Баш ми е криво што ова ке го напишам,но пополека ја увидувам причината ради која одредени членови се држат на страна од дискусиите.
Немам примедби околу темите за хуморот и играчницата,па и за оние теми низ кои преовладува дружење пропратено со хумор.
Таму се си е супер.
Но по посериозниве теми,ако човек си напише свој став,или ке биде цитиран а притоа ке му биде изваден од контекс она што уствари и го напишал,или ке улета некој коментар вон темата а со себе ке повлече доста такви коментари,и отиде јабана темата.
Ако некој го прочита ова,сигурно ке има и таков кој ке помисли,....абе луге шо ви е? Зошто го свакате толку сериозно форумот?....
Не е тоа за дали го свакаме сериозно или не,кога веке некој по инерција или не,од навика или од било која причина има потреба секојдневно да се уклучи овде,нека не се декларира дека форумов не станал сериозен дел од неговото секојдневие.А за она дали некој ке коментира сериозно или не,секој си коментира на начин на кој има потреба.
За себе лично,присутна сум и во хуморот и во онаа друга страна на форумот,според онаа класификација што ја направив.Се зависи од моменталното расположение,текот на моменталната дискусија,потребите во моментите кога седам на форумот па и од други околности.