Еден од најрелевантните аспекти на хиндуизмот е верување во законот на карма, што значи "дејство" според кој единката се здобива со заслуги (пунја) или незаслуги (папа) за секое дејство што го презема. Рамнотежата меѓу пунја и папа, стекнати во текот на целото постоење на личноста, ќе го одреди квалитетот на животот потоа.
Кармата со која се раѓа секоја единка е резултат на наследните тенденции од претходните животи. Крајната цел на секое човечко суштество е да избега од тој бесконечен циклус на раѓање и умирање, што се постигнува со живот полн со позитивни дејства, со сознанија и со религиозна посветеност.
Дали се сложувате со ова верување на хиндуизмот за постоењето на кармата?
Се на се, додека правиш позитивни и добронамерни дејства во животот, токму таква ќе ти биде кармата, и обратно. На некој начин, кармата е вага која ги мери добрите и злобните акции на индивидуата и спореведува санкции.
Дали верувате дека постои карма? Како би ја дефинирале вие?
Дали сепак не постои карма, само случајности во животот?
Дали кармата има домино ефект? Можеби, кармата се пренесува од генерација на генерација. Со првото негативно/позитивно дејство направено во историјата на човештвото започнува кармата и предизвикува да се случи следното негативно/позитивно дејство.
Дали сметате дека кармата на една индивидуа влијае врз кармата на друга?