Се прашувате што и како кога некој бивши ќе ви пристапи и оддеднаш ќе почне муабет со вас?
Ееее мој драги...
Кога го бараш, кога одиш во секој можен кафич, кога трчаш некаде штом некоја другарка ќе ти соопшти дека го видела. Тогаш го нема.
Но, по некоја мадафака игра на судбината, дооолго време откако ќе престанеш да го бараш, тогаш ќе најде да се појавува секаде. СЕКАДЕ!
Кога одиш во супермаркет.
Кога шеташ во парк.
Кога одиш на кафе.
Кога излегуваш во дискотека.
И тогаш со пијалокот во рака, доаѓа насмеан, како да заборавил колку е заебан и колку ти го направил тебе животот заебан. Доаѓа со искована техника, те фаќа за половина, ти шепка на уво колку си се разубавила, колку си привлечна и секси. И додека ти пробуваш да го рационализираш муабетот, додека пробуваш да сфатиш уат д вак ис гоин он, тој веќе ти фрла комплименти како да заборавил што се направил. Но не. Годините си врват, пријателите си фатиле девојки, имаат сериозни врски, а самотијата во друштвото боли како сол на рана. Ти фрла бомби како си совршена девојка, како секое машко би било среќно да те има. Како да не знае дека во минатото тој бил тој "среќник". Но, не. Не е повеќе несериозен студент на кого секоја девојка разширува нозе. Сега е маж, без работа, кој зависи од мама и тато. Сфаќа дека девојките кои му ширеле нозе, сега ќе шират на некој со најново BMW, плата со многу нули и стан опремен по најнова мода. Сфаќа дека тој јебо кој мислел дека е, постои само во неговата имагинација. Дека си режира филм кој сам си го гледа.
Тогаш сфаќа дека никоја друга нема да го става и него во обзир кога планира нешто. Дека никоја нема да пешачи со него и да го слуша. Дека никоја нема да го теши кога му е тешко. Дека никоја нема да се труди, да му го вари најубавото кафе, да го гали, да го бакнува со душа, а не само со уста. Да го гушне и да му крцне коски. Сфаќа дека ниту една нема да може да го има твојот мирис. Дека ниту една не сака да води филозофски разговори со него. Дека нема друг кој ужива во класична музика, дека нема друга да го скокотка како тебе.
Очекува дека може да замижеш на тоа што во меѓувреме тој се исплескал со кој знае колку други. Очекува дека истите "фраерски" техники ќе работат на тебе. Очекува дека ќе ти биде океј што знаеш со кои се мифки заминал.
Не нуди извинување за причината поради која што раскинал со тебе. Не се извинува за тоа што тогаш бил многу млад за да сака озбилна врска, дека сака тој да дупи настрана а ти да чекаш. И така од рани до средни па и доцни дваесетти. Тој лудо го живеел животот, ебел се што носи сукња, а во меѓувреме сфатил дека не е само тој што ја дупи неа. И тогаш, волфрамовата сијаличка светнува. Сфаќа дека ако останел со тебе ќе имал здрава врска и човек кој го почитува. Но не. Секое девојче со два грама мозок не цени машки курви.
А кога не покажуваш интерес, доаѓа некој негов другар, насмеан од 6 до 6 и те прашува што правиш. Како да го боли полов орган што правиш. Сака да дознае колку си "очајна", дали сечеш вени по него, дали уште си ги црташ во срце вашите имиња. Да не заборавиме дека ти кажува доколку некој те задева, него да му кажеш, да го среди.
И девојчиња, смотани како што не дала мајка природа, ќе се замислиме. Па почнуваат да се борат ангелчето и ѓаволчето во главата, како можеби е сменет, како можеби конечно сфатил што е добро за него. Не, не е созреан, уште е тиква која што мисли дека со пијалок и шепотење на увце се средува и се простува се. Уште мисли на вас само кога му е дигнат и кога хормоните му удираат во глава. Пак да се појави некоја ефтина, со деколтето испрчено и да се наведне "несакајќи", пак кај неа ќе замине, оставајќи ве вас повредени и размачкани со маскара од солзата што протекува.
Доколку се најдете во ваква ситуација, не потклекнувајте. Удрете му една сочна пцовка и заминете си. Бидете силни, бидете жени со големо Ж. Заслужувате машко кое ќе ве третира како кралица, кое ќе ве гушка и потсетува колку сте среќни што се имате еден со друг. За такви мивки, само мивки се кроени. Таквите треба со таквите да завршуваат. Вие не морате да си ја намалувате интелегентната острина и да се прилагодувате на параметри на некоја машка к***а. Свртете се, нека цел живот му е криво што испуштил девојка како вас. Вие сами си одлучувате дали ќе сте приоритет некому, или издувен вентил.