Како позната болка во градите,те чуствувам.Несреќните патат,а грешните љубат.Патешествие од стотици Збогум послани со трње од Прости ми.Одглумени воздишки и припиени стравови.Еднаш за навека оди си.Оди кога мене душа не ми дава да те напуштам.Што ќе правиш без мене?Подобро прашано-Што правев со тебе??Недостигот е емоција на отсутна телесност.Гревот да бидеш свој во присуство на некој туѓ го нарекуваат љубов.Зарем сме заљубени кога јас сум туѓа а ти конечно свој?И нели таа недополнета равенка,упростена од реципрочности и веројатности би значела дека ме љубиш?Знам веќе научив и како.Полесно е да бидеш сакан.Удобно е да се уседлаш во нечие срцеи се што се наоѓа внатре да присвоиш.Дојдов видов ама не победив,изгубив се што имав само заради тебе,за лудите ноќи за откачените муабети,за глетката на најубавиот град далеку во ноќта,за мирисот твој,за допирите твои за воздишките,за пицата,за страста која ја имавме,за магичните раце.....за се.....Зависноста што не приморува преку усни да се споиме се потчинува на отпорот.Наскоро ќе станеме отпорни на себеси.Меѓусебна одбивност спроти меѓусебна потреба.Нагоните брзо се надминуваат,а емоциите резистираат на потисна сила.Ти потиснувај ја љубовта и еден ден ќе те повлече кон самотија а јас ќе се обидам да не се вртам назад и да не те барам повеќе во мислите и спомените .....сепак веќе е залудно а до овај завршеток кој за мене е нов почеток да продолжам во животот е благодарение на тебе......на многу чуден начин ме сакаше дополнително во меѓувреме си имаше други за занимација а ,,ме сакаше,, сакаше да се бориме а не знаеше како,беше спремен на се уставри на ништо......неможеше да чекаш мораше да имаш друга до тебе и така секој ден различна а ,,ме сакаше,,...........хммммм Љубов на некој твој превртен начин никогаш не разбрав ......