Секој ден учам по нешто ново. Корисно или не, не се промакнува.
Секојдневно среќавам луѓе очајни да си го покачат социјалниот и економскиот статус, да се допаднат, да бидат унапредени, ништо ново и ништо страшно, човечки инстинкт, ако може да го речеме така, ама посебни ми се оние со окупација да (за)владеат со интернет просторот.
Колку прекрасни суштества постојат што со леснотија и мерак ги читаш и чии мисли ти се врежуваат и рефлектираат во одредени ситуации. Личности што голем дел од себе и својот карактер оставиле низ страни и страни, и тогаш се појавува некој предвреме изваден од рерна што од брза нога сака да се изгради ко некој уникатен лик, користејќи се со вдахнатата душа на претходно споменативе.
Ај, да не пишувам метафорично, не ми иде...лонг стори шорт, влијателниве намалете малку со бесрамно собирање туѓи фрази, па и цели параграфи и пласирање на истите ко свои по други места за да испаднете интересни. Не зборам за нешто мое, без душебрежнување, само е смешно да налеташ на познати стилови и ликови што ги знаеш, и едниов на едно место да е едно нешто, а на друго место си чешкаш глава што бара Б на акаунтот на А, кога се сосема различни карактери. Ама секој со разни реалности и соништа, шта чеш.