Уште се мислам зошто другар ти преѓеска од нигде никаде те спомна, ми кажа дека си дипломирал, можеш да се наречиш доктор официјално. Немав помислено на тебе одамна, од нашиот последен разговор во далечниот февруари, кој не помина баш најдобро благодарение на мене, бараше да се видиме..ама не сакав јас...знаев дека ќе речиш да продолжиме, а јас мислам дека бев јасна кога ти кажав дека сакам да прекиниме, на фин културен начин..Не сакав да те повредам, напротив, беше супер дечко, но не беше изгледа таков маж како што ми треба, каков што сакам, ако знам што сакам... се обидував мислев дека ќе те засакам, ама не успеав..Најмногу мразев кога ќе бев сама излезена и кога ќе ги видев твоите другари како ме гледаат како некои волци и после тоа следеше информирање до тебе и знаев дека нашиот прв разговор другиот ден ќе почнеше „те виделе сношти, ме правиш љубоморен“ после кое следеше лутина и викање од моја страна...Не си го обожавам имево воопшто, ама ти ме викаше на таков начин со што почнував да си го засакувам името..и не верувам дека некој друг ќе ме нарекува така...мразев, а и се уште не сакам кога ќе здогледам некој твој другар, кој само гледа да не бидам со некој друг, а и да бидам, јас сум ти минато тебе, знам дека очајно сакаше да знаеш дали раскинав со тебе заради некој друг, ама не беше тоа...после тебе бев со друг...само еднаш..со машко од друг далечен град..не знам како се деси но бидна..ама ти не дозна и покрај твоите инофрматори...сепак многу ми е мило за тебе, знам колку те мачеа тие испити и ете конечно заврши, се гордеам со тебе, не можам да опишам колку сум среќна за тебе и да можиш да го прочиташ овај реферат нема да ти се верува...јас сепак имав убави спомени со тебе, ти посакувам се најубаво, честито докторе!!