Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Меех, мразам кога ме мава ваков период, а не е ПМС.
Се` ми фали бре. Ми фали здрав разум, адреналин, акција, блискост, топлина, среќа, безгрижност...
Ми фали...љубов?
Не.
Ја имам на претек, за продажба на големо. Извира од секое делче од мене.
Извира, удира во бетон и се скаменува ко истиот.
Нема. Не постојат раце кои би ја спречиле да удри. Не постојат такви кои имаат доволно волја да ја задржат, да ја стегнат цврсто и да ја сопрат од одење во неповрат. Чисто се сомневам и дека постојат раце толку силни.
А таа си оди со секоја измината секунда, за наредната да се врати ко бумеранг и посилна од порано.
Удирајќи во бетонот прави пукнатини. Пукнатини што се полнат со болка и горчина, но мајчината пак ги надминува.
Проклетница! Толку е силна што може да ги разбуди и мртвите. Да ги разбуди за пак да ги легне во гроб заедно со остатокот од светот. Знае да издигнува и убива истовремено.
Јаде. Ги грицка најкритичните делови и се насладува со секоја нова пукната артерија.
А со тоа станува поголема. Голема до неиздржливост. Самодеструктивна.
И затоа, таквата љубов не успева, како и се` останато што е прекумерно. Како гумена топка преполна воздух.
Топката без воздухот е празна, а воздухот без неа е невидлив, но заедно создаваат перфектна убавина.
Тоа обично, згужвано топче, со секој вдахнат здив добива на живост, станува поголемо, поубаво, пошарено, поразиграно, но притисокот од воздухот се зголемува, а тие, неможејќи да се заситат еден од друг - продолжуваат, иако знаат дека ќе дојде до критична точка кога истото ќе ги убие.
И на крај пука, а при тоа пукање останува само остриот звук на болката да одекнува низ скинатите парчиња.
Да, топката може ќе се залепи и ќе гура некако понатаму. Повторно ќе се полни со воздух кој ќе и’ носи вибрации од љубов, но тоа нема да е истиот воздух, и спојот нема да е толку перфектен. Сепак залепените делови ќе се познаваат и низ нив ќе струи старата воздишка по тој загубениот. Оној што и’ покажал што е перфекција и истовремено ја уништил.
Наравоучение? И од премногу боли глава.
Сакајте умерено, но долготрајно. Умереноста важи и за се` друго во животот.

Се извињавам за “поетскиот“ занес и “врвните“ метафори, ама морав да си олеснам, а не ми се одеше до WC.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Лол,дај некој да биде добар со мене и да ми понуди да преспијам кај некој додека не си отидат мајсториве...
Значи сакам да спијаааааааааааааааааааааааааааааааааам.
Ништо друго...
Мирен и убав сон.Аман -.-
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and parvati
Статус
Затворена за нови мислења.