Понекогаш доаѓа среќа - Винка Саздова
''Се разделивме. Знаев.
Знаев уште пред тој да знае, пред да ја донесе својата одлука. И не прашувајте ме сега како, од каде навистина, како јас би знаела нешто што и тој самиот не го знаел? зашто не би умеела да ви објаснам. Исто ме гледаше, исто се смееше, со ист ѕунлив глас ми зборуваше. Ама имаше нешто во него и околу него, нешто како... ох, не умеам да го најдам зборот, имаше некоја тенка обвивка, некој кожурец, некоја далечина што го навестуваше крајот. Го знаете ли она чувство кога возови поаѓаат од станиците, бродови испловуваат од пристаништето, а вие стоите и ги гледате како заминуваат? Не, вие никого не испраќате, немате таму никој што очите ваши би ги земал со себе, нема таму никој за кој би тагувале, а сепак, таа тага е поголема од вистинксата тага. Ете така некако се чувствував.''
Не го напишав јас извадоков, ама како јас да сум го пишувала. Јас за тебе...