melpomena го покажувам вистинското лице??? Драга моја, имам многу лица јас и ниедно не е вистинско - замисли си секое мое мислење е само друга страна на мојата (не)созреаност.
Признај си на себе си дека уживаш во пишувањето свои мислења секаде каде што има па и нема простор за тоа.
Ние другите одамна го знаеме тоа. А во неколку наврати сум кажала дека мене тоа не ми пречи.
Додека ти ме напаѓаш велејќи дека си го покажувам своето вистинско лице и дека се оградуваш од кажување каква сум јас секогаш јавно сум кажувала дека форумов не е црнобело ако те нема тебе, сто пати сум ти кажала браво за мислењата, сум те пофалила и подржала и еднаш кога кажувам нешто спротивно од тебе ти пишуваш цел роман за тоа колку јас не чинам.
Ако не чинам - нека не чинам, и тоа е добро.: ))
И секако дека се сфаќам како што сакам, исто како што секој може да го прави тоа, исто како што секој има право да го кажува своето мислење.
А
slb_bobo јас не реков дека мене некој ме навредил. Само сакав да пишам тоа што пишав. Немав намера да навредам или испровоцирам некого. Сакав да забележам дека мелпомена ја има секаде и дека иницијативата на шмекси е за поздрав.
Несакам да се конфронтирам со тебе од причина што фејс ту фејс си ми многу мил, вака на форум можни се конфликти
: )