melpomena го покажувам вистинското лице??? Драга моја, имам многу лица јас и ниедно не е вистинско - замисли си секое мое мислење е само друга страна на мојата (не)созреаност.
Признај си на себе си дека уживаш во пишувањето свои мислења
секаде каде што има па и нема простор за тоа.
Ние другите одамна го знаеме тоа. А во неколку наврати сум кажала дека мене тоа не ми пречи.
Додека ти ме напаѓаш велејќи дека си го покажувам своето вистинско лице и дека се оградуваш од кажување каква сум јас секогаш јавно сум кажувала дека форумов не е црнобело ако те нема тебе, сто пати сум ти кажала браво за мислењата, сум те пофалила и подржала и еднаш кога кажувам нешто спротивно од тебе ти пишуваш цел роман за тоа колку јас не чинам.
Ако не чинам - нека не чинам, и тоа е добро.: ))
И секако дека се сфаќам како што сакам, исто како што секој може да го прави тоа, исто како што секој има право да го кажува своето мислење.
А
slb_bobo јас не реков дека мене некој ме навредил. Само сакав да пишам тоа што пишав. Немав намера да навредам или испровоцирам некого. Сакав да забележам дека мелпомена ја има секаде и дека иницијативата на шмекси е за поздрав.
Несакам да се конфронтирам со тебе од причина што фејс ту фејс си ми многу мил, вака на форум можни се конфликти
: )
Нема потреба да се служиме ни со навредливи епитети а исто така нема потреба ни од драгости кои се неискрени.
Не сум приметила некои си пофалби за кои читам низ постов,за тоа си има можеби и некоја причина а можеби нема ништо,кој знае.
Кои се тие места каде треба да се има простор и каде што нема простор?
Не си ми јасна Марија...зарем ова не е форум и зарем не секој има право да си напише свое мислење во соодветна тема?
Сакаш да кажеш дека немав простор да го искоментирам постот на Шмекси?
А зошто?
Само заради тоа што не го исплескав по рамо кажувајки му,браво Шмекси,најди и работа на девојката како келнерка?
Зошто да биде келнерка,ете нека биде продавачка на лиснати теста,нека биде презентерка на било кави производи...нека биде било што.
Друга работа што ја уочив на тој пост е дека девојката му кажала дека за да стигне до дома требала да потроши 150 денари за пат,значи ете да претпоставиме дека си оди со такси,а доага со автобус кој ете пак да претпоставам може е 50 денари.Значи се вкупно се 200 денари.За 300 денари дневница попрво ке садам зелка во дворот,ке продавам на некоја тезга на пазар,може нема да сум нашминкана и на топло ама нема да работам на место каде што се поголеми шансите некој да ме фака за гз.Иначе да нагласам дека јас имам работено како келнерка,газдите може го побарале индиректно тоа од мене,но ако некој се покаже добро на друг начин во својата работа и доколку си заземе свој став околу некои работи,никој неможе да го уценува(мада има исклучоци).Па крај краева ако ме бива толку ке си најдам друга работа.
Исто така и во првиот пост напишав,како тоа тој толку лош газда и дозволува на девојката која е толку чесна да седи со гостите за време на работно време и да плаче пред нив жалејки се од него?
Ајде да претпоставиме дека не бил во моментот таму.Но доколку таа е толку добар работник и доколку не сака да го прави она што тој го бара,зошто таа едноставно не си остане максимално професионална и не ја напушти работата туку се жали на луге кои се за неа само гости?
Ако не друго,ако толку ја бивало со самото давање на отказот газдата можеби ке ги свател квалитетите на девојката и ке ја врател назад.
Но ова се само претпоставки кои не сакав да ги разглобувам,почитувајки ги намерите на Шмекси а имајки ги во обзир и неговата наметливост како позитивец а и толку "бескрајните позитивни карактеристики" на девојката,само заради почитта дадов свој совет дека не треба да се бара работа само како келнерка.
Но како кој ке ми ги свати моите постови Марија,тоа си е нивна работа,во случајов твоја.
Баш заради она што јас не читам личност туку постови,напишав и дека ако не се моите постови во сите други што јас ги имам прочитано си кротко девојче и интелегентно морам да напомнам(и навистина го мислам тоа без разлика на твоето мислење за мене)кое не се оптеретува со размислувањата на другите,но ете моите те заинтригуваат а мене тоа воопшто не ми смета,па дури и кога погрешно си ме разбрала
Марија,ете јавно ке напишам,тоа што кај било кого не ми се допага или не сум истомисленик секогаш ке си го пишувам,по рамиња нема да ве тапшам од причина што лице на никого нит сум правела,нит ке правам.Бар ке си знаете на кого што му мислам.А било кој како сака нека си го свати тоа.