И сега кога ме гушна сакав никогаш да не ме пуштеше, засекогаш да останеме така.Не сакав да ме видиш како плачам,се чувствувам како слабак.Цела година не сум заплакал,зошто мораше баш сега да наидам на тебе?Знаиш ли дека кога ќе ме гушниш и кога ќе го осетам твојот мирис на ванила заборавам на сите проблеми?Во моментот сакам да си уште покрај мене,да ја галам твојата долга коса и да гледам во тие незаменливи очи.Ми требаш како дрога.Да слушнам неколку слатки зборови од твојте усни и да те допрам.Очајно ми требаш,толку очајно ми требаш во вакви моменти.И седам вака зјапајќи во твоите слики на фејсбук.Пак си ја ставила сликата со белото фустанче на профил,колку пати ти кажав дека изгледаш толку неодоливо во тој фустан?А сега исклучив се и пишувам само празни зборови тука.Зошто?За џабе.Нема да го видиш ова,а и да го видиш сигурно нема да ти текне дека сум јас.Зошто не можам во лице да ти кажам колку многу сум слаб на тебе? Понекогаш сакам ти да го направиш првиот чекор,да ми пријдиш и да ми кажиш дека ме сакаш.Не мора да ме сакаш,јас ќе бидам задоволен дури и ако само малку ти се свиѓам.Ама ти си популарна,ти си најубавата девојка на планетава,се разбира дека нема да си го дозволиш тој луксуз да ризикуваш да ми кажиш дека ти се свиѓам.Доста е,веќе петнаесет минути го пишувам постов.Солзите присушија,мислам дека си ја олеснив душата.