Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
„РЕКЕТ“

- „Рекет“ !?
- Ќе добиете рекет, повелете.
- „Рекет“ !?
- Сакате за професионалци или аматери ?
- “Рекет“ !?
- Имаме разни брендови: италијански, маџарски, кажете што сакате ?
- „Рекет“ !?
- Ви треба поголем рекет или помал. Тоа зависи од ударот кој сакате
да го постигнете.
- „Рекет“ !?
- Тука е и тежината на рекетот, тврдоста, должината, густината на
жиците од кои е сплетен рекетот.
- „Рекет“ !?
- Тежината на поголемиот рекет се пренесува од долу према
врвот, има поголема стабилност, повеќе простува грешки.
- „Рекет“ !?
- Полесниот рекет е по подвижен, може да се користи за брз замав
со помали последици.
- „Рекет“ !?
- Зависи и од тоа кој удар сакате да го зададете: одназад, однапред,
форхенд, бекхенд, лоб...
- „Рекет“ !?
- Рекетот има максимална големина, да не се претера со желбите
и можностите ?
- „Рекет“ !?
- Крутоста на рекетот овозможува топката да ја префрлете на
другата страна, без можност да ви ја вратат.
- „Рекет“ !?
- Зависи и од тоа дали играте на тврд терен или мек терен.
- „Рекет“ !?
- За игра со рекет важат правила кои не се вообичајни.
- „Рекет“ !?
- На пример, да внимавате на мрежата, да не се заплеткате во неа.
- „Рекет“ !?
- Судиите се многу строги...
- „Рекет“ !?
- Има камери, тонски снимки, се’ се гледа и слуша.
- „Рекет“ !?
- Мора да сте на врвот на топ листата штом сакате да се играте со рекет.
- „Рекет“ !?
- Треба напорно да работите, на пример да ослабите, колку што гледам...
- „Рекет“ !?
- Вие да не играте со Новак Ѓокович, случајно ?
- „Реее-кет“ !!!???
Дури тогаш го подигнав погледот. Пред мене стоеше Катица.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

СЈ((е)бен)О !
Теорија на заговор, или, горенаведената шифра за (сегашни и идни) заговор(и) ?

Сите сме за вакцинирање.
Да се спасиме и од мали сипаници и од големи тупаници.

Власта и опозицијата седнаа на тркалезна маса.
Се врти тркалото на (не)среќата на нацијата.

„И ние сме за ЕУ и НАТО ама не по оваа цена“.
Цената на стапот и морковот е таа: со очи гледај, со раце не пипај.

Лесно ги научив имињата на населбите во метрополата.
Преку ден–два грабежи, злочини, пијани возачи...

Таман ќе помислам дека како на Македонец ми се враќа
интелигенцијата, одма интелигентно наоѓам причини дека сум глуп.

На тој што ќе му припадне Гоце,
ќе му припадне и честа да биде и негов предавник.

Партизаните ја ослободија Македонија, партиите ја освоија.
Тоа е нашата историска спирала од победа во светска војна,
до победа на локални избори.

Беше беспрекорен политичар: испеглан, дотеран.
Дури и парите му беа испрани.

Сега сме ни напред ни назад.
Како и да е’, ќе ни тргне пред тоа или после тоа.

Возите велосипед ?
Тркалото на (не)среќата може да ве затекне и на тротоар.

Ви гори под нозете ?
Вие сте дел од планетарниот шумски пожар.

На летната музичка сцена повторно класика.
Свират комарци (и афоризмот е класика по секоја летна сезона).

Кога ќе ги допрете лисјето, гранките се занишуваат.
Дрвото клима, знае дека не сте дојдени за сеча.

Роботите од иднината ќе ја исправат грешката на еволуцијата.
Ќе останеме мајмуни со вградена вештачка интелигенција на човек.

Не сакам да знам од што боледувам.
Сакам да умрам без страв.

Кога ќе се земе правдата во свои раце,
најчудно е кога ќе се земе перо в раце.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
ВИЦ

По љубовната сеанса со сопругата, и’ велам:
„Сега чао! Ќе се видиме по еден месец. Ај, ќе ни текне со пензијата“.

ВИЦ

-Чичко, оти не користиш платежна картичка ?
Дури да чекаш вака по шалтери, пензијата ќе си ја вадиш од банкомат.
-Арно ќерко, ама нема да можам да го запомнам бројот.
-А кој број сега ти е запишан на раката?
-Од куќата, да знам да се вратам дома.

ВИЦ

Кој рече дека државната администрација не е продуктивна !?
Кога вработените го пијат своето прво утринско кафе,
и кога за директорот ќе речат: онаа свињана, тоа само по себе
е допринос за месната индустрија.


ПОСТ ФЕСТУМ

Ебати Европа, ебати НАТО,
кога и таму газеле во бла-бла-блато,
каде ништо нема на гаге,
и се било лево маде.

Дали беше заради Макрон, или некој наш Мк.сом морон,
пак ќе ја вртиме старата изрека од историскиот слом:
„ни еба Вранsија мајката ни еба“.
Е па сега, нека себа.

Се е само инфантилна слика,
за секоја историска праслика,
за се она што се нарекува Балкан,
према Македонија толку нечист и валкан.

А Европа, големата блудница,
и требаше еден таков макро(н),
што и вети нов борделски бонтон,
завиткан во уште поголем кутон.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

ЕУ најде решение за барањето на Брегзит и Македонија.
Лево влез, десно излез.

Историското стебло кое се издигна со Прспанскиот договор,
полека стана мета за сеча за делкање дрвца.

Се шири тероризмот во Европа.
Историското ВМРО копнее за своите минати и идни времиња.

Се чу ехо: назат кон македонизмот... !
Ехото врати: и албанизмот, и србизмот, и бугаризмот, и нацонализмот...

Трпение – спасение.
Кога нам ќе ни дојде ред за влез, ќе се распаднеме задно со ЕУ.

Ги осветливме темните места во државата.
Горат опожарени афтомобили.

Вонредни избори, вонредна криза, вонредни национални делби,
вонредна сиромаштија... и многу вон (в)редни македонци.

Не само што ни е болно судството,
туку и многу обвинети за криминал ја користат истата здравствена состојба.

На говорот на омраза не му треба интерпункција.
Само точка со прстот на умот.

Патот на свилата, патот на дрогата, патот на криумчарење емигранти...
Се каам што малку сум научил географија.

Ги донирав моите органи по смртта.
Посебно прстот за отпечаток за лична карта
со кој гарантирам безбеден имунитет на личноста.

На работодавачите им пукна кичмата.
Се лизнаа врз одливот на мозоци.

Некои трчаат до целта, некои да побегнат од стартот.

Лажните вести се обврзаа на транспарентност.
Ќе бидат „прозирни“, „низ“ - прсти.

Би бил јас и слободен човек, да сум член на партија.

Од двете зла, го одбрав помалото.
Побегнав од власта, не отидов во опозиција.

Не е важно дали мачката е црна или бела, важно да лови глувци !
Ако мачката било црна било бела е само една, а толку многу глувци,
незнам дали работата ќе заврши со добро.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
ДИЛЕМА НА ЕДЕН КРИТИЧАР

За него е понижување
да пишува поезија на дрвена тезга.
Местото на поетот е на Олимп, таму,
меѓу боговите и полубоговите.
Тие што ги создават земните и надземните понори,
и ја водат битката за судбината.
Се ќе му прераскажат.
А тој, откако ќе се симене од врвот на пиедесталот,
во привидот и загубената меморија,
ќе се присетува на кажаното,
за смислата на зборовите што ги чул од невидливите суштества
кои нагонски му ја поттикнуваат творечката амнезија.
Ќе преименува реченици, ќе крои метафори,
ќе се раѓаат зборови од невидливите мисли врз стихот:
за тоа како со силата на митот да се потчини природата,
за филозофијата на вечниот сомнеж,
за човечката егзистенција и бедата на духот,
за фантазмогоничната визија за стварноста
и прикаската за огнот во кој скокнал, верувајќи
дека таму се лијат душите на пишаниот збор.
На крајот, ќе ги стокме ритамот и римата,
и ќе рече: напишав Песна.
А критичарот, откако ќе ја прочита,
ќе остане во дилема и мислечка поза !
Дали да му верува ?
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Мозочна смрт за НАТО, еутензија за ЕУ.
Западен Балкан пристига како лечилиште со кал.

Со влезот во НАТО, наместо стап и морков,
за нас ќе биде покорисно остен и ќотек.

На опозицијата и е доста од барокот.
Ќе пресече со средниот век.

За следниот изборен натпревар власта спрема ВАР систем ...,
и малку боја и четка и добро да ги префарба резултатите.

Со „Рекет“ станавме (по)те(г)ни(по)с(ери)ка(ки) нација.
Ти благодариме Катица.

Кога ќе ветат брда и долини,
тоа секогаш е концесија за еколошка катастрофа.

Во потрага по елементарна култура,
го откривме и петтиот елемент – (в)етер.

Штедам сиромаштија.

Мудро мо(л)чам.

Најтешки меѓу сите се оние кои немаат што да јадат.

Имаме проблематична историја. Неопходна е (ре)визија.

Господе, благослови ги моите лажни вести и нека си го најдат патот до вистината.

Јадат посно и кога е мрсно.
Тоа е атеизмот на сиромашните.

По строгиот пост и ригорозната диета,
користам и прашак за пециво – да нараснам.

Ќе се набави нај современа медицинска опрема.
Треба да се биде мртов со сигурни докази.

Смртта никому не гарантира воскрес,
ако гробарот потврди дека лопатата си ја заврши работата
(народна смртотворба).

Тој е уметник на (работ од) егзистенцијализмот:
платната во масло ги продава како чаршафи со масло.

Ако имате лоши судови,
криминалците се уште полоши.

Дедото партизан не се согласува со ревизија на историјата.
Тргна да фрла бомба врз участакот да потсети кои беа шумкарите.

Прилепчани едвај чекаат нови избори.
Премногу калапен соживот па и нечини – се цени растурен одниза.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: -alf-

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Тоа што во државата не можат националистите можат анархистите,
тоа што не можат анархистите можат полковниците – пучисти.

Не го даваа името единаесет години.
Сега ќе го враќаат името единаесет години.

Гоце го даваме, Георги Димитров не го даваме.

Младите сакаат водач со „цврста тупаница“ во перо лесна
категорија, каква што од него очекуваат да добијат работа.

Го симнаа портретот на лидерот од зид.
Него го оставија да виси како златна копачка на клин.

Што е подобро:
како народ да не нема или како Северна да го замрзнеме случајот ?

Нашите државни службеници не веруваат во Бога.
Уште никој не ги избркал од рајот.

Сто пати кажана лага станува вистина.
Мобилниот е сто пати побрз за вакви инфантилни работи.

Не само што е мал Шенген, туку личи и на шенгуле.

Транзицијата стана традиција: се пренесува од татко на син, внук,
правнук, п(р)а,п(р)а,п(р)а...

Креативноста е мерило кога треба меѓу себе да се испотепаме.

Лидерот со цврста тупаница го краси и цврста глава пред зид.

Плус минус повеќе или помалку лажни вести,
в очи им ја плеснавме вистината.

Има некоја замислена мачета во десната рака
кога со левата го плаќате долгот кај извршителите.

Најдов начин како да не заборавам што треба да донесам од пазар.
Купувам се што ќе видам.

Поради климатските промени,
и пингвините ќе заиграат во лебедово езеро.

Ги прашав еден американски и еден руски астронаут:
„Дали Северна Македонија се гледа од тие височини“.
Точка, ставивме точка на тоа.

Се’ се раѓа, плаќа и враќа.

„Политичарите затупуваат, нагрдуваат, извитоперуваат, лажат...“
Тоа е мојата новогодишна порака на новата поштенска марка за 2020 г.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Медената земја не е леплива. Се цеди и кристализира.

Завршија адолесцентските игри со државата.
Пратениците го изгласаа законот за ЈО-јо.

Македонија стана членка на НАТО.
Голем чекор за нас, мал колку да не пречекорат за НАТО.

Во нашата техничка влада само ситни занаетчии.
Добивме министерка за табли и тропање ламарина.

Во мојата африканска биографија додадов уште еден лист.
Заокружив уште едно гласачко л(а)(и)вче.

Према она што тврдиме дека сме,
само Библискиот народ во маратон го преплива потопот.

Према прогнозите, сеедно е дали сме Северна
или било која страна од климатските промени.

Поделени сме на стадо и вмровци.

Судските обвиненија им застареа. Сега на ред е да се подмладат.

Си пресудивме така како кај нас суди судството.

Сиромаштијата е добра работа. Ни јаден ни прејаден.

Убиениот во поим почина од апстрактна смрт.

Непотизмот е непоновлив кога за едно место се токмат десет роднини.

Тој не е превртлив. Ни горе ни долу , само да остане во власта.

И во пеколот ви е обезбедена егзистенција.

Тито го болеше ногата. Инаку ќе завршеше како Чаушеску.

Ништо не правиме поинаку од она што прави светот.
Се прашаме до кога вака.

Сиромаштијата кај нас нема граници: родендени, имендени, слави,
венчавки, крштевки, матурски, полуматурски, парастоси...

Уште колку да мешаме цименто да се заврши работата ?
Уште колку да се посерите (од мајсторлукот на зидарите).

Дали е Суетски канал или мочен канал,
мене водостојот ми тече низ катетер.

Пред да се појави ботекс, женските усни делуваа поженствено
кога ќе ги намуцуреа небаре неќат.

Моето либидо сака да парадира.
Откако ја виде ЛГБТ парадата,
веќе се двоуми меѓу машки, женски и трет пол.

Катон сакал да ги брани победените,
на пример ако народот реши да ја брани опозицијата од пораз.

Во Прилеп партиски се определени само оние за опозицијата.
Другите по сопствено убедување ќе гласаат за власта.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АФОРИСТИЧКИ ВЕСТИ


ПОЛИТИЧАР КОЈ ЗА НАРОДОТ ЌЕ РЕЧЕ ДЕКА Е КОПИТО,
НЕ Е ДОБРО ПОТКОВАН.


М(А)РШ НА ПРАВДАТА.


ОПОЗИЦИЈАТА ЗА СВОИТЕ ИДНИ ПРОЕКТИ
И САМАТА НЕ ЗНАЕ КОЛКУ НУЛИ НАБРОИ.


АФЕРАТА СО НЕДОСТИГОТ НА ПАСОШИ МИ ДАДЕ ИДЕЈА:
ДАЈТЕ МИ КРИЛЈА ЈА ДА СИ МЕТНАМ,
И ... ДА СИ ПРЕЛЕТНАМ:
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АФОРИСТИЧКИ ВЕСТИ


ЗАПЛЕНЕТИОТ КОКАИН КАЈ НАС БИЛ НЕКВАЛИТЕТЕН.
ПРЕДИЗВИКУВА ХАЛУЦИНАЦИИ ОД ДЕТСТВОТО КОГА ШМРКАВМЕ МРСУЛИ.


ДРЖАВИТЕ ГИ ЕВАКУИРААТ СВОИТЕ ГРАЃАНИ ОД КИНА ЗАРАДИ
КОРОНА ВИРУСОТ, И ОДМА ГИ НОСAТ НА КЛАНИЦА
(ОД ГЛОБАЛНИОТ ВИРУС НА ЛАЖНИ ВЕСТИ).


СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“ ТРАЕ.
УШТЕ НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КОЈ КОЛКУ ЗАРАБОТИ НА НАШИОТ
КАМ ОПЕН – ДУПЕН.


ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ГО ПОВЛЕЧЕ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР.
ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО, ОД СРАМ, ВЕЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ.