Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
БАЦИРАКА

Бугарски новинар ни испрати порака, дека треба да им бациме рака ако сакаме
да ни дадат благослов за влез во Европската Унија.

Давањето или примањето бакнеж е прастар обичај, сублимиран во љубовта кон
ближниот свој, изразување на топлина, чувства, пријателство.

Бакнежот си има Библиско минато уште од „Стариот завет“, кога Бог го направил
човекот од кал и прашина и со бакнеж му вдахнал нов живот, наречен „бакнеж на
животот“.

И покрај долгата традиција на бакнежот, некои народи и денес во својата комуникација
не практикуваат бакнување, користејќи при тоа други форми на мимикрија за изразување
на почит и емпатија кон другиот. Ескимите го тријат носот, тибетанците го плазат јазикот,
англичаните прават благ наклон, кинезите се поклонуваат еднозадруго, некои се допираат
со рамо, си пружаат рака и т.н.

Под бакнеж најчесто се подразбира „љубовен бакнеж“ помеѓу два спротивни пола (или
истополови, ЛГБТ заедниците), додека пак со симболичен допир на лицето може да се
бакнат пријатели, роднини, родители, деца, истомисленици и истоверници. Постои и т.н.
„општествен бакнеж“ кога се бакнуваат политичари во знак на лојалност. На императорите
и папите им се бакнуваат колената, нозете, делови од облеката, стапките. На попот му се
бакнува рака како носител на „Христовото тело“. Мафијашите го бакнуваат оној кој треба
да биде ликвидиран, спортистите се бакнуваат по даден гол, невестата на свадбата врви
„бацирака“ до собере пари, патниците кога ќе се симнат од авион ја бакнуваат земјата...
Најдолгиот бакнеж во историјата траел 130 часа и две минути.

Да се вратиме на бугарскиот бакнеж.

Ако треба да дадам бакнеж, тоа секако би бил мафијашки, оти толку многу сум навреден
од наметнатата блокада, така што поинаков говор на омраза и не заслужуваат освен
bacio la morta, се разбира, Бог да чува. Но, може тоа да биде и „бакнеж на животот“ кој
денес на многу јазици означува вештачко дишење со техника уста на уста, зашто им е
потребна итна медицинска помош да си дојдат себеси од националистичкиот занес и
шовинистичката болна живост.

Би завршил со цитат од Џонатан Свифт, творецот на „Гуливер“, кој рекол (а тоа е и прашање
до Бугарите): „Мили Боже, се прашувам кој лудак го измислил бакнежот“.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

И ние сме биле „администратори“. Вината за повоените бугарски жртви
на овие простори треба да се бара од Југословенските Комунисти.

Прадедо ми бил бугарски војник, дедо ми бил српски војник, татко ми бил
во партизани, јас сум „предавник“, децата ми се „патриоти“,
внуците припаѓаат на „шарената“. Тоа е нашата заедничка историја.

Опозицијата не чула ниту една лидерска реченица од новиот премиер.
Мотиката која премиерот ја најави, премногу е тешка да ја чујат.

За партијата е нормално да има еден изборен кандидат за лидер,
ако сака да има стабилна диктатура.

Нема потреба од вонредни избори.
Државата веќе се навикна на вонредна состојба.

Си даде оставка. Навреме го погоди каменот на мудроста.

Имаме пиуни во политиката и црно бели полиња за пасење трева.

Кризата досегна до врвот. Врвот посегна по кризен воен штаб.

Гласаме отворено и чесно за скриените намери на партиите за нечестливост.

Граѓаните излегоа на улица да се ослободат од оваа власт.
Од опозицијата се ослободија на избори.

Здравиот начин на живот е тежок.
Мора да се откаже од многу нормални работи.

Пластиката ќе ја фрлиме, но со пластичната хирургија
треба да фрлиме и многу пластични убавици.

Во моето детство имунитетот се стекнуваше со играње на улица,
а под екологија се подразбираше црвливи јаболка. Тоа беа заштитни мерки.

На животните во золошка им е дадена слобода.
Но не’ и да ја пречекорат оградата, која не смее да ја пречекори ни човекот.

Ова е свињарија. Ни забранија свинско заради срцето,
а сега тренсплантација на срце од свиња.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
ВНЕСИ – ИЗНЕСИ СТАРИ ПРИКАСКИ

„Службите на Република Северна Македонија се филијала
на српските, кои пак се филијала на руските, и ние не сакаме
да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ (Р.П. ,Дојче веле, 21,о1 2022)“.

Ние кај нив не можевме да внесеме ни фармерки за време
на нивниот сталинизам и живковизам. Со Тито можевме да
внесеме и изнесеме се што сакавме, и влеземе и излеземе секаде
каде што сакавме.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
„ПОСЛЕДНО ПОЛУВРЕМЕ“ КАКО АФТО ГОЛ

Со документарниот филм „Последно полувреме“, како одговор на нашиот филм
„Трето полувреме“, Бугарите по кој знае кој пат повторно си дадоа афто гол.
Незавршениот натпреварот помеѓу тимовите Македонија и Левски бугарските
филмски работници решиле да го добијат во своја корист така што филмскиот
превод го направиле, како самите велат, на брилијантен англиски јазик, оти со
користењето на западно-бугарски дијалект европските арбитри би можеле да
забележат, а за тоа имаат истанчен ВАР систем во ушите, дека станува збор за
брилијантен македонски јазик.

За жал, и ова филмско сценарио нема врска со фудбалот.

Се работи за уште една екранизација како обид за ревизија на историската вистина
од која нашиот сосед панично бега. На кој начин и како ќе го негираат своето
фашистичко минато само тие знаат, но, нека не ни објаснуваат нам кои морничаво
знаеме кој биле и што биле на овие простори во тоа време. Денес, на брилијантен
англиски јазик, во целата светска историска литература јасно е документирано дека
кога во пресудниот момент требало да се определат се определиле за силите на Оската,
со отворени аспирации за воена окупација и асимилација на македонскиот народ и
македонскиот јазик, вршејќи при тоа и нечовечки злодела. Тоа е факт. Со обидот за
бришење на своето фашистичко, а и комунистичко минато, тие би го избришале и
членството во Европската Унија, само малку да им се отвори можност за некаков нов
санстефански хегемон за ширење на сопствените граници и создавање некое ново
имагинарно иљадавековно царство. Таквиот пресврти за нив е сосема послевистинит.
Како поинаку да се објасни нивниот напад врз нашата самобит, па барањето Бугарите
да влезат во Уставот, па ќе следи бугарин премиер и т.н. и т.н. Небаре балканска мирудија
за сечија манџа.

Но, да зборуваме малку поспокојно.

За нашиот филм „Трето полувреме“ и нивниот филм „Последно полувреме“, филмска
критика не би имала ни ронка милост, прогласувајќи ги за чист пропагандистички
материјал. Уметничкиот дојам би бил многу поголем ако незавршениот фудбалски
натпревар помеѓу Македонија и Левски од филмското платно се симне на зелената
трева, како спектакуларен натпревар помеѓу две соседни и пријателски земји. Се разбира,
во некое разумно полувреме, да се најде решение натпреварот да не биде повторно
прекинат и победникот прогласен со службен резултат, овојпат 5+1, спротивно од
правилата за фер игра со европско знаменце. Ако нема таков договор, афто голот ќе
биде наш.

ПС. Фудбалскиот натпревар Македонија – Левски бил одигран на 29 март 1942 година
во Скопје. Натпреварот со резултат 2:1 за Македонија е прекина по влегувањето на
македонските навивачи на теренот незадоволни од судиските одлуки. Бугарскиот тим
Левски натпреварот го доби со службен резултат 0+3.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Русија ќе победи во оваа воја,
и тоа ќе биде крај на Советскиот Сојуз.

Тие немаат големодржавни аспирации.
Само до таму до каде православието ќе се симне од небото
и ќе се спои со нечија земја.

И државното знаме ги бојкотира нивните воени игри.
Од ZBORNAJA се вее само Z на тенковите.

Со несталгија се сеќавам на Југославија – цврста рака.
А толку е блиску – речиси до Украина.

Водењето братоубиствена војна против братството и единството,
беше мелем на рана врз нашата рак рана.

Имотите кои ги ограбија како власт, ги загубија како
опозиција. Им ги одзедоа сопругите и синовите.

Паметниот телефон ги има сите опции.
Да скрие и открие се што треба и нетреба.

Ушите веруваат во лажни вести, очите не веруваат.
Значи јас треба да намирисам.

Ќе има доволно леб, и прашина која ќе се дигне.

Дупките во законот одат со врвци. Да заврзат и одврзат.

Заборавивме на селаните како обновливи извори на ефтина енергија.

Фудбалот е загрозен. ВАР системот стана вештачка интелигенција.

Во библиската земја не се најде никој да го симне самодржецот.
На земјата се најдоа такви и го распнаа.

Човекот се откажа од Бог, го призна своето мајмунско потекло,
и рајската градина ја прогласи за џунгла.

Го прашале познат турбо фолк пеач: Вашата кариера е на врвот,
на педесет години колку вомбрачни деца треба да очекуваме.
Одговорот: полно CE-DE.

На политичката сцена во Прилеп владее тишина.
Браво за градоначалникот: ни шуш ни муш да чуеш.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Посетител за Широк Сокак: „Ако овој им е широк, какви им се другите“.
Коментар: Турците го имаат тесниот Босвор, битолчани Широк Сокак.

Грешка е што Путин го споредија со путер.
И намачкан на леб, од него капи плин и нафта.

Не уништувајте ја Украина, треба да ја освоиме. Путин.

Бугарија имала Три царства. Заради изборот на погрешна униформа
во историјата, царот секогаш останувал гол.

„Промените се случуваа секогаш со народот“,
па народот да биде виновен ако промените не се случат.

Армијата ќе се модернизира. Овој моден тренд ќе скрои
2,5 посто покуси ракави и ногавици за граѓаните.

Има нешто сосема чисто во пописот.
Македонија старее, животниот век се покус.

Учениците не учат меѓу клупите, но учат меѓу редови.
Како се штрајкува за повисока плата, ама и подобри наставници.

Кога државата се разлабавува, ја затегаат афтократи, технократи,
клептократи, бирократи..., сите до еден несудени демократи.

Државата да го отвори Соновникот и да ги внесе соништата
на заедниците. Уставот е за заедничките.

Оваа власт живее како секој фудбалски натпревар да и е последен.

Не поднесе сметка. Се е пресметано во оставката.

Се потпира врз својот ум. Главата му служи како греда.

Не фрлам стари предмети.
Можеби ќе ми притребаат како огнено оружје.

Човекот се исправил од мајмун.
Да ја истакне својата супериорност пред останатиот свет,
главата гордо ја исправил сам.

Секоја кровна тенекија сака да ја дувне ветар,
и стане дел од ТВ шоуто Лимен покрив на популарноста.

Учев и Руски, и Француски, и Англиски.
Дури во Германија научив како се заработува леб без знаење јазик.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Од административните акти направија историски факти.
Како да е толку лесно мастилото да се замени со крв.

Заради блокади имавме одлив на мозоци, со активна блокада
добивме празни черепи. Тоа е нашата анатомија.

Власта ги решава проблемите директно.
Опозицијата директно прави проблеми па ги решава.

Народот се определи за опозицијата, граѓаните за власта,
масите за толпата. Тоа се нашите три изборни единици.

Бог ја благослови Охридска Архиепископија, но да ги благослови
и дивоградбите, оти што ќе ни е празна Охридска Архиепископија.

Тајните документи не се отвораат.
Отворени се портите на пеколот да посведочат.

Во нашата историја знаеме дека нешто било.
Дај Боже ништо да не било.

Руска вода е благотворен лек, но не и за воени рани.

Не сакаме компромис. Сакаме пат позиција.

Нема место за паника. Ги наполнивме резервите со криза.

Оваа година изостана родот, но ќе дојде нашето - ќе даде Господ.

Нашето небо го чуваат анѓели. Авијацијата нека оди по ѓаволите.

Никогаш не ги вкусивме плодовите. Останавме само бирачи.

Моќните во сон бројат овци. Немоќните во сон бројат свињи.

Цените на артиклите растат, а лифтот бавен.
Додека се качив на кат во маркет, се поскапе.

Треба да се живее умерено.
Има луѓе кои навистина веруваат дека животот треба да се преспие.

Господе, заштити го мојот син да не биде жртва на некој масовен
убиец во училиште, или тој да не стане убиец.

Има две велесили на планетата. Третата е вонземна.
Космичката воена технологија на двете велесили.

Ќе дојде време кога роботите за човечките коски ќе тврдат дека
потекнуваат од пред нивното железно доба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
Франција не сака проширување на ЕУ.

Ни колку сплескана лепешка, ако како услов

мора да скокнеме од Ајфелова Кула.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Единаесет милијарди евра жива пара на рака !!!???
Тоа е француски предлог за тие кои го тргнаа ветото.

Прво да ја изградиме пругата,
па после ќе ги војзаме во Уставот.

Чекореиќи кон ЕУ, власта не ја прескокна дупката.
Не затрупа.

Со влезот во ЕУ ни ветија чист јазик.
Тоа е она заради што ќе останеме без зборови.

Над нас сеуште висат сенките од минатото: коминтерната.
Русофилството е блиску до тој декор.

Европските бирократи затворија уште едно поглавје.
Западен Балкан го заврзаа во папка.

Националното и државотворното ни се во комфликт.
Сеуште се двоумиме меѓу калапот и чевлите.

Боговите создавале митови и легенди.
Историјата и границите се сметале за лажни вести.

По толку пожари во државата,
не загуши чадот и од лулето на мирот.

Имаме резерви на струја.
Требаше да ја немаме па да ни светне во главите.

Чудна е причината за судирот меѓу власта и опозицијата.
Граѓаните сами меѓу себе си ги ваделе очите.

Со француското НЕ заради недостиг од гаранции,
ќе му кажеме ДА на криминалот со политички гаранции.

Ноќта беше како треба - црна.
Црно ни било пишано.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
146
44
1,038
75
Кинескиот зид повторно стана светско чудо.

Од копно се премести на море, и ќе биде чудо ако не потоне.