Пошто сум човек што сака да каже се што му лежи на душа, не можам а да не замерам колку сме не фер, колку само драматизираме, критикуваме се и сешто, ништо не ни чини, тераме по свој некој замислен пат без разлика на правила, прописи или правдини. Може она што јас сега слободно ќе го кажам ќе биде искритикувано, нели јас како модератор не смеам да бидам искрена, морам да бидам лицемерна, да се смешкам и љубезно да ви објаснувам и објаснувам и објаснувам дека некое правило е прекршено и дека не е ова кај мене дома па да мене ми правите лошо или добро прекршувајќи или почитувајќи некое правило и воопшто мене не ме засега ако упорно терате инат на некоја тема-не ми терате мене не не, терате инат на оној форум за кој се буните дека згаснува, дека не е квалитетен и наскоро ќе замре скроз.
Е па луѓе, тука сум со 1000+ мислења за кои сметам дека горе доле сум дала најдобро од мене. Таа сум, прикажана низ неколку општи муабети, скромни познавања од областа на психологијата и другите "поозбилни" теми и 70% мислења на тема филм... Некој ќе ме прескокне, некој ќе ме прочита до крај, битното е она што мене ќе ми се случи кога ќе се искажам.
Форум. Место каде што се дискутира и дебатира на прво место. Извинете, ама за кафе муабети, поздрави, честитки и ракоплескања си го имате фб. И кога веќе се извинувам, извинете, ама ако напиши нешто повеќе не можете да го разберете пет месеци, нешто не е во ред со вас. Јас можам да бидам љубезна, но не и лицемерна. Еве љубезно Ви кажувам-читајте книги, поработете на речник, надоградувајте се, за кафе и бомбончиња ќе се најде време секогаш.
Значи мојот став за играчницата е јасен, ок е да се има нешто за разонода, ама што е претерано претерано е навистина, јас не знам како сами не се осеќате дека е доволно. Малку членови сме, дадете шанса на секоја тема. Играјте тимски и фер, никој не ве мрази, никој не ве ни познава. Само некој не сака да седи и да дава се од себе додека трети си го зеле на мајтап. Јас бар не сакам, и ќе трубам дур ако некогаш ако е можно ќе заличи местово на форум.
Да, не, мхм, се разбира и слично како одговор на теми... Мислам вистина? Будали се тие што седнале и напишале нешто повеќе? Не ви е срам на иста страна вашето да да стои рамо до рамо со нечие убаво извезено, оригинално мислење, со јаки и цврсти ставови, поткрепено со факти и лични заклучоци? Вистина не ви е срам? Не судам, не ми смета, само се прашувам.
И знаете што ужасно ми смета? Критика, предвидувања, жалби, поплаки од сите без трошка срам дека некој гледа дека вашиот придонес тука е сведен само на критика и уништување теми со ова не треба, ова треба вака, ова онака.
И не дека нема да си кажам пак што ми лежи на душа, само доволно е долг текстов, а ние не сме нели навикнати на долги постови, па да не ризикувам да бидам прескокната...
Ако ви е стало до нешто на кое дремете цел ден и цела ноќ, проработете на квалитет, нема само да го направите местово подобро, јас ви ветувам дека и вие на некој начин ќе станете подобар човек, побогат со повеќе искуства.
Проработете на себеси и помогнете форумот да живне со квалитет.
Аднете си се на фб, енергијата користете ја за дискусија за која не мора да имате диплома, не мора ни да имате којзнае какво мислење, а ни голем процент на интелигенција. Доволно е само да бидете свои и да имате свој став, па макар бил смешен и нелогичен. Ваш си е. И не ја злоупотребувајте играчницата аман ве молам!
И во играчница се пишува, ама не бидете член што само таму пишува.