Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

LaraBubaMara

Полноправен Член
6 февруари 2014
14
30
13
Не се прави на “тошо“ знаеш дека ме нервира кога ке ми кажеш Ти кажав јас.
Барем ти ме познаваш па ми ставаш капак на нервите.
Да не ме потсетеше ти од кај јас ке се сетев оти сум згрешила.Од кај а,од кај? |(
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
1517429_734421983249833_1653021303_n.jpg
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Земи ја душава и понеси ја низ најскриените улици, на најмрачните места, во најголемите тајни. Сокрија од сите и насладувај се, смири ја во твојата прегратка и заспиј ја. Телото нема да ја бара. И никој нема да знае, и никому нема да му пречи...
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Ако замижиме пред се’ што бевме некогаш eден за друг - да, секако дека не се познаваме. Ако замижиме пред времето што остави дамки врз нашата внатрешна облека под која се криеме. Исто ако замижиме и на срцето твое кое од секогаш клокоти во тактот на ,,немам време”. Колку беден изговор, би рекол ти во твој стил. Љубов со времето. Љубов кон времето. Љубов низ времето, можеби. Сочувај го времето. И уште различни игри на зборови, пермутации и комбинации само да се замагли вистинското значење на кој, на зошто и на некогаш, нели? Сочувај си се ти како некогаш, а јас ќе се обидам да се сочувам себе за мене, денес. И целиот очај и целата надеж одекнувајќи низ громогласното ехо во моето заплеткано и конфузно ,,ако имаш време”. Твоите минијатурни дини одамна го напуштија мојот дел од песочниот часовник а остана прашината да помни. Исто и влажноста во воздухот која ми ја витка косата секој пат кога ќе заминеш и кога ќе ги отворам трепките во мојата ефтина соба.
Не, ние не се познаваме. Никогаш не сме се запознале претходно.
Ние сме неискусно искусни во ова сега.
Додека нашите очи се лепат на спротивните ѕидови само да не се најдат во меѓупросторот на историјата и денешницата, а ушите пробуваат да го дофатат разговорот на нашите заеднички познајници. Помеѓу нас молчат и се испреплетуваат сите собрани прстофати, сите наши лигави песни за кои би ни било срам да признаме дека ни се допаѓаат, сите ситни надмудрувања и жештината на плаците кои еднаш ја врежуваа страста на моите бледи рамена.
Не, не можам да станам и да заминам. Не. Колку повеќе ги стискаш капаците да заборавиш на тоа пред тебе, толку појарко се пресликуваат во твојата глава.
Ја земам шолјата и го угушувам срамот во горкиот вкус на кафето. Не затоа што кријам дека некогаш сум те познавала - туку затоа што сум дозволила, и потрагично, уште дозволувам да бидам заведена од една исклештена насмевка која не знам дали ме нервира или ме привлекува уште повеќе.
Јас не верувам во спонтаната леснотија на смртта на Големите чувства. Затоа ти ја давам сета љубов што преостанала во мене а немав доволно време да ти ја подарам. Лесно, како едно единствено ,,безвременско здраво”. Не зошто имам многу на залиха, туку бидејќи знам како е да ја немаш воопшто.
Распушти го тој мит сега, нека се прелее во полутрезна вистина од денес кон бесконечноста. Пушти го низ воздухот во оваа несиметрична просторија без стил.
Земи го шеќерчето душо, знам дека ти застануваат в грло спомените на нерафинираното и ладно цедено ,,Те сакам”.


Ќе ти раскажуваат еден ден како пишував за тебе, како го корнев секој напишан збор од мојата внатрешност, а сите освен тебе читаа за тоа…
 

*Mina*

Нов член
13 февруари 2014
19
9
3
Скопје
Вечерва ќе ми биде голем доказ дали навистина флертуваш,пушташ водички на страна и си неиживеан како што се сомневам овие месеци. Вечева ќе видам све ! Но те сакам јако...
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
посакувам да сум гостин во твоите мисли,
посакувам да сум вино во твоите усни,
посакувам да сум бисер во твоите очи,
посакувам засекогаш да останам во прегратките твои...
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Кога солзите ќе пресушат, срцето ќе се скамени, мислите ќе се замрзнат и небото ќе стежне над нас, дали тогаш ќе добиеме одговор на прашањата?