Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Понекогаш, некој некаде ќе те фати во зеницата од окото, па гласови ќе долетаат до мене за тоа како си и што правиш.. дали исто се смееш... или уште поубаво од порано...
Само јас ќе останам далеку од твоето срце, далеку од твоите мисли и допири... далеку засекогаш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Сакам да ти кажам дека џабе гледаш кога најбитното не го гледаш. Земајќи здраво за готово губиш денови а од мене одземаш моменти , битни моменти. Разбуди се !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Rosana and Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Не сакам да те изгубам.
Никогаш...никогаш...никогаш..
Но..
Дали воопшто те имам?
Дали воопшто те имав?
Или е оваа љубов производ на илузујата??
Што е?
Што беше??
Дали тоа говорам дека беше??
Сеуште е..сеуште е.
Сеуште ме боли помислата да те немам.
Сеуште го сонувам твојот лик и те барам насекаде околу...сеуште те бакнувам и љубам.
Сеуште е..И нека остане.
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Напишав цел реферат и го избришав.
Таман те заборавив и оп! - еве те. Како да сме се договарале. Добро е што беше подалеку од мене.
Не виде дека имав солзи во очите, не виде дека уште те има. Не виде.
А и да видеше, ќе се сменеше ли нешто? Не верувам.
Проклет да си. Проклет си затоа што ме прогонуваш. Проклет да си бидејќи и после се, уште те сакам.
Оди си од срцево! Оди си од мисливе! Не ми требаш! (те лажам - ми требаш, повеќе од се... ама игнорирај го текстов во заградава)
Остави ме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky, Redhead and Lena