа? Таа беше измамничка која со секој изминат ден ќе стравува и ќе се распаѓа. Ќе се плаши дека оној што ја љуби ќе дознае за неверството,а ќе се распаѓа зашто сторила недело.
И во овој миг на сета таа идила стави крај. Ја извалка... Храброст е или лудост-да расипеш се што си градел за само една ноќ уживање. Убавина за тело,хорор за душа..."
 

SaraFighter

Староседелец
1 август 2013
178
479
663
Демек ретко на тебе се сеќавам,но не заборавам да се сетам дека на тебе не се сеќавам.
Искрена сум кога велам дека не те сакам,но не лажам дека умирам по таа шмекерска насмевка.
И се што ќе ти признаам ќе биде оној горд поглед дека си бил неважно парче од поплоченово срце,а вистината е душава по тебе останала калдрма.

За Ф....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Никогаш не можеш да изгубиш некого кому му ја посветуваш и му ја поклонуваш целата љубов која ја носиш во своето битие, таа личност сигурно го чувствува тоа и треба да е само будала за да побегне.А јас не сум будала, само те сакам повеќе од себе.