Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Толку од моето „Филм, па на спиење.“
Не, не и не. Место не ме држи. Си го изгледав Foster и сега...
Толку сум станала емотивец што се’ ме погодува? :eek
Се смеев, плачев, се радував со нив, ми го стоплија и испокршија срцето истовремено.
Мислев само филмање е да си седнеш со грицки и паломи (ок, влажни марамчиња) до тебе и да се соживуваш. Ама не бре!...
Стотици филмови со трогателни содржини имам изгледано и сум останувала рамнодушна, а сега едно толку обично филмче што навидум треба да е комедија, толку да ме пецне... :x
Малото е сонце, си сакам бе вакви приказни, сакам да верувам дека постојат. Сепак, секоја фантазија е плод поттикнат од вистинит настан горе-долу. Ама ако!
Пратете ми и мене такво ангелче! Не мора да е во човечки облик, и лајнарка нека е, само среќа нека носи.
Сакам за ден-два, недела, месец, кога и да е, и мене нешто неочекувано да ми го смени целиот тек, да ми внесе нова надеж и ведрина, нова радост. И за чудо, верувам во тоа. За прв пат после долго време, имам некоја радост што ми го дрма срцето.
А од каде? Како? Зошто? Врска немам. Всушност, се’ се урива врз мене во најлош можен период, на секој можен начин, ама за живо чудо црпам некоја сила од непознати извори.
Кој верува, демек дочекува. Challenge accepted. (muscle)

Едит: Да не пишувам ново мислење. JaMi тоа до лајнарките ќе да е. Имаат исцелителска моќ. (wasntme)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and melpomena

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Стигнав во Скопје за некое време ке одам со асистентот да се испокараме и накај 6 саатот да си тргнам накај дома:D:D:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma and Kitty

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
сдп не знам како да ти кажам али стварно не сум заинтересирана,премногу сум скршена за да влезам во врска... те молам разбери !
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Сдк дека после дождот доаѓа сонце. Не е битно колку пати си паднал, битно е да станеш и да продолжиш понатаму.
Само еден збор и една прегратка ми се потребни за да ми ја вратат силата. Убаво е кога знаеш дека некој верува во тебе кога ти си ја изгубил довербата во себе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.