Уште си тука.
Се затскриваш во хаосот на секојдневните случувања, избледнуваш во залезот на секое наредно сонце кое заминува, но тоа не значи дека те заборавив.
Секогаш има по некоја насмевка во која ја барам твојата, секогаш по некој пар кој се љуби и ме потсетува на нас, секогаш две дланки фатени една со друга во кои ги гледам нашите... и секогаш, без престан, истата тага која спие во срцево, истите солзи кои ја ослободуваат душава од тежината која ја носи...
Те љубам, љубов моја.