Старец на смртна постела си го вика синот да му даде последен совет и да му остави аманет. Старецот му дава 2 кутии на синот бела и црна и му вика црната кутија отворија кога ќе ти биде најлошо и најтешко во животот а белата кога ќе ти биде најдобро и најлесно во животот.
По некое време старецот починува ,синот запаѓа во тешка криза ,ги изгубил сите пари,жената го оставила му било многу тешко. То
гаш решил да си го послуша таткаси и земал и ја отворил црната кутија.Во неа имало ливче на кое пишувало ''Ова ќе помине''. Така и било по некое време синот добил нова работа се смирил со жената ,купил нова куќа работите му тргнале на добро и тогаш решил да ја отвори и белата кутија. Земал ја отворил и во неа нашол ливче на кое пишувало ''И ова ќе помине''.