1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Раскази - Хумор и Сатира

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од lady_blue, 4 март 2012.

  1. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Дека сме совршени, не сме.
    Дека сме свесни за недостатоците, хм.... не секогаш.
    Дека е лесно сами да си ги согледаме мааните, не е.
    Дека е лесно да прифатиме видување од страна, лесно е, ама...
    Дека сме суетни, сме... помалку или повеќе, сепак сме.
    Луѓе сме.
    Некогаш слепи, некогаш глуви, често тврдоглави, неретко самобендисани.
    И некогаш ни треба малку поостро пецкање и боцкање за да си го ставиме прстот на умот.
    Е оваа тема нека биде токму за тоа пецкање и боцкање.
    Несовршеноста, тврдоглавоста, па дури и глупавоста на прекрасниот човечки род нека ни биде инспирација.
    :D
     
    На Scars31, Hip.Hop_MKD и Selma им се допаѓа ова.
  2. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    сили литл ми

    Жал ми е, но морам да бидам искрена. Впрочем признавањето на вистината, најпрво пред себе, а потоа и пред останатите ѝ носи олеснување на душата. Па ете, неизбежно е да бидам искрена.
    Да се разбереме, ни малку не ми е лесно. Ми требаше многу, многу време да се соочам со фактите и очигледноста на нештата, оти, не дека се расфрлам со неосновани фалби, ама сум неверојатно вешта во нивно одбегнување, не на фалбите ами на фактите и очигледноста. Простете ми на повременото повторување на исти зборови, да се биде вешт во една работа, очигледно не е гаранција и дека ќе се биде вешт во секоја работа, па така соочувајќи се денес со очигледното, многу повеќе од соочувањето со него, значи со очигледното, вчера, морам уште еднаш да бидам искрена (иако уште еднаш веќе значи дека еднаш сум била, а сеуште не сум стигнала до првото еднаш, но ќе стигнам, имајте трпение, оти навистина, не ми е лесно, не ми е) и да признаам дека…. ми летна мислата!
    Значи нема да бидам искрена уште еднаш, ами само еднаш.
    Жал ми е, но тоа е тоа.
    Искрено признавам:
    Да бев маж, ќе бев хомосексуалец!
    Мислам во ред, веројатно да сакаш една жена е прекрасно (претпоставувам, не дека знам) ама да издржиш една жена би рекла дека е сепак многу, многу напорно.
    Непотребно е да Ви цртам нели? Е да, се сетив на „уште еднаш искреноста“. Сакав да си/Ви признаам дека сум далеку повешта во отсликувањето со помош на четки и бои, отколку во отсликувањето со помош на букви, подредени во зборови, а тие пак, понатаму, наредени во реченици.
    Муабетот ми е дека колку и да сакам да верувам дека имам лавовско срце (што и да значи тоа навистина, оти ако почнам да размислувам веројатно би сфатила дека може да значи сѐ и сешто, а не само едно нешто, но Вие во моментов не размислувајте, ами сфатете го како позитивно карактерно обележје) сепак не верувам дека го имам до толку и така силно.
    Мислам навистина, жал ми е, тешко е за мене, но морам да бидам искрена.
    Не сум, не сум толку издржлива, не сум толку трпелива, ма не сум ни толку храбра, за да не би била хомосексуалец, кога би била маж.
     
    На Browny, Lena и Scars им се допаѓа ова.
  3. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    саде мали букви :)

    и така еднаш си живеев во една зграда таму горе на десетти кат, ама зградата стара па нападната од едни мали ситни црвени мравки, ама буквално нападната, влегоја насекаде, во се`, а јас дома со дете мало па не можев да прскам или да ставам отрови по ќошињата, па цело време само ги бркав и барав од кај тоа излегват и како одат кај шо е најчисто и по нервите ми лазеа и не можев да ги поднесам
    па една вечер си миев јас пајнци во кујната, мислам многу нормално, оти не би ги миела во купатилото, ама да се нагласи треба оти деталите се битни исто ко обетките шо ги носам, а и црвената огромна чанта во комбинација со кафеави чизми или сиви балетанки, оти така сакам, а свекрва ми стално вели демек требало иста боја да биле чевлите и чантата, а и обетките ми биле чудни, а јас си велам да можев уште почудни обетки ќе носев, ама такви ко шо сакам нема, додуша еднаш праев сама од жица бакарна со клешти ја виткав, ама беа гломазни и ми тежеа на ушите и ги баталив и си реков ај у.п.м. со извинение, по обичај не пцујам освен ко ќе се изнервирам, а и првата песна шо ја научив ќерка ми да ја кажува беше – дунда дунда дебела, свадба и` е в недела, кој помини штипни ја, таја ништо не вели, само си се дебели… и ќерка ми имаше 2-3 години и ја кажуваше сегде, па ја прашуваа кој те научи, а таа цела ќефој и гордо велеше МАМА, а јас бев уште поќефој!!!
    и тие мравките ти викам ги видов еднаш ко миев пајнци во кујната значи, како излегват од едно дупче на ѕидот меѓу кујната и шпајзот и од то дупчето излегваја црвените мравки ама и еден кабел од струја и јас си реков – а шо у.п.м со извинение пак, бара овој кабел овде, сеа јас ќе го суредам и остајв пајнците, па зедов клештите, едни такви убај цели метални и абре убре стискав стискав стискав, ама кабелот дебел и не се кинеше, стигнав само до пола, ја скинав таја гумата заштитна шо ме потсеќа сеа на една друга гума заштитна ама таја нема везе со муабетов, и така кузнај шо ми текна, во последен момент ги сменав клештите и ги зедов тие другите со дршка гумена или пластична и така со неа пак абре убре и то тука наеднаш ми напрај БУУУМ или некој таков звук и светна една светлина и пуф чадојни ме исчадија а јас така останав и си реков- ај мајката шта то би???
    и така ми текна шо напрајв и си реков ти си жено нетокму и си ќутев така ко кабаетлија цела недела оти сите разбраја и ме заебаваја и ме викаја да одам да им поправам струјата, а шо е најбитно мравките нит ги избркав нит ништо, па ќе одев на фризер без пари за џабе, а таман ми беше тогаш кратка косата па ќе можев комотно да фурам панк стајлинг или таков некаков
    и то….
     
    На Browny и Lena им се допаѓа ова.
  4. Astrostoper

    Astrostoper Активен Член

    Зачленет на:
    5 март 2012
    Мислења:
    224
    Допаѓања:
    249
    купите си биде
    ако не знаете што е биде да ви објаснам
    биде е санитарен уред кој има прскалка, која прска вода на неупатените у фаца
    прочитајте упатсво, да не сте еден од неупатените корисници на биде то
     
  5. Scars

    Scars Староседелец

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    2,227
    Допаѓања:
    3,541
    Кога детето беше дете

    Ги мавташе рацете во од

    Сакаше потокот да биде река

    Реката да биде порој

    Баричката – море.

    Кога детето беше дете

    Не знаеше оти е дете

    Сè беше полно со живот, и сиот живот беше едно.

    Кога детето беше дете

    Немаше мислење за ништо.

    Немаше навики.

    Седеше скрснозе, се затрчуваше

    Косичето му беше залижано

    И не се местеше кога го фотографираа.

    Кога детето беше дете

    беше време за овие прашања:

    Зошто сум јас јас, а не ти?

    Зошто сум овде, а не таму?

    Кога почнало времето и каде завршува просторот?

    Не е ли животот само сон?

    Не е ли она што го гледам, слушам и мирисам

    само илузија на светот пред да биде свет?

    Постои ли вистина злобата

    и има ли вистински злобни луѓе?

    Како тоа јас, како јас,

    не сум постоел пред да се родам

    и како тоа јас

    веќе нема да бидам јас?

    Кога детето беше дете

    се давеше од спанаќ, од грашок, од оризова каша

    и од варен карфиол.

    Сега го јаде сето тоа

    не само затоа што мора.

    Кога детето беше дете

    еднаш се разбуди во туѓ кревет

    а сега тоа го прави често.

    Мнозина луѓе тогаш му се чинеа убави

    а сега само малкумина, ако има среќа.

    Имаше прецизна слика за Рајот

    а сега само ја нагаѓа.

    Не можеше да ја сфати ништожноста

    денес се стресува од помислата на неа.

    Кога детето беше дете

    играше со жар

    а сега

    еднакво се возбудува

    само кога станува збор

    за работата.

    Кога детето беше дете

    бобинки му паѓаа в рака како што веќе знаат

    и сè уште тоа го прават.

    Од свежи ореви јазикот му трпнеше

    и сега сè уште е така.

    На секој планиниски врв качено

    копнееше по повисока планина.

    Во секој град копнееше

    по уште поголем град.

    И сè уште е така.

    Посегаше по цреши на највисоките гранки

    со одушевеност што сè уште ја сеќава.

    Беше срамежливо со сите непознати

    и сè уште е.

    Со душа го чекаше првиот снег

    и сè уште тоа го прави.

    Кога детето беше дете

    стрелаше во дрво со стап небаре е копје,

    спомен што и денес го потресува.
     
    На Roxelana, *V****** и Lena им се допаѓа ова.
  6. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    lady_blue
    би те замолила да го префрлиш расказот
    "Јас,каучот и омилениот ми телефон " овде,
    пошто овде му е местото:)
    тенкс
     
  7. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    Прилепе (не)среќо моја

    Народе прилепски биди без грижи
    Пивофест повторно пак ти се ближи

    Леб и игри посакува секој
    За џепот да си го наполни некој

    Пааа..к ќе го славиме алкохолизмот
    И големата победа над фашизмот

    Колку појче пјани глави
    Толки појче пивофест се слави

    Народот весел, во веселба ужива
    Власта се фали, демек ја бидува

    Песни и игри, кловновски паради
    Политички игри и маскаради

    Кој чебиди сега шо че ни пеј
    Ај пак нека биди пијаниот Џеј

    А ти, прилепчанецу, курназу еден
    Покажисе сега колку си вреден

    Сто тони пиво во литрни те чека
    Работата можи малку да почека

    За пивофест испи сто пивски чашки
    И пак стани херој и умри машки

    Еј Прилепе, друг како тебе нема
    Некојпат херој, сега сармички спрема
     
  8. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    Прилепчани пак градат споменици за своите херои. Којзнае по кој пат. Прилепчани на татковината и се потребни само кога треба да се стави нож подгрло. За возврат им даде само господ шо ќе даде. Курназ државата, курназ (будали) прилепчани.
     
  9. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    Познато е (било само виц) дека секој трет македонец е шпиун. Првиот е војвода, вториот е комита, третиот е шпиун. Ако ги лустрираме сите нив отиде една третина од нашето народно и културно творештво опеано за вековната херојска борба за слобода.

    Голем дел на нашата историја и припаѓа на славјанската доба. Си припишавме и дел од античкото доба. На ред дојде градителството во барокно доба. Наша голема желба е, се разбира, да живееме во современо доба. На крајот оваа прошетка од епоха во епоха ќе не одведе во - камено доба.
     
  10. Grupa Seirdzii

    Grupa Seirdzii Староседелец

    Зачленет на:
    11 јули 2013
    Мислења:
    106
    Допаѓања:
    81
    ,,Јас сум ти гиспоџа Фатме. Имам пет живи деца, три су ми умрела, четири пути сум си абортирала, сега пак сум у друго стање. По питање за абортус и репродуктивно здравје на советување ќе го пратам мажми Иса да научи оти кондом и најлонче од самопослуга несе иста работа,,

    Господинот Зоран Заев, председатек на СДСМ, како средство за ненасилен отпор предлага граѓаните секоја вечер во 20.00 часот да ја исклучат струјата во своите домови и така во мрак да покажат дека се незадоволни од политиките на сегашната власт. Се прашаме, кој пат ќе биди СДСМ да не фрла во мрак ?
     

Сподели: