Ми доцни возот, ама да се надоврзам на муабетот од сношти.
Џабе ние се расправаме и залагаме, кога, барем според она што гледам, во друго лежи јајцето.
Не знам кој е главен на целиот ЦБ сајт, ниту пак кој ја води Фејсбук фан страната на сајтов, ама ако сте приметиле, кога се споделува линк кој води до форумов, тоа е секогаш кафе-муабет тема, тема од типот „Хороскопскиот знак кажува под кој агол мочкате во непарни денови“ или нешто поврзано со секс.
Какви темите - таков и впечатокот за оние од страна. Нормално дека ќе се регистира некој што паднал на газ од што му се свидел хороскопот, а друг само ќе преврти очи. Натака веќе знаете...
Се цели кон широки маси т.е. квантитет, дури тоа не се смени со споделување „покомплексни“ теми, нели, по цена на помал број посетители, џабе ни е.
И ти викам Миле...
Форумот е интернет место,каде што дефиницијата е различна за секого.Односно секој различно ја дефинира.
Кај едни е место за опуштање,релаксирање односно забава.Кај други место за информации и дебатирање.Кај трети место за надмудрување и истакнување поради тоа што не е прифатен од реалната околина па пробува да си најде свое виртуелно местенце.
Секој, ама баш секој има право да го протолкува како што сака,во право се и Хоуп и Existence и Saladin...
Веќе и нормална работа ми станаа јавните критики,но Мелпомена е во право --Кога критикуваш ќе бидеш и критикуван и носи се со тоа...
Тоа е тоа... и како за крај би кажала дека не може никој да ме натера да пишувам нешто што очекуваат и сакаат другите да прочитаат,тоа што за нив е паметно за мене е глупо, па можеби и обратно,немаме сите исти мислења и размислувања,не бидете ограничени затоа што сум сигурна дека ни вие не сакате да ве ограничуваат...
п.с.Сал малку шега на твоја сметка
Можи да се напрај некоја финта некако со мозокот и да си ги избришиш трајно од меморијата,луѓе,настани,спомени....уставри да си селектираш само то шо ти одговара да си остани ????