Би сакала да знаев да те сакам.
И кога ќе се разбудам првото нешто на кое ќе помислам да бидеш ТИ, а пред да заспијам тебе да ти ја поклонам последната мисла.
Зошто проклето боли кога си мислел дека знаеш да сакаш, уствари испаѓа дека не знаеш и дека не се појавил тој што ја заслужува твојата љубов?
Не, не сум егоист ниту пак полна со себе за да не погледнам некој и да мислам дека никој не е достоен за да го сакам, баш напротив, се плашам да засакам некој.
Се плашам, да не го засакам повеќе од себе и да се уништам...
Знам дека не боли ништо повеќе од тоа да сакаш некој, а тој да не ти возвраќа или уште полошо да го сакаш, а да го гледаш со друга.
Триста пресметки, калкулации и сомнежи, а вљубувањето не можеш да го контролираш, ниту да се одљубиш кога ќе посакаш.
Постои разлика помеѓу заљубеност и вљубеност.
Се плашам од тоа да не не засакам никој никогаш и да не умрам сама.