Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА


Музиката не е спремна за последната молитва. Човештвото се подготвува
за нова „Химна на радоста“.

Голема несреќа е што сликата за црно-бела Америка
не е теорија на заговор.

Нема да ни биде жал за Европската Унија
ако треба да го сочуваме нашиот македонски јазик.
Ќе ни биде жал за Бугарите.

Досега преведував од Македонски на Бугарски и обратно.
За превод од Македонски на Бугарски дијалект немам зборови.

Сакаат да ни го одземат името, јазикот, нацијата...
Се најде и некој паметен.
Светата Столица нема намера да ни ги одземе нашите Библиски корени.

Ако Бог е центар на светот,
нашите владици и попови се централни личности.

Добро е што сме поделени партиски.
Ако се делиме братски, ќе ја поделевме државата.

Нема тука „таков е менталниот склоп на народот“.
Или е некој паметен, или е глупав.

Штом ги удрија темелите на национализмот, удрија и по нацијата.

Станав интересен за партијата откако кажав дека се што имам украдов од државата.

За политички криминал не се оди од власта туку зад власта.

За средната класа, сред(e)на плата.

Ноќниот сон е гробница, пладневната дремка воскрес.

Од санаториум се испуштаат само оние кои тврдат дека се дворски будали.

Не е ова време за скромни. Направи подобар од себе.

По глобалните пожари следи ледено доба. Повторно ќе го откриваме огнот.

Идните гледачи на фудбалските стадиони ќе бидат роботи.
Оние кои ќе трчаат по топката ќе бидат човечки фигури.

Утрото нема милост кон мене.
Со првиот пиш настрана од шољата,
јасно ми става на знаење дека и овој ден ќе се помочам од работа.

Сантата мраз која го потона „Титаник“ немаше чуено за Крузер.
Тоа ќе беше погодок.

Перењето раце и пари, задолжително носење задскриена маска, две (илјади) метри
дистанца од народот, се предизборните активности на партиите во услови на Коронавирусот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА


Музиката не е спремна за последната молитва. Човештвото се подготвува
за нова „Химна на радоста“.

Голема несреќа е што сликата за црно-бела Америка
не е теорија на заговор.

Нема да ни биде жал за Европската Унија
ако треба да го сочуваме нашиот македонски јазик.
Ќе ни биде жал за Бугарите.

Досега преведував од Македонски на Бугарски и обратно.
За превод од Македонски на Бугарски дијалект немам зборови.

Сакаат да ни го одземат името, јазикот, нацијата...
Се најде и некој паметен.
Светата Столица нема намера да ни ги одземе нашите Библиски корени.

Ако Бог е центар на светот,
нашите владици и попови се централни личности.

Добро е што сме поделени партиски.
Ако се делиме братски, ќе ја поделевме државата.

Нема тука „таков е менталниот склоп на народот“.
Или е некој паметен, или е глупав.

Штом ги удрија темелите на национализмот, удрија и по нацијата.

Станав интересен за партијата откако кажав дека се што имам украдов од државата.

За политички криминал не се оди од власта туку зад власта.

За средната класа, сред(e)на плата.

Ноќниот сон е гробница, пладневната дремка воскрес.

Од санаториум се испуштаат само оние кои тврдат дека се дворски будали.

Не е ова време за скромни. Направи подобар од себе.

По глобалните пожари следи ледено доба. Повторно ќе го откриваме огнот.

Идните гледачи на фудбалските стадиони ќе бидат роботи.
Оние кои ќе трчаат по топката ќе бидат човечки фигури.

Утрото нема милост кон мене.
Со првиот пиш настрана од шољата,
јасно ми става на знаење дека и овој ден ќе се помочам од работа.

Сантата мраз која го потона „Титаник“ немаше чуено за Крузер.
Тоа ќе беше погодок.

Перењето раце и пари, задолжително носење задскриена маска, две (илјади) метри
дистанца од народот, се предизборните активности на партиите во услови на Коронавирусот.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АФОРИСТИЧКИ ВЕСТИ

Да ги фатиме Бугарите некако на спиење,
и да ја протнеме нашата историја.

Богатите градат подземни бункери да се спасат од вирусот.
Апокалипсата ги чува ниту таму некој да влезе, ниту да излезе.

Стекнавме колективен имунитет.
Станавме отпорни на сечија трагедија од вирусот, па и сопствената.

Предизборен маркетинг:
Да не бевме ние националистите комунистите не ќе можеа да ги растурат
Југословенските републики, за повторно да ги обединат во НАТО и ЕУ.

Пресудата за „Рекет“ падна.
Се чека да се види кој како ќе одигра во тај-брејк.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Разбирам власта да им ја пие крвта.
Ама на разбирам опозицијата да им го суши мозокот.

Нов бран на вирусна омраза меѓу патриотите и предавниците.
Зарем ни треба премиер Албанец како респираторна машина за преживување.

Уште има будали кои одат со глава низ зид,
или изградба на железничка пруга низ происточната железна завеса која
сеуште виси во историските витрини на нашиот сосед.

За теоретичарите на заговор ?
Дали ЦИА го подготвува падот на Америка,
како што, реално гледано, КГБ го подготви падот на Советскиот Сојуз.

Вакцина за апокалипса не постои.
Доколку не се повтори прикаската за Ное.

Толку сме индиферентни пред вистината,
се додека не ни соопштат дека сме позитивни.

На политичарите им е сеедно кога јавноста ги нарекува глупаци, будали, лажговци...
Прашајте ги нивните деца кои добро знаат што се глупаци, будали, лажговци...

Нема да гласам за никој: сите се исти.
Но, ако победи опозицијата ќе штрајкувам

Немам навика да лажам,
но лажните вести се моја слатка инспирација ако е до вистината.

Незадоволни од лабавите мерки на власта,
опозицијата вети полициски час каков што заслужува еден вистински диктатор.

Во борбата за слобода се водело сметка и за животната средина.
Колку убаво еколошки звучи: „Слушам кај шумат шумите, буките“.

Во предизборната кампања ни ветија рај.
Повторно ќе се селиме од претходниот во некој следен.

Било што да ни се случи, било што ќе не снајде.

Граѓаните ги чуваат парите во перница.
Крадците само им менуваат навлаки.

Се сеќавам на комунизмот. Имавме толку добри избори,
дури повеќе од тоа колку им беше добро на избраните.

Овдека останаа само белци. Црнци повеќе нема.
Никој ништо не работи.

Кауција од еден милион евра за судот се доволна гаранција
се’ да заврши со ароганција и елеганција.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛЕЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Не будете ги петлите пред да биде формирана новата влада.
Да не кокодакаат за џабе, пред кокошките да снесат некое смуткосано јајце.

Последните изборни резултати помеѓу патриотите и предавниците
се покажаа идеални – за некој трет.

Црни кошули во парламентот !
Дали треба да переме кошули или мозоци ?

При распределбата на министерските места се случи невиден гаф.
Која купена диплома на кој министер треба да му припадне.

Политичките судири во парламентот ќе се одвиваат со заштитни маски.
Но и понатаму без ракавици.

Патриотите и предавниците денес се инертна маса.
Кога ќе чујам од народните песни какви патриоти и предавници
сме имале некогаш, ми иди да пеам и се смеам.

Текстилна фабрика подготвува нова мутирана модна колекција Ковид 19
за сезоната пролет, лето, есен, зима за 2020/2021 година.

Јас сум чист Македонец. Немам ни зрнце историја.

Не би одел по стапките на револуционерите. Сите имале Бугарски пасош.

Компонирав варијации на тема лажни вести за политички труби.

Некои личности од операта влегоа во политиката без диригентска палка.

Не патиме од различно мислење, туку од различни глави.

Ковид 19 е идентификуван како грип. Рече на ТВ еден неидентификуван тип.

Не сме учени да плачеме. Учени сме да патиме.

Библијата е кратка енциклопедија за организираниот хаос во главата на Бог.

Нема повеќе „зидовите имаат уши“. Мобилните имаат и уши и очи.

Не пласираме лажни вести. Вистината си го менува лицето.

Нашиот брод го промаши курсот на пловидба.
Платното на јарболот се покажа како промашена инвестиција.

Од сите локални производи,
најефтино си врвиме со локалниот колективен ум.

Даде три гола и зеде петнаесет милиони евра.
Пет милиони евра за еден гол се премалку за еден млад и талентиран фудбалеер.

Во градовите се помалку пешачки зони,
но и Зони Замфирови и корзоа со слични љубовни саги.

Чашите ќе се судрат, но погледите нема да се сретнат.
Тоа е кога сте лути еден на друг а сте седнале за ручек.

Афоризмот е како лекарска дијагноза.
Тешко е читлив, ама лекува.



 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Работиме на создавање стабилност во регионот.
Штотуку ги удривме темелите со само 15 нивни пратеници и 7
министерски места.

Кога сите би ги бришеле споровите со соседите како што не бришат нас,
и Европската Унија би била избришана од сите нејзини г...а.

Оваа коалиција нема кондиција.
Патеката не е ни долга ни кратка – претесна е’.

Ќе го бараме поранешниот лидер.
Секогаш правеше успешна коалиција помеѓу изборните измами
за 61 пратеник и цвили-мили барањата на другите партии.

Седат дома и не гласаат.
Тоа се оние кои заради политичката надмоќ на малцинството
над мнозинството, уште сега би гласале колку утре да не им биде доцна.

Нашата комисија за ревизија на историјата има тешка задача.
Црвените линии кои им ги поставивме се вкрстија со линиите
од нивниот окупаторски фронт.

Пред избори, кога премиерот спие, брои овци.
Кога ќе дојде на власт, брои трла.

Гласачкото тело е поделено меѓу гласот на бесот и гласот на избори.
Во случајот пресудува некој трет - гласот од бомбите.

Не е демократски партиите да мислат она што го мислат
за другите партии. Треба да измислат и нешто повеќе.

Повторно бркаме баби и жаби.
Корона вакцината е тест за жаби, сезонската вакцина
„ако биде - арно, ако не биде - пак арно“, е за баби.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Бугарија кон Македонија се однесува како семафор:
час зелено, час црвено.
Жолтото им е оставено на Европјаните.

Како сувенир уште само Гоце им недостигаше во
тријадното царства на соседот, плус Европското членство како четврто.

Меѓу националистите јас сум за формирање голема Југославија.
Онаква каква ја направи Тито.

И власта и опозицијата одат по работ на провалијата.
Така ги споија рабовите.

За излез од внатрешната криза партијата обезбеди имунитет
на стадото, но и амнестија за крупната стока.

Одливот на мозоци достигна бројка од двеста илјади.
Станавме полесни (еден мозок тежи1350 гр.) за 270.000 кг. мозочна маса.

И сиромашните деца од Африка носат заштитни маски.
Освен кога за грицки грицкаат лилјаци.

Дали ќе сметаме зимско или летно време, ако е во карантин,
ќе биде тоа невреме какво не се памти досега.

Вирус можеби има можеби нема. Се’ друго се лажни вести.

Од притвор излезе со корона. Го благословија со ореол на Светец.

Лекувањето можеби нема да успее, но болеста не фаќа кусур.

Не бев јас остарен, драга, ти се подмлади по мојот суден час.

Со потерница се бара лицето на Праведниот.

Единствено химната им е сериозна музика.

На мајмунот човекот не му беше никаква пречка на патот до золошка градина.

Замислете да ви треба некој гениј, и во истиот момент
пред вратата ви звони водоинсталатер за чешмата.

И овцата знае да се подмлади,
но не знае дека ќе заврши како мис жртвено јагне.

Заради подршка, на уличниот питач не му оставив ни денар.
Беше тоа бивш бизнисмен кој некогаш почнал од ништо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Ветото од само една членка во Европската Унија,
е оној Осми патник од земјата на чуд(овишт)ата.

Македонија како Библиска земја треба само по себе да влезе во ЕУ.
Единствено Бугарија тврди дека Библијата и ја краде историјата.

Гоце ќе го делиме.
Со душата и коските во/за Македонија.
Со Бугарски пасош за влез во ЕУ и дигање востанија.

85% Бугарски граѓани се изјасниле Македонија да се блокира за влез во ЕУ.
Значи, 85% Бугарски граѓани користеле говор на омраза.

Онднесувањето на нашиот источен сосед како бивша комунистичка земја
во рамките на ЕУ,
ја потврдува тезата за „една држава на две (климави) столици“.

Ако е проблем железницата до Бугарија,
една веќе градиме до Солун на кафе.

Губитнички менталитет е кога не се признаваат националните
малцинства во своите победнички редови.

Блокадата успеа. Ги одблокираа нашите делби.

До каде ќе не однесат нашите политичари со преговорите
за влез во ЕУ, не е познато.
За секој случај, правото на блокада си го задржавме.

Кој рече блокада.
Сме имале и поголеми пречки пред нашето стампедо.

Влезот во Европа за нас не е меродавен.
Важно за нас е да ги победиме натприродните сили.

Владетелот го призна изборниот пораз.
Сосема доволно за доживотно уживање во егзил.

Оставете го криминалот на мира. Ако го реформирате судството,
треба да го реформирате и криминалот.

Откако мафијата дојде на власт,
пред портите на државата стои натпис – Секурити.

За обвинетиот најстрога казна е домашен притвор.
Нема живеалиште, ќе остане на улица.

Разликата помеѓу генијалноста и лудилото е мала.
Не поголема од обична будалштина.

Заради климатските промени,
сламката спас ќе стана основна аграрна култура на однесување
во иднина.

Со мртва уста, нема да тргнете од мртва точка.

Конечно дочекавме вакцина за вирусот.
9о посто е успешна,
10 посто отпаѓа на оние кои и така беа предвидени за умирачка.

Помина времето кога животот чекореше по земјата.
Господари подземниот свет – по улиците нема мравка кој да згази.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
ДОВИЖДАНЕ ДО НЕКОЈА СЛЕДНА „АДМИНИСТРАЦИЈА“,
АКО НАЈДЕТЕ НEКОЈ НОВ АДОЛФ ХИТЛЕР КОЈ ЌЕ ВИ
ВЕТИ.
ПАТЕМ, ИМА ЕДЕН ВО НАМИБИЈА.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА


Од кога каубојците се терористи.
Упадот изворно беше Див Запад.

Со присвојување на историјата Бугарите почна уште со ајварот.
Европа требаше со нешто да се премачка.

Бугарија е за проширување на Европската Унија.
„Административно“, асимилативно, насилно - се првите три поглавја.

Заради вториот бран на вирусот вето, членките на ЕУ се кријат
со заштитни маски од Западен Балкан.

Воинот на коњ ќе го изучуваме како интегрирана историја
со синтагмата „и коњите ги убиваат, зарем не “.

Библиска Македонија некои и денес ја гледаат како Ветена Земја.
Пустината која треба да ја изодат, е пустошот во сопствениот двор.

Ќе го одберам албанскиот како задолжителен ако за два збора
се добива двојка. Како незадолжителен веќе го одбрав со соседите.

Имаат широк поглед кон светот.
Да речеме колку средна територијална претензија.

Со непријателот ќе склучиш мир, со соседите ќе најдеш компромис,
во братоубиствената војна се оди до крај.

И транзицијата си има свои патишта. Стави наплатна рампа.

Цела Европа оди во пропаст. Само ние сме блокирани.

Куршумот ќе ја заврши работата, чаурата останува нем сведок.

Химната никого не може да натера да стои, но секој ќе полета.

Владетелот однесе икона во црквата, но лични портрети не се примаат.

Тешко си на оној кој парите само си ги чува.

Ковидот во Прилеп ќе стане карневалска атракција.
На Прочка ќе се маскира во вакцина.

Црквата влегува во бизнисот.
Плаќаме за молитва, ќе плаќаме и за влезница.

Фрливме по грутка земја врз гробот на водачот.
Нас не погоди лопатата.

Со вегетаријанска храна и малку мрсничко, аман !
Тревата мора со нешто да се подмачка.

Мојата жена секоја вечер ми мери температура.
Заради загревање во предиграта.

Кога носам чадор – не врне. Кога не носам чадор – врне.
Климатските промени секогаш ме прават смешен.