Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
AФОРИСТИЧКИ ВЕСТИ


ЧЕКАМ ДА ГИ ВИДАМ НОСИТЕЛИТЕ НА ПАРТИСКИТЕ ЛИСТИ.
АМНЕСТИРАНИ ВИДОВ, ЧЕКАМ ДА ГИ ВИДАМ ОНИЕ СО КАЧУЛКИ.


ФОРМИРАНА Е ИДЕОЛОШКА КОАЛИЦИЈА.
ОБИЧНИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ИМ СЕ СПРОТИСТАВАТ НА ГРАЃАНИТЕ ПО НАЦИОНАЛНОСТ.


СО ВЛЕЗОТ ВО НАТО,
ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОВЕЌЕ НЕМА ОПАСНОСТ ОД АГРЕСИЈА
ОД СТРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.


ВИРУСОТ КОВИД 19 ЗАTРОПА И НА МОЈАТА ВРАТА.
ОТКАЖАВ. ЌЕ ГО ЧЕКАМ БРОЈ 20.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АФОРИСТИЧКИ ВЕСТИ


ЌЕ ГЛАСАМ ЗА КОРОНА ВИРУСОТ.
ДА СЕ СПАСАМ ОД ИЗБОРНА ПАНДЕМИЈА.

ЌЕ СЕ ДРЖАМ И ДО ПРЕПОРАКИТЕ НА ГОСПОД:
УМРИ КОГА ТИ Е ПИШАНО, А НЕ ОД КОРОНА ВИРУСОТ.

КОВИД 19.
СЕГА ЗНАМ КОЈ Е ВЕЛЕСИЛА.

НЕ ГУБЕТЕ ВРЕМЕ, МНОЖЕТЕ СЕ КАКО КОВИД 19,
АКО ВЕЌЕ СЕДИТЕ ДОМА.

ЉУБОВНАТА ПРЕДИГРА СО СОПРУГАТА
ЈА ОДИГРАВМЕ НА РАСТОЈАНИЕ ОД ЕДНО МЕТРО.
ЗА ДРУГАТА РАБОТА СВРШИВМЕ СО ДОПИР НА ЛАКТОТ.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АФОРИСТИЧКИ ВЕСТИ

ВИРУСОТ НИ ДОЈДЕ ОД ВСЕЛЕНАТА.
ОСТАНЕТЕ ДОМА – НА ТЕРА.

ЕБАТИ СВЕТО. НЕ ВРЕДИ НИ КОЛКУ МАЧКИНА КАШЛИЦА.
РЕЧЕ КОВИД-19 И СЕ ЗАКАШЛА.

НА ОПОЗИЦИЈАТА ОДМА ДА И СЕ ДАДЕ МОЖНОСТ ДА ЈА ИЗМИСЛИ ВАКЦИНАТА.
МОЖЕБИ СО ПОЛИТИКАНСТВО ЌЕ ЗАВРШИ МЕДЕНИОТ МЕСЕЦ НА ВИРУСОТ.

ОСТАНЕТЕ ДОМА. БИДЕТЕ ДОМАШНО МИЛЕНИЧЕ.

КАКО ПОСЛЕДНА МЕРКА !?
ДА СЕ ПРОДОЛЖИ КОРОНА ВИРУСОТ СЕ ДОДЕКА НЕ ГИ ПОТРОШИМЕ
НАТРУПАНИТЕ ЗАЛИХИ ХРАНА ПО ДОМА.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
AФОРИСТИЧКИ ВЕСТИ


НЕ СЕ ГРУПИРАЈ, НЕ СЕ ГЛУПИРАЈ, НЕ МУТИРАЈ – ВО ВИРУС.

БЕЗ БОЛЕСТ, БОЛЕН СИ ЛЕЖАМ.
СИ СЕДАМ ТАКА ЈАС ВО ИЗОЛАЦИЈА И СИ ПЕАМ НА ТЕРАСА.

ВИСТИНА И ЗАБЛУДИ ЗА КОРОНА ВИРУСОТ ?
ОБИЧНО TOA Е ЕДНА ДОБРА И ЕДНА ЛОША ВЕСТ.

НИЕ СМЕ ВО ВОЈНА, СЕ ОГЛАСИЈА НАШИРОКО ЛИДЕРИТЕ.
ВИРУСОТ НЕ ИМ SВЕЧКА. ПОTСВЕСНО ВО УШИТЕ ИМ SВЕЧКА ОРУЖЈЕТО.

ЧЕТВОРИЦАТА ЈАВАЧИ НА АПОКАЛИПСАТА НЕ МУТИРААТ.
ПОВТОРНО ДОЈАВАА КАКО КУГА.

НА ПРЕС ИМАМ ПРАШАЊЕ ДО ВЛАДАТА.
ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ОД КОРОНА ВИРУСОТ ДА КОРИСТАМ ХЛОР
ИЛИ КРСТЕНА ВОДА ОД ГОСПОД.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
AФОРИСТИЧКИ ВЕСТИ

ОСТАНИ ВО ИЗОЛАЦИЈА ДОМА.
ЈОГАТА ЌЕ ТЕ НАУЧИ КАКО ПРАВИЛНО СЕ ДИШЕ
СО ВОЗДУШЕН РЕСПИРАТОР.

СЕ Е ВО СКЛАД СО ПРИРОДАТА.
ПЧЕЛИТЕ СО ЗУЕЊЕ ЈА ОПРАШИЈА ПРОЛЕТТА,
КОРОНА ВИРУСОТ ЌУТЕЈЌИ НЕ ОП(Р)АШИ НАС.

ПОСЛЕ ВИРУСОТ НИШТО НЕМА ДА БИДЕ ИСТО.
САМО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ СИ УМИРААТ ИСТО.

ОДВРАТНО МЕ Е КОГА ЌЕ СЛУШАМ ДЕКА БИЛЕ ОДВРАТНИ
НАПОРИТЕ КОИ СЕ ПРАВАТ ДА СЕ НАЈДЕ СПАС ОД ОВОЈ
ОДВРАТЕН ВИРУС И НЕКОИ ОДВРАТНИ ЛУЃЕ.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
КОРОНА (кокона)

Остани дома, води дневник за дневникот

Изолирај се, слепиот лилјак нема да те пронајде
Вирусот мутира и со бројки на смртта калкулира
Светот сигурно ќе банкнотира
Но, не е тоа твоја грижа
Некој друг од тоа ќе профитира
И ако ништо повеќе нема да биде исто
Ослободи го умот од мозочната кор(он)а
Следи го астрономскиот календар на сончевата корона
Разведри го хоризонтот од смртоносниот 5Gе
Читај меѓу редови мудри лажни вести
Теории на заговор, информации, дезинформации
На лицемерните добротвори врз многу(не)човечната планета
И непредвидливиот вирусен пик на лудиот научник без контрола
Маските нема да (им) паднат, вирусот ќе трае
Колку што трае продолжената музичка корона со точка
Колку меморијата на сенилните за нивната статистичка смрт
И моралниот заборав за холокаустот на стратезите
Преврти се во својата превртлива улога на комформист
Сплети победничка короно од возвишениот ореол на светецот
Или corona obsidionalis – венец за војникот кој (ќе) го ослободи градот од опсада
Или corona triumphalis – венец со кој војсководачот (ќе) го слави триумфот
Олабави со пандемично кафе пауза, врвот на шлагот ќе ти биде стравот
(не)Намерно разлеаната епрувета нема да предизвика библиски потоп
Папата со молитвите во празната базилика ќе донесе спас и вакцина.

Останете мирни вие под воздушен респиратор
Сите сме мртви
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АФОРИСТИЧКИ ВЕСТИ

ДА ЧЕКАМЕ ВО РЕД НА РАСТОЈАНИЕ ОД ДВА МЕТРИ НЕ НИ Е ВО ГЕНОТ.
ЕДЕН ДО ДРУГ ДА СИ КОПАME ДУПКА ОД ДВА МЕТРИ, ТОА ЧЕКАМЕ.

ЕДНО МАГАРЕ ЈАВНО КАЖА ДЕКА НЕМА ДА ГО ПОЧИТУВА КАРАНТИНОТ
И ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД ДОМА ДА ПАСЕ ТРЕВА. НАМЕСТО ЗАШТИТНА МАСКА,
ЌЕ ТРЕБА ДА МУ СЕ СТАВИ ОГЛАВНИК И ДА СЕ СОПНИСА.

ЗАРАДИ ОПАСНОСTА ОД РАЗВОД СО СОПРУГАТА СЕДЕЈЌИ ДОМА,
ЗАМИНАВ ВО ЧЕТИРИНАЕСЕТ ДНЕВНА ИЗОЛАЦИЈА ЖИВ ЗАКОПАН.

ГО МОЛАМ ГОСПОД ДА МЕ БЛАГОСЛОВИ СО ДОЛГОВЕЧНОСТ.
БЕСМРТНОСТА НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА АКО МОРА ДА МЕ РАСПНАТ СО ВАКЦИНА
ОД КОРОНА ВИРУСОТ.

ЈАС СУМ ПРАВОВЕРЕН ХРИСТИЈАНИН.
НАРОДНИОТ ОБИЧАЈ ДА СЕ ПРЕЈАДУВАМ НА ПРАЗНИЦИ МИ Е НА ПРВО МЕСТО.

ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО ПРИЛЕП ИМА ПОЛИТИЧКА ЗАДНИНА.
ОД ОПОЗИЦИЈАТА НАМЕРНО НЕ СТАВААТ ЗАШТИТНИ МАСКИ
ЗА ДА ГИ ИНФИЦИРААТ ОНИЕ ОД ВЛАСТА И ГО ЗЕМАТ ВИРУСОТ ВО СВОИ РАЦЕ.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
КОРОНА РЕЛАКСАЦИЈА

По одлуката на Владата да ги олабави мерките за домашна изолација за постарите
лица заради Корона вирусот, Јас (70) и мојата сопруга (нешто помлада), решивме да
излеземе некаде во природа, физички и психички да се релаксираме и ги ослободиме
нашите мисли од повеќедневната принудна изолација и губењето на врската со
надворешниот свет и цивилизација.

Беше тоа прекрасен излет. Неуморно ги искачувавме сртовите на ридовите се до
хоризонтот, додека во долините ги следевме брзаците до нивното извориште. Длабоко
пониравме во свежината на шумите, шетајќи заедно со сенките кои ни ги откриваа скриените
патеки. Цутовите не пресретнуваа и не милуваа по образите, а птиците во хор не повикуваа
на заедничко музицирање. Ја чувствувавме свежината на креативната природа која
вдахновено влиаеше врз нашите четири сетила. Љубовта меѓу нас беше дополнителниот,
петти елемент.

Но, и покрај овој на јаве доживеан сон на летната ноќ, микроскопскиот ѓавол кој го заобиколи
светот не’ не оставаше равнодушни ни во овие мигови. Не следеше некоја траорна мисла
дека тука нешто сме погрешиле, нешто сме имале, ама сега го немаме. Вирусот Корона ги
затемни зраците од сончевата Корона, ја препушти планетата во рацете на ангелот-лилјак
пред чија икона во иднина ќе поднесуваме човечки жртви за спас на светот. Во агонија, и Бог
е приклучен на респиратор.

Шетајќи наокулу, психозата на загубеност во просторот и времето не заслепи и во овие
моменти. Сосема заборавивме на забраната за движење за постарите лица која веќе беше
започната. Можноста за казна од 2000 евра ми висеше над главата. Бргу се спакувавме,
седнавме во колата и тргнавме дома. Заради некоја чудна идеја на сопругата која во
моментот не ја разбирав, добро го покрив лицето со заштитна маска, ставив темни наочари
и спортска капа со широка сенка. Возев како на тркачка писта. Но, залудно.

Веќе на првата раскрсница не запре полициска контрола и ни побара патни исправи. Млад
полицаец ги провери документите на сопругата и констатира дека се во ред. Потоа се сврти
со погледот кон мене и со строг глас праша:

-А овај !?

-Тој ми е дечкото – со весела насмевка и манири на женствена грациозност му возврати
сопругата.

Изненаден од ваквиот одговор, младиот полицаец за час го промени изразот на лицето,
но брзо се снајде и возврати со соодветна реплика.

-О, вие мора да сте среќна жена, Госпоѓо, така млад партнер ...

-Него како, во животот ништо не треба да се пропушти, зарем не’ – со ароганција и шарм
се обидуваше да глуми заводничка. – Туку..., ќе мора да побрзаме, се ближи полициски час,
вие тоа најдобро го знаете, нели.

-Секако, секако. Ви посакувам пријатна вечер и внимателно возење - не отпоздрави службено
полицаецот, и понатаму гледајќи во нас со нескриена љубопитност и интерес.

-Благодариме на советот млад Господине, вие навистина сте љубезни, чаооо... – му мавна со рака
сопругата, и го испрати со поглед на искрена симпатија.

А мене ми олесна. Спасив две илјади евра.

Во меѓувреме, додека возев релаксирано и по малку резигнирано, веќе на широко во умот ми се
вртеше мислата: како дома, покрај борбата со вирусот, да го оправдам епитетот - млад партнер.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АФОРИСТИЧКИ ВЕСТИ

Попот не е пендрак да тепа.
Тој само го (о)тепа имунитетот на стадото.

Со ДНК анализа сакаат да докажат дека не сме Македонци.
Нека ни земат брис, ќе им плукнеме.

Помеѓу овој или оној датум за избори,
власта треба да го прескокне 27 април,
опозицијата треба да го прескокне Букурешт.

Кога некој наш новинар ќе рече дека ја кажал вистинската вистина,
тој или е проповедник, или е лажго, или некој свиркач си го свирка.

Се чудам колку пензијата може да биде растеглива.
Ја чекам триесет дена, а потоа триесет дена чекам во ред на дистанца
да ја потрошам.

Туристичките агенции ќе ја заживеат сезоната со респираторни мерки
и дистанца од морето и плажите.

Продавам половен респиратор.
Втор газда. Првиот мртов.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АФОРИСТИЧКИ ВЕСТИ

Несме неоправдано скептични.
Коронавирус кај нас не постои. Уште не лазат вошки.

Светска пандемија, Коронавирус !
За кого бијат камбаните ? За кого се отворени теретаните ?

Коронавирусот за трето доба е поволна прилика:
сигурна пензија, обезбеден респиратор, дистанца од синот,
подалеку од снаата, раат од внуците...

Заштитната маска ја направи женската убавина таинствена,
доколку во изолација не ги покажат своите други атрибути.

Северџани сме толку колку вреди топол чај
за да не се мрсулиме како мали деца на кои некој им украл ситни играчки
од рамката на нивната вековна историска самољубивост.