Сакам да кажам/Сакам да прашам

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Денес приметив нешто...
Во првото полугодие јавно го навредив старото друштво, па отидоа да плачат кај класната...
Кога отидов таму, класната ме праша зошто сме се скарале...Кога и одговорив, ми рече „тоа мене не ме интересира“... Не ми влегува во главата зошто ме праша ако не ја интересирало...
Ви се има случено слично нешто?
Кога ќе се сетам, секогаш кога некој ќе ме наклеветел на класната ми се случувало истото...:D
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Зимуска купуеш мајце, за иљаДарче пет мајце, исти тија мајце летоска едно кошта деветсто : ) Добра логика, зимски попуст за безгрижно лето
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
СДП Луѓе да не има некој што студира на природноматематички факултет? Ако има да потпрашам дали е лесно,какви предмети, смерови и така натаму. Однапред фала :)
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
:cool:
1426491_10201962662524810_1140464997_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ми доцни возот, ама да се надоврзам на муабетот од сношти.
Џабе ние се расправаме и залагаме, кога, барем според она што гледам, во друго лежи јајцето.
Не знам кој е главен на целиот ЦБ сајт, ниту пак кој ја води Фејсбук фан страната на сајтов, ама ако сте приметиле, кога се споделува линк кој води до форумов, тоа е секогаш кафе-муабет тема, тема од типот „Хороскопскиот знак кажува под кој агол мочкате во непарни денови“ или нешто поврзано со секс.
Какви темите - таков и впечатокот кај оние од страна. Нормално дека ќе се регистрира некој што паднал на газ од што му се свидел хороскопот, а друг само ќе преврти очи. Натака веќе знаете...:D
Се цели кон широки маси т.е. квантитет, дури тоа не се смени со споделување „покомплексни“ теми, нели, по цена на помал број посетители, џабе ни е.
И ти викам Миле... (wasntme)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сиромашен ни е форумов со теми.
А и да има теми,нема никаква дискусија.Добрите теми си стојат со по три-четири мислења и тоа е тоа.
Играчница,музика,поезија/проза и СДК се најактивни,а
тука нема никаква дискусија.
Бев едно време активна на кајгана.Растура форумот со теми и дискусии од секаков вид.
ЦБ е повеќе чил форум.
Релаксирачки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Не дека се сложувам со мислењето на Хоуп, но се сложувам. Исто како што се сложувам со мислењето на Еxistence околу поимот играчница. Има решение на нзс (да не се гледаат новите мислења од играчница/лимитирано постирање во истата). Може нешто од ова да се проба, мада скептик сум, затоа што познавајќи ја (иако скромно) денешнава интенрет багра со онаа пред 4-5 години е светлосни години поназат што се тиче дискутирање на ниво. Зошто кажувам багра? Затоа што денес секој има пристап минимум до едно ПС, ерго секој може да направи користничко име по форумите, квантитетот си го зема данокот, квалитетните „членови“ се потиснати од морето на полуписменоста. Да, за жал морам да искритикувам, но сме полуписмени, прво во интернет бонтон, потоа и правописно. И на крај од општа култура гледам секогаш се вадиме со изговорот „ако може петко зошто не може јас“. Наместо да тргнеме од себе каде грешиме, ние правиме грешки кои се оправдани во морето. Затоа не знаеме да пливаме.
Во ред е некогаш човек да се пошегува, но шегата е слатка по заморниот ден, не кога немаме ништо попаметно да правиме. Исто и со мислењата во играчница. Не е интересно ако константно се спама во тие теми, додека другите остануваат запоставени. Психолошки човек отапува од константното седење пред ФБ/форум, а да не зборам па интелектуално. Наместо да го користи форумот како место за информирање, во последно време се` повеќе се претвара во ФБ заедница/заедници. Зборам општо за форумите, не само тука. Разонода има мал милион начини но гледам дека во последно време се` повеќе се практикува само еден и единствен - користење на фб.
Форумот е интернет место,каде што дефиницијата е различна за секого.Односно секој различно ја дефинира.
Кај едни е место за опуштање,релаксирање односно забава.Кај други место за информации и дебатирање.Кај трети место за надмудрување и истакнување поради тоа што не е прифатен од реалната околина па пробува да си најде свое виртуелно местенце.
Секој, ама баш секој има право да го протолкува како што сака,во право се и Хоуп и Existence и Saladin...

Веќе и нормална работа ми станаа јавните критики,но Мелпомена е во право --Кога критикуваш ќе бидеш и критикуван и носи се со тоа...
Тоа е тоа... и како за крај би кажала дека не може никој да ме натера да пишувам нешто што очекуваат и сакаат другите да прочитаат,тоа што за нив е паметно за мене е глупо, па можеби и обратно,немаме сите исти мислења и размислувања,не бидете ограничени затоа што сум сигурна дека ни вие не сакате да ве ограничуваат...

п.с.Сал малку шега на твоја сметка :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and melpomena