Религијата е вистинска или не?

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Батали ги поповите и тие се грешници како нас.Како што и тие крадат така и ние некогаш сме посакале да украдеме или веќе сме украле нешто.
Не може јасно да се дефинира дали религијата е вистинска или не.Битно е дали ти веруваш во нејзе или не? Дали ти имаш верба кон нешто.Кон бога, кон нешто непознато, некоја сила, било што.
 
Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Батали ги поповите и тие се грешници како нас.Како што и тие крадат така и ние некогаш сме посакале да украдеме или веќе сме украле нешто.
Не може јасно да се дефинира дали религијата е вистинска или не.Битно е дали ти веруваш во нејзе или не? Дали ти имаш верба кон нешто.Кон бога, кон нешто непознато, некоја сила, било што.

па како што напишав погоре верувам дека има нешто мистично горе..незнам шо ама малце ми е апсурдно да мислам баш ко на видеото дека има некој невидлив човек...има нешто што ме тера да се осеќам убаво кога ќе влезам во црква и кога ќе ги погледнам иконите...за тоа сум сигурна дека ми е арно на душава...друго нешто вака шознам не сум осетила баш
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Шмекси

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Религијата, како и (скоро) се друго е измислено од човекот, независно дали било пред 5000 или пред 100 години. Тркалото го измислиле за поефикасен транспорт, пренесување на материјали, трговија и сл. Дрогата и сидата, за да се редуцира светскто население, ред со ред, за да не стигнеме до 100 милијарди за кратко време (така иде зборот), додека религијата сметам дека повторно е измислена од луѓето за нивен духовен мир. Христијаните, конкретно го поитуваат христијанството, кое почнало да се "применува" во римско време, за да тогашните луѓе, кои биле сиромашни, бедни, и да не речам а ќе речам прости, барале некоја утеха од тешкиот живот во тоа време (Life of Brian).
Библијата е повторно напишана, од човек (а од кој друг?) или од група луѓе кои преку т.не тогашна пропаганда сакале да проповедат, воведат почитување кон бог и Исус Христос, кој бил борец за правда во неговото време, и кој држел предавања низ плоштадите (така кажуваат).
Затоа секој има опција, ако сака да слави некој лик од тоа време или воопшто да не го прави тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
веруење у господ е една мисла која се појавува лично, не лично, колективно . итд итд
е сега
за да се задржи мислата, која не може да се докаже и потврди, долго време, за тоа е потребна КОРЕОГРАФИЈА
и така е родена религијата или јас како сто велам ВЕРОНАУТИКА
со помошта на кореографијата која е вид сценарио ( не либрето) мислата се задржува повеќе од 2000 години
појдовна идеа се црпи од теоремата ( тоа е библијата) , ама таа не може да се докаже за да стане закон, па се употребени ДОГМИ
а догмите се поставки за кои не смее да се ниту дискутира а камоли да се полемизира
.
заклучок
религијата е единтвено оружје со кое мислата за Господ може да се задржи повеќе него што било потребно
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Не верувам во Господ, верувам во логос - универзален ум, бидејќи низ живот ми се случиле низа на ситуации за кои не сум нашла рационално објаснување.
Верувам дека постои нешто зад материјалното, зад физичкото, но не во облик на стар дедо кој намќоресто гледа од небо, ниту дека оди по вода и воскреснува за три дена.
Погоре спомнаа за христијанско пребројување кое најчесто нема допирна точка со вистински верници.
Да се биде верник според Библија е речиси невозможно денес. Но придржување кон добри поуки кои ги носи Библијата е живеење по универзален принцип, кој го почитувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
еве шо вика дарко митревски за верата.. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=114121012267&id=13&setIzdanie=22480 супер колумна иако ви излгеда долга прочитајтеја супер поента има..
Овој што го вметнуваш во темава, ако имат благе везе што зборува, јас ќе се самозапалам на плоштад.
На секоја негова реченица имам контра аргумент. Ако си расположен копирај нешто од колумната ќе дискутираме.
Ако се декларира како атеист , не значи да ги омаловажуват верниците со неговите неверодостојни информации. Мене лично ми изгледа како под трип да е кога пишувал.
Друго, покрај што ја меша религијата со науката, ама астромонијата , астрологијата и метафизиката се премногу поврзани со некои религии. А како што знам јас религија се подразбира сите верувања (Христијанство, Ислам, Будизам, Суфизам, Деанизам, Бахаизам..... 100тици изми, скеинтолози, јеховини сведоци, евреи.. итн.)

Поготово тоа со дедо му мраз, од премногу неинформираност. Дедо Мраз е резултат на паганските обичаи кои религијата не ги прифаќа, односно произлегува од германските пагански верувања во богот Один, кој јавал на летечкиот коњ Слипнир кој имал 8 нозе. Со комерцијализација се трансформират во Дедо Мраз, како заштитен знак на компанијата.
И јас како Реми што кажа не верувам во господ, меѓутоа ја изучувам кабалата а тоа знаење ќе го искажам кога ќе се отвори тема.
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
The_Mayor не бегам јса од дискусија никогаш .....
Не, нема сега да зборувам за тоа дека од преубавите пирамиди на Ацтеките и Маите се леела невина крв во потоци, нема да зборувам за обредните сакатења на жената во племенските африкански култури, нема да зборувам за Абрахам, кој бил подготвен да го убие сопствениот син во својот верски фанатизам, нема да зборувам дека крстоносните војни однеле повеќе животи од чумата и колерата заедно, нема да посочувам примери за милитантниот џихадизам што го нагрдува лицето на исламот, нема да зборувам за ширењето на сидата во земјите на третиот свет како директна последица на римокатоличката борба против кондомите..

рече дека за секоја реченица имаш контра аргимент ... ај баш да видам шо имаш да кажиш за сите овие работи направени во име на верата и во име на невидливиот човек шо живеј во облаците?

секоја наредна вера што загосподарила со дел од светот била порестриктивна, поназадна и пототалитарна од своите претходници. Да не било така, не би се случило периодот што црквата го слави како „златна ера на христијанството“ да претставува најголемиот застој во човечката историја - статистички гледано, процесот на стекнување знаења и ширењето на човечките видици почнат во најраната антика брутално е прекинат и закочен во долгите векови што ја делат ренесансата од падот на Римското Царство. Количеството на знаења стекнато од просветителството до денес (цирка три века!) е илјадници пати поголемо од количеството на знаења стекнато во сите претходни милениуми.
и нешто окулу темниот среден век...
замисли си само доколклу не се случел тој застој на техниката и развојот во средниот век и доколку религиите не ги запирале научниците и големите умови да творат, можеш ли да си замислиш колку понапредна техника ке имавме денес...?
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
The_Mayor не бегам јса од дискусија никогаш .....

рече дека за секоја реченица имаш контра аргимент ... ај баш да видам шо имаш да кажиш за сите овие работи направени во име на верата и во име на невидливиот човек шо живеј во облаците?

и нешто окулу темниот среден век...
замисли си само доколклу не се случел тој застој на техниката и развојот во средниот век и доколку религиите не ги запирале научниците и големите умови да творат, можеш ли да си замислиш колку понапредна техника ке имавме денес...?
Ацтеките , Маите, Толтејците и Инките вршеле транс-пацифички патувања, што значи тие пелмина комплетно биле настроени кон математиката, физиката и астрологијата. Од тука потекнува фактот дека жртвите се последица не на верувања туку на замислена цел- експеримент.
Африканците, која религија ја имаат? Ме збунува нивната демографска структура, од христијани , многу божци, пагани, протестанти, кога веќе генерализираш пример, дај да видам од пообемна перспектива за кое племе потенцираш.
Абрахам за мене е непознат во религиите. Ако зборуваше за Абрахам Линколн тој се декларираше себеси како атеист. А ако се однесува на Абрахам од исламот не сум навлезен во таа религија не сакам ни да ја изучувам, но сепак постои некоја теорија како е тоа метафорично објаснато и колку има вистина во истото.
Крстоносните војни се резултат на темпларите, црквата е политика 90% , 10% верување.
Џихад се терористи односно тие не се верници ги погазуваат божјите заповеди на сите религии во кој ги има. Ако си верник прво што треба да припазиш претставуваат божјите заповеди, затоа не се верници, само терористи кои ја мразат америка, американците преку нивната комерциала ги селектираат како верници следбеници на џихар и имаат образ пред светот да извршат нивно елиминирање во јавноста , а светот да аплаудира за нивните убиства.....

Бегам на вежбање вечер или утре ќе продолжиме;)
Поздрав, секое добро.
 
Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com

Простете што ви улетувам во разговорот, ќе бидам краток. Ако тебе Абрахам/Авраам од Ур халдејски - сопругот на Саара, кој беше спремен да му го скине гркланот на син му Исака - ти е непознат во религиите, тогаш ти си немаш појма од религии. Да не беше Авраам немаше да има нити Јудаизам, а без Јудаизам нити Христијанство ни Ислам. Инаку за инфо, Абрахам/Авраам во Исламот е именуван како Ибрахим. Друго...Крстоносните војни биле резултат на Темпларите?! (lool) Ваквa кармакаша од историски периоди, настани и лица само Ден Браун и ти го можете. Провери си во книгите од каде ја црпиш твојата мудрост, ќе видиш дека Темпларите се резултатот на крсташките војни, а не обратно...За останатото немам некоја замерка оти немам појма што сакал авторот да каже, а се сомневам дека и тој самиот знае... Секое добро.
 
Тешки зборови извади.
Абе друже јас сум кабалист, и го негирам името Абрахам што го превзеле исламистите, затоа во контекс на името стои кој Абрахам- Абрахам Линколн или исламсиот Абрахам=Ибрахим.
Аврам е правилното име ќе дискутираме и за аврамовиот метод,и за Јудеа Ашлаг (Јуда)- кој ја уништил кабалата, и за петокнижието на истиот, имам напишано цели статии на друг форум за изучувањето на Аврам а не немам појма.
За темпларите многу повеќе ќе научиш во документарните и изјаснувањата на автентични професори од религиите , одколку комерциалата- бестелерот на Браун "Кодот на Давинчи". Со неговото површно читање ќе завршиш со имагинација како производ.