Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Некој да ми каже зошто постојат личности кои се мешаат во туги врски?
Досадно им е?немаат интересен живот па ке уништуваат врска на мојата другарка ?
Ако сакаат занимација ке им купам играчки ама само да не уништуваат туѓи животи.
Аман бе луѓе,гледајте си во својот двор.
Ама ако дознаам кој зборел против нејзе јас лично ке му/и пресечам јазикот и ке го оставам во раце да си го гледа.
Во какви времиња живееме еј |-(
Завист. Тоа е еден од седумте смртни гревови.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Where are you from?!
-I'm from Macedonia.
-Moldavia???
-No, no Macedonia you know : Aleksandar Makedonski,Tose Proeski,Goran Pandev,Mother Teresa, Goce Delcev.
-Ouu yes i got it.. Macedonia.. Boki 13, Gulabica..?
-No,no Moldavia. :D
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Моментот кога сфаќаш дека влакната од опашката на твоето куче не се на своето место туку на подот.
Тоа изгледа како искубана кокошка, ти сфаќаш дека не те бива за фризер и додека се смееш на сопствената несмасност, тоа те лиже како да си му дал чоколадо, а не како да си го оставил без опашка...
Priceless!
Нема лутење, нема плачење, опашка е, ќе порасне. :giggle
Затоа сега макарончињата ќе ги поделам со него, а тато нека си зготви нешто друго. Цезар заслужи нешто вкусно денес.:sreken
 

Dolphine

Истакнат Член
25 јуни 2012
304
302
63
Минатава недела беше најдобра во мојот живот. Седум денови исполнети со дружба, забава, едукација. Одењето во кампот ми е најдобрата одлука што некогаш сум ја донела во својот живот. Се вратив преродена. Посвежа, одморена, смирена... :)
Кампот ме смени потполно. Се чувствувам како некоја друга личност. Многу мои мислења се променија, а и многу научив.
Толку многу нови пријатели, зближување, едно ново семејство. Различни карактери, националности, религии, а толку многу сличности меѓу нас. Сега се чувствувам потполна, иако многу ми недостигаат новите другарки... :(
Се на се, ова беше одлично искуство за мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: foREVer and melpomena

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
СДК веќе трет ден уживам на Пиво фестов, и криво ми е што денес завршува.
Но дефинитивно има(ше) прекрасна (иако на моменти пијана :giggle) атмосфера, добро пиво, фина скара, и пред се’, нормално, ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ!!! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma and WomanInRed

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Баш ми е криво што ова ке го напишам,но пополека ја увидувам причината ради која одредени членови се држат на страна од дискусиите.
Немам примедби околу темите за хуморот и играчницата,па и за оние теми низ кои преовладува дружење пропратено со хумор.
Таму се си е супер.
Но по посериозниве теми,ако човек си напише свој став,или ке биде цитиран а притоа ке му биде изваден од контекс она што уствари и го напишал,или ке улета некој коментар вон темата а со себе ке повлече доста такви коментари,и отиде јабана темата.
Ако некој го прочита ова,сигурно ке има и таков кој ке помисли,....абе луге шо ви е? Зошто го свакате толку сериозно форумот?....
Не е тоа за дали го свакаме сериозно или не,кога веке некој по инерција или не,од навика или од било која причина има потреба секојдневно да се уклучи овде,нека не се декларира дека форумов не станал сериозен дел од неговото секојдневие.А за она дали некој ке коментира сериозно или не,секој си коментира на начин на кој има потреба.
За себе лично,присутна сум и во хуморот и во онаа друга страна на форумот,според онаа класификација што ја направив.Се зависи од моменталното расположение,текот на моменталната дискусија,потребите во моментите кога седам на форумот па и од други околности.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Пред малку се запознавме со Sarah и бевме на кафе :D Ни во сон не би сонувал дека ќе се запознаам со некого на форум и башка на кафе ќе идеме а уште од исто место иаме потекло и нашите се знаеле. :D Случајност 1:2000000
Кажи и песната во позадина ептен ни се погоди :giggle
Ја да ви кажам на сите дека овој СНејп е многу фино дете, ептен ми е мило што го запознавме и се дружевме цел ден. :)

Се гледаме нареден пат и те чекам на гости.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Snape and melpomena

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Баш ми е криво што ова ке го напишам,но пополека ја увидувам причината ради која одредени членови се држат на страна од дискусиите.
Немам примедби околу темите за хуморот и играчницата,па и за оние теми низ кои преовладува дружење пропратено со хумор.
Таму се си е супер.
Но по посериозниве теми,ако човек си напише свој став,или ке биде цитиран а притоа ке му биде изваден од контекс она што уствари и го напишал,или ке улета некој коментар вон темата а со себе ке повлече доста такви коментари,и отиде јабана темата.
Ако некој го прочита ова,сигурно ке има и таков кој ке помисли,....абе луге шо ви е? Зошто го свакате толку сериозно форумот?....
Не е тоа за дали го свакаме сериозно или не,кога веке некој по инерција или не,од навика или од било која причина има потреба секојдневно да се уклучи овде,нека не се декларира дека форумов не станал сериозен дел од неговото секојдневие.А за она дали некој ке коментира сериозно или не,секој си коментира на начин на кој има потреба.
За себе лично,присутна сум и во хуморот и во онаа друга страна на форумот,според онаа класификација што ја направив.Се зависи од моменталното расположение,текот на моменталната дискусија,потребите во моментите кога седам на форумот па и од други околности.
too much humor...no fresh blood :(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena
Статус
Затворена за нови мислења.