Веќе не си ветувам дека од утре нема да те мислам и споменувам.
Така дочекав многу утра со мислите и чувствата интензивно насочени кон тебе.
Секако е тешко, секако си тука, вовлечен длабоко под кожава, скриен во срцето...
Еднаш ми рече засекогаш... ако на ова моево засекогаш мислеше.. во право си бил..
Еднаш ми покажа како е да бидеш чуван и сакан, ми покажа како сакам некој да се однесува со мене...
И како сега да се заситам со нешто далеку полошо од тоа, кога веќе еднаш сум го имала најдоброто?
Најлесно е да заминеш, а ти тоа најдобро го знаеш...