Ги имам фатено. Трауматично искуство, не сакам да навлезам во детали.
Бев мал, ги видов, ја натерав мајка ми да ми вети дека никогаш повеќе нема да ги прават тоа (ваааажииии). Од тогаш ги немав фатено и спиев мирно навечер бидејќи бев убеден дека никад повеќе во животот нема да имаат секс (ваааажииии).
По неколку години, кога всушност почнав да осознавам повеќе за сексот, сватив дека на мајка ми ветувањето било лага. Сега сум свесен што всушност се случува во спалната на моите и немам никаков проблем.
Се случува понекогаш да ги зезам, да им кажам да се малку по тивки, да им кажам дека креветот им крцка... И се смееме.
Нормални сме, ветувам. Само многу либерално/слободно/отворено семејство.