Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,479
9,164
1,683
Кушкундалево
Сакам да прашам... дали она што го гледам се вистински луѓе? Дали тоа се вистинските личности? Дали човештвото тежнее кон декаденција баш како што големиот Ниче го раскажал тоа? Дали човештвото заслужува да продолжи да живее или навистина е потребна некоја катастрофа која ќе не` збрише од лицето на оваа планета и нема да остави ниедна трага за нашето постоење? Сеуште не можам да разберам како луѓето постанале материјалисти до таа мера да се клањаат на книшка со напишана вредност. Како луѓето дозволиле да се случи тоа? Дали животов ни е борба со материјалната зависност или животот ни поминува вклопувајќи се во калапот од кој нема мрдање и ако малку одстапуваш ќе те стрпат во некој затвор каде што ќе гниеш? Дали навистина се потребни такви „правни“ системи за да функционираме?
Живееме еден шаблонски живот...сите сме само дел од нечиј калап, нечија замисла за светот. Имаш нешта кои се забранети и нешта кои се „гнасни“ на една страна и нешта кои се одобрени од калапот. Ако не го почитуваш тоа ќе трпиш ќотек и ќе те затворат во некоја лудница или во некој затвор. Ах вие големи „правнички“ умови кои го затрувте човештвото...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103

Колку и да се нештата тргнати во надолна линија, во лоша насока... Колку и вредностите да се искривени, изопачени, и навидум отидени во неповрат... НЕ! Ништо од тоа не може да е толку лошо за да се „оправда“ евентуална катастрофа и смрт на 7 милијарди животи, друже. :)
На крај-краева, и да оставаме „гнасни“ траги од нашето постоење, тоа е со надеж дека идните генерации ќе ја увидат „гнаснотијата“ во нив, и ќе се потрудат барем 1% да сменат нешто околу тоа. Тогаш ништо нема да е залудно. :)
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,479
9,164
1,683
Кушкундалево
Јас сепак сакам да завршиме тука. Не гледам дека е можен напредок. Ова што се случува е чиста декаденција и ништо друго. Демократијата е масовен убиец, ги уби речиси сите што постојат и ги уби оние што сеуште не дочекале да се родат. Целово функционирање на човештвото би требало да се смени. Единствено би бил задоволен од анархија, но тоа е далеку од возможно познавајќи ја човековата самосвест која речиси и да не постои.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak and TIGERWOMAN31SK
Статус
Затворена за нови мислења.