Сакам да кажам дека ми фали форумов. Неделава немам интернет дома, камион ни ја турна бандерата па сега дури средат човеците од кабловската има векови да поминат. И киснам кај другарка ми и ве читкам помлаце, не оставам да не ве следам
Ќе си надокнадам штом ќе ми го вратат интернетот.
Туку, наредна недела ми е колоквиумска а јас книга со мал прст немам чепнато. А богами и на предавања ретко се свртувам. Не знам како ќе поминам
Оставете ми поздравени, а јас одам да си го испијам кафенцето што ми го свари другарка ми