Реинкарнација

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Леле колку само јас еднаш бев пренесен по оваа работа.
Читав ден и ноќ за реинкарнација.
Причината зошто читав не е ни многу важна.
Онака само да дадам до знаење дека постоеше време кога ми се вртеа некои чудни непознати и нелогични податоци во глава.
Помина тоа време, дознав што дознав за реинкарнацијата, сфатиш што сфатив. Не е докажана 100% сеуште, ама дека верувам дека постои - верувам :)
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Верувам ! Енергијата не умира, само се пренесува на некое друго место или во некоја друга личност. Колку што знам секој еден има некаква мисија во земскиот живот. Доколку тој човек не ја исполни таа мисија ( дарма) во текот на својот живот , енергијата повторно се раѓа и се така во круг се додека не се исполни првичната мисија на тој човек. Верувам и во дежа ви и ми е прилично фасцинантно не само поради тоа што нели како да сме биле на некое место и како да сме го имале тоа чувство и од друга страна знаењето дека не сме биле туку поради фактот дека скоро секој еден го доживува истото. Сигурно сум била некој Даб или некоја врба во претходниот живот или алое вера (nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Lena

Dare

Староседелец
15 јули 2012
84
86
618
Баш денес на Социологија за ова зборувавме и јас верувам во реинкарнација. Професорката ни кажа дека постојат 9 реинкарнации на душата и после деветата душата умира , за да се пресмета која реинкарнација си се собира датата на раѓање и потоа се одзема од 9.
Пример
25. 09. 1994
2+5+9+1+9+9+4= 39 потоа 3+9= 12 од тука 1+2=3 ( фактички додека не се добие едноцифрен број) потоа 9-3= 6, значи вие сте во 6 живот и ви останува уште 3 пати да се реинкарнирате.
ПС Ова мислам е точно будејќи сум слушал како велат дека некои се сеќаваат од предходниот живот или како се чувствуваат како порано биле на истото место а мене тоа никогаш ми се нема десено ваљда затоа што мене ми излегува 9-9 што е еднакво на 0 шо значи ова ми е прв живот. :D
Колку само лошо ве учи професорката, ова по никоја логика не би можело да е точно од причина што денешниов временски календар не е точен. правилниот календар ги дели месеците на 4 недели и има 13 месеци, плус 25јули како вонвременски ден. И да го земеме овој каледнар со 12 месеци, првиот месец би требало да почнува со почетокот на пролетта.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Во карма сакам да верувам а во другото незнам дали верувам затоа што не ме интересира.
Дури да постои живот после смртта, дури и да постои реинкарнација, кога "Мало"" ке умре, ке умре засекогаш. Можеби мојата душа ке се всели во друго тело, ама тоа ке биде друг живот, друг човек, друга судбина...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Реинкарнацијата и задгробниот живот ми се тотално спротивни и нелогични.
Ако реинкарнација значи преселување на една иста душа т.е. енергија од едно во друго тело, а за во задгробниот живот се верува дека душата по смртта оди да живее таму некаде во друг свет...па...не знам што прашање попрво да поставам. Едноставно е невозможно да се верува и во двете тези, се косат една со друга.
Би одела со реинкарнација, зошто прифатливо ми е душата да е енергија која може да се “преселува“ и “патува“ од едно во друго место, отколку да се тешам дека дури починатиот гние, душата му ужива на некое фиктивно место.

Туку насловов ко нескафе е, 3 во 1. :D
Карма, реинкарнација, задгробен живот...ќе преименувам во реинкарнација само, гледам за тоа највеќе е дискутирано.

За живот по смртта т.е. задгробен живот, има друга тема. Иако оваа е постара, другата е стриктно на тоа прашање, па ќе ги оставам вака, се надевам нема љутиш:
http://forum.crnobelo.com/threads/Постои-ли-задгробен-живот.2230/

За карма ви е новоотворената на melpomena, и така овде речиси и да не е спомната.
http://forum.crnobelo.com/threads/Се-се-враќа-Се-се-плаќа.3951/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
28
Јас верувам во реинкарнација .а еве и детево го докажува сето тоа кое велат дека е реално James Leininger (nod)
11 - годишно момче од Lafayette во Louisiana, во минатиот живот бил James Huston и бил пилот во американската воена авијација.
Реинкарнацијата е возможна, затоа што ова дете се сеќава на сè од минатиот живот, како детали од раното детство, така и моментот кога умрел во морето, откога јапонската војска го погодила неговиот авион во близина на Iwo Jime на 3 март 1945 година.
Еве како гласи приказната за него од самиот почеток, приказна која до сега никој не се осудил да ја нарече лажна ,бидејќи во неа има многу детали кои тешко можат да се објаснат, кои и најголемите сомнителни луѓе ги остава вчудоневидени.
Откога го напуштил киндербет, James Leininger ја искажал големата фасцинација за авионите.
Имал само 18 месеци кога покажал дека ги познава старите воени авиони до детали, особено легендарниот F4U Corsair, вид на ловец во кој загинал Huston.
Кога ја наполнил втората година, детето почнало да пати од страшни ноќни кошмари и набрзо се докажало дека секоја ноќ ја преживувал својата смрт.
На своите родители тогаш по прв пат им одјаснил дека некогаш се викал James Huston, дека служел на носач на авион со име Natom, дека јапонската војска го погодила во моторот и дека животот му завршил во морето (деталите за тоа во видеото).
reinkarnacija-james.jpg
Неговиот татко Bruce, од првин бил скептичен спрема реинкарнацијата, потоа се дал на истражување и го однел синот кај преостанатите живи војници кои служеле на тој брод. И останал без зборови.
Откога малиот James ги видел своите стари воени другари, оние кои ги познавал ги поздравил по име.
Но ,тоа шокантно откритие не е крај на приказната. Родителите на детето ја пронашле и Anna Barron, сестрата на James Huston. Старицата брзо заклучила дека детето - е нејзиниот покоен брат.
„Тоа дете ми раскажа многу разни детали од нашето детство што одма заклучив дека тој навистина е мојот брат. На пример, тој се сети на нашите портрети кои ги нацрта нашата мајка, а за тие слики никој не знаеше освен ние двајцата„ - раскажа старицата.
Приказната за ова дете, неодамна е објавена во книгата „Sole Survivor„, а како што изгледа наскоро ќе заврши и на филмско платно.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Сакам да верувам во реинкарнација, едно зошто ми дава утеха дека нема целосно да исчезнам кога ќе умрам, јас и исто и луѓето што сме ги изгубиле и ќе ги изгубиме, друго пологично ми е душата да е еден патник што патува од едно тело во друго, отколку дека оди кај дедо боже на небо кај што ќе свири на харфа на облак над цветна градина или кај ѓаволот да турка камења по рид и вечно да паѓаат пред врвот..
Исто и за кармата, сакам да постои и секој да си плати за тоа што го сторил, или во случајот да го доживее на своја кожа!

Интересна тема, може да ми предложите и некоја книга или документарец...
 

VanHelsing

Истакнат Член
6 октомври 2013
72
58
118
27
Верувам. Секогаш кога гледам американски филмови добивам некое чудно чувство, нешто како носталгија и моите ми викаат уште како мал сакаше да одиш и да живееш во Америка и повеќе американски градови сум знаел отколку македонски. Чувството што го добивам кога гледам нешто американско неможам ни сам да си го објаснам. :unsure
 

Samara

Истакнат Член
25 март 2014
11
2
103
30
Го искажав мислењето за документарките и лудите научници. За кеш и за љубителите на мистерии перфектна е темата за реинкарнација. Не верувам во преродба на душата како што не верувам ни во рај и пекол.
Будизмот е фамилија на верувања и обреди распростанети низ светот. Верувањето не е филозофија.



http://forum.crnobelo.com/threads/Детето-кое-се-сеќава-на-својот-претходен-живот-видео.1556/