Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Националистичките страсти им се на врвот на јазикот.
Така исплазен, никогаш нема да ги почувствува јазичните разлики.

Ги менуваа страните на историјата како чорапи, но,
најромантичен дел им беше кога од зад Карпатите стасаа – боси.

Тешко дека ќе прифатам да бидеме нечија провинција или составен дел,
ако морам со едната рака да пишам, со другата да потпишам.

Досега навивав за „Партизан“ и „Црвена Звезда“.
Ај да не ги боли главата,
отсега ќе навивам за „ЦСКА Софија“ и „Черно Море“.

Баба Ванѓа ништо не кажа што ќе биде со Македонија во 21-от век.
Единствено знаеме дека бабата навреме си обезбедила бугарски пасош.

Со тројца сведоци се стануваше партизан.
Заради ревизија на историјата, тројцата го сменија исказот, едниот се покаја.

Спремаат нешто за кое се знае дека историјата ќе го повтори.

Сечењето на Гордиевиот јазол не е територијално разграничување.

Кога сите горе долу се тука, партијата си ги среди кадрите.

Први пропаднавме во мразот. Но тоа се само климатски промени.

Туркаме некако, а со истата сила можевме нешто и да сработиме.

Зеде земјиште под концесија. Колку цела Крушевска Република.

Оние кои ползат, наместо плунка, лачат отров.

Како Библиски народ, кој од забранетото јаболко направи јаболко на раздорот ?

Македонија никој не ја почитува.
Такви се времињата – никој никого не е*е.

Опозицијата го изнесе народот на улица.
Повеќе личеше на турниме да кинисам.

Крупната и ситната стока нема ништо против пченката да има ниска
откупна цена. Ќе си остане во амбарите.

Власта не го погоди годишното време.
Со есента, изборните ливчиња им пожолтеа.

Корисниците на марахуана ќе бидат конзументи.
Оние на тутун – пушачи, и ќе си останат надвор.

Нудам плацебо вакцини.
Терапијата е успешна, со благи симптоми на лажни ефекти.

Не исплашија со птичјиот грип, и на крајот ништо.
Десет милиони кокошки отидоа така, но барем не беа луѓе.

Од сите природни катастрофи најповеќе ме плаши менливоста:
се’ се раѓа и умира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА


На нашиот сосед ќе им ја дадеме железницата.
Во тек е приклучување на нивните старо-нови „административни“ вагони
за депортација и истребување.

Онака како што се гледам вакви-никакви,
почнувам да верувам дека и ние сме Татари.

Ревизија на библиската вистина:
Господе, кога во Библијата напиша Македонија,
зашчо тогава скри, че си с б’лгарски чувства.

Соседот ги постави различните услови за заедничка историја.
Се што е наше е и нивно, се што е нивно е и наше.

Сонував влада на спас, и ако по стас и (давај)гас,
таа и понатаму личеше на влада на еден Горостас.

Ставија потпис против пописот.
Со уште неколку лични податоци, ќе допринесеа
операцијата да заврши предвреме.

Купете домашно, пред да купите кинеско како да сте дома.

Нашиот коњ за трка го јава џокер во рака.

За џелатот, дилемата окулу самоубиството е губење време.

Кога се ракоплеска, првата асоцијација е задникот на секретарката.
Каков мобинг јавно искажан.

Ако лажниот сведок се предомисли,
на лажните вести нема да им побегне лажниот исказ.

Долга е раката на партијата.
Долга е долга и реката на бегалци.

Купив диплома за 5000 евра.
На пазарот за стари учебници купив и сведителство за
осмооделенци..

Со мерките за изолација ќе дојде до смена на генерации
без тоа да го осетиме.

И бездомниците се сместија во карантинска изолација.
Секој си обезбеди картонска кутија.

По десет години одлагање на смртната казна,
конечно се најде лош адвокат - осудениот е егзикутиран.

Ми ја украдоа колата. Бараат 50 евра за откуп,
Организирана мафија на пајак за кревање коли и машина за
гмечење во коцка.

Историјата се повторува.
Гледано од дистанца, сеуште не се сите изгинати.

Сега сме северна.
Барем нема да треба да ги одмрзнуваме преговорите со пингвините.

Народот сака се’ да му се каже кратко и јасно.
Државата сеуште нема обезбедено доволно афоризми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
(наши) ПРАТЕНИЦИ

Пратеници: кисели краставици, расолници,
македонска салата со лук и вода и ситна боранија.

Пратеници: со цвика задоени, со трици закроени,
во бутин (на)чукани, низ дрмон сејани, кукол просејани.

Пратеници: меса мелени, црева заплетени, ќуфтаци,
свињетини, говедини, стока шталска, товени.

Пратеници: лажговци, обесеници, арамилуци,
чедо од мајка крадат, мајка македонска.

Пратеници: клоци, шлаканици, тупаници,
очи си вадат, вина си садат, циркуси, страмотилаци.

Пратеници: шпиуни, кукавици, предавници,
змија или магаре да ги клукне, никој збор нема да гукне.

Пратеници: sевгари, sвонарци, клопотарци,
на собраниска бина гнасоговорници.

Пратеници: сезнајковци, незнајковци, зајковци,
и душа и тело, и ука и наука, и ум и разум, ебиветровци.

Пратеници: избраници, миленици, галеници,
по алчност зинати, ненаситници, крвопијци.

Пратеници: делкани, недоделкани, вредни, невредни,
по матни води испуштени, диреци, дибеци.

Со чесни исклучоци.

Подобри зборови неможев да најдам оти и јас сум пратеник.

Пратеник пратен по продавници, месарници, аптеки, шалтери,
сметки...

Пратеник патеник кој го чека новиот пакет антикризни мерки
за спас на фамилијата, со пензијата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
AKO ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА


Во очекување на новата нормалност,
и понатаму ќе ја чекаме стара-нова година.

Со давањето концесии ќе никнат нови фармери.
Тоа се моќни градски каубои.

Организираниот хаос секогаш завршува во центрифугата на афоризмот.

Новата историја е по динамична.
Лесно се добива туѓо државјанство.

Бог ги протера луѓето од рајот на земјата.
Луѓето на земјата направија држава и го протераа Бог.

Вистината е најјако оружје.
Атомската бомба го докажа тоа со вистината за Хирошима.

Нема повеќе наши-ваши маала.
Сега се пластат кварт врз кварт.

Сите знаат дека власта краде.
Власта за тоа ништо не знае, но ќе провери кои се тие што знаат.

Јавната тајна е строго доверлива работа на службите кои се јавен сервис на граѓаните.

Навистина не се знае дали нашите политичари само ги читаат
или препишуваат трагедиите на Шекспир.

Роботите ќе ги заменат луѓето.
Луѓето ќе ги заменат осигурачите.

Сенката на песочниот часовник ќе ми ги покаже моите пет минути животна шанса.
Дотогаш треба само да ме прати сенката.

Кога со усните ќе го допрете филџанот кафе, замижете.
Тоа е бакнеж.

Дури и да се воспостави дека ковид вакцината ја подобрува потенцијата,
антиваксерите нема да ги поколеба ни оваа лажна вести.

Го прашам едно прваче:
„Има по некоја единица“ ?
„Има по некоја“.
Првачето не знае што е единица,
ама на видео игрите знае што е формула -1.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
ЕТИЧКА НОРМА

Една од највисоките етички норми на човекот, чии творец е
античкиот филозоф Платон, е’ умереноста. Умереност во
се’ и сешто. Према тоа, ова задолжително важи и за исхраната:
една од најголемите дилеми на секој поединец во балансот помеѓу
дебелото ждерење и воздржаноста од прејаденост

Па, како јас наоѓам средина меѓу крајностите во она што е
премногу и премалку кога ќе седнам на трпеза.

Ако ми дадат две плескавици, јас јадам една. Ако ми дадат
една плескавица, јас јадам половина.

Соговорникот одма прашува:
„А ако ти дадат половина плескавица“ ?

„Е, за тоа ќе ја прашате мојата жена – одговарам. Откако ќе купам
една плескавица, таа ја дели не две половини. Едната половина
ја јадеме денес, другата утре“.

И филозофот да беше тука, ќе го оправдаше ова, ако воопшто знае
што пропушта да го седнеш, да речеме, на три-четири парчиња
прилепска скара.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Македонците се кратковиди за вселената.
Најдалеку што можат да видат е созвездието Европска Унија.

Кој во Европа и намига на Бугарија да не блокира ?
Некој кој од овој едноок пештерски Киклоп направи слепец,
нарекувајќи се Никој.

Донесовме Резолуција. Соседите подготвуваат револуција.

Ако нудите изборни ветувања, ветете го истото.
Ако е заебано – веќе е обременето.

Земјата пука.
Дали Зелените партии ќе ја наводнат политичката суша.

Од премногу страшила кои се заколчија по нивите,
нашето земјоделие стана страшилиште.

Нема повеќе меѓу себе да се крвопролеваме како пред сто години.
Сега и за обичен упад во Собранието се оди на суд.

Печатените учебници и понатаму си ги редат коцките.
По вертикала и хоризонтала личат на крстозбор.

Химната има една мана. Никој не смее да ја смени плочата.

На иконата и течат солзи. Таванот прокисна.

Не сум за катаклизми. Пироманам на локалната сцена.

Научете да читате историја меѓу редoви.
Така се учи компромис.

Основен закон во политиката е дека после лошо доаѓа добро.
И гром откако ќе утепа се ведри.

Имаме повеќе „патриоти“ отколку што имаше партизани.
Да ти стане жал што повторно ќе победиме.

И продавачите на оружjе се за демократија.
Навреме да ја вооружаат.

И на дворските будали им олесна.
Наместо да измислуваат вистини, може и лажни вести.

Браќа се браќа: овците ги стрижат заедно, ама сирењето
со пари – ќе речат партиите во коалиција.

По една година свртив следна страница од книгата.
Доволно да речам дека свртив нов лист во животот.

На шаховската табла никој не се бори за фотења.
За поле на заеднички интереси.

За оние кои не знаат или заборавиле: ТИТО ништо не украде од државата.
Прво кон себе си беше диктатор, после кон другите.





 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Не припаѓаме ни кон Голема Албанија, ни кон Бугарија,
туку кон Географска Македонија. Таму ни е местото.

Српски свет, Албански свет, Македонски свет, срп и чекан -
Отворен Балкан за цел свет.

За соседите претставуваме смртна воена закана.
Дека не е така им посакуваме што поскоро природна смрт.

Враќањето на опозицијата на власт не значи доаѓање
на Талибани. Може тоа да бидат и некои – заебани.

Нема поголеми црвени линии од факти.
Тие се како историја закована со шајки.

Доаѓаат „жутите“.
Понатамошната соработка ќе зависи од тенот: дали ќе
пожолтиме или помодриме.

Видов колку вредиме кога застанав на ред на дистанца.
Сите сме за на опашка.

Празната глава на лидерот е празно политичко место.

Направивме технолошки скок. Го прескокнавме умот.

Нашите перспективи се при врвот. Ја наполнивме дупката.

Есперанто не успеа,
ама говорот на кој не можеме да се разбереме успеа.

Економијата оди напред, но никако да го престигне Ковид 19.
Глобализацијата и даде предност на пандемијата.

Власта ја донесе државата до дното.
Опозицијата, и ако под ова ниво, чека на готовс.

Тој е шеф на мафијата, но помило му е местото градоначалник.
Изборот за ликвидација е поширок.

Страшилата по нивите имаат нова задача.
Заради климатските промени некој треба да ги чува и луѓето.

Антарктикот се топи.
Планетата се подготвува за глобална плажа.

Турбо фолкот го загрозува македонскиот мелос.
Свадбите се покажаа како единствен компромис.

По опасен војник од Ковид-19 досега немало,
доколку не се построи пред пунктот за вакцинација.

Додека траат климатските промени се откажав од временската
прогноза. Па, уште колку некој метеоролог мене ќе ме заебава.

Македонија ќе беше во Европската Унија,
ако ја немаше додавката – Швајцарија на Балканот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Нашата држава има фашистички споменици.
Каменот не е фашистички, ракописот е’.

Не биле сите Бугари фашисти, како што не се сите
против фашистичката блокада за Македонија – тоа се црвените линии
во нашите учебници за државата Бугарија.

Срп и чекан, крст, кукаст крст. Тие би сакале уште поцврст материја.

Светот е пред енергетска криза.
Ќе ги активираме атомските скривници или атомските централи.

Бараме водач кој ќе не води.
Може да биде и лажен Тито, како тој од Југославија.

Делуваме локално, мислиме глобално.
Бираме локални политичари, мислиме каде ќе залутаат глобално.

Ги поврзавме сите мостови на Балканот.
Уште да го симнеме водостојот на крвна омраза.

Економијата има многу гранки, речиси вејки за потпал на државата.

Не разликувам скеле од скелет. Висам како сув лист.

Реткост се три новороденчиња. Сега не е реткост трет пол.

Секоја природна катастрофа ја повторуваме како строфа.

На книгата така и беше пишано. Да и напишат лоша критика.

Јас сум локален патриот.
Повеќе пласирам чаршински муабети отколку лажни вести.

Во училиште вежбав патриот.
При испрашувањето не го открив името на писателот.

Чим ќе ми речеа компјутерски вирус,,
одма ми требаше кислородна подршка.

Естетиката е наука за убавото.
Убавината без наука ќе ја најдете кај жената.

Се определив да живеам од денес до утре.
Колку по толку ќе ми трае животниот век ?

Само во бракот еден плус еден не се два.
Збирот еден врз еден дава три.

Погребите се значајна алка во фамилијарниот круг.
Средба на роднини кои не се виделе од последната свадба.

Моите афоризми не се интересни.
Премногу се кратки за оние кои се толку долго на власт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Несреќата не прати на секој чекор.
Затоа и правиме подготовки на секој чекор.

Бараме простор да се пр(ко)симе за името кога
и ситната стока се прси. Што не се прси не се кози.

Не беше свадба. Пукавме да покажеме дека изборната победа
ќе биде наша долгорочна огнена мета.

На геополитички план Македонија е само дождовна капка.
Најчесто проектил кој ја прелива чашата.

Имаме север, немаме југ. Но затоа имаме патриоти и предавници
кои ќе го повторат крвавото американско обединување
меѓу северот и југот.

Бугарите не ја добија Македонија ни од Византијците, ни од Отоманите,
ни од Фашистите. Сега ја кандисуваат Европската Унија.

Треба да се најде место за бугарската историја во нашите учебници.
Словенските племиња ќе им ги отстапат првите три страници.

Ако имаме заедничко минато
ќе треба да клекнеме едни пред други за прошка оти меѓу себе се колевме.

Кога ќе се спомне финско образование, ми текнува кога не учеа
да се капиме во лимено корито како во финска сауна.

Военото профитерство стана глобално профитерство.
Цел свет е во војна со мирот.

И јас сум Гоце Делчев, ама за Турците сум дел чев, дел сеир.

Селаните жалаат што ја напуштија земјата, а не државата.

Од долго чекање станав врсник со иднината.

Смеењето е лек, во народната медицина со секирата во мед.

Се плашам од премногу незнајни јунаци.
Повеќе од нивните спомени отколку споменици.

Наставата ќе се одвива дигитално.
Наместо од часови, ќе се бега од дома.

Државата за секое новороденче дава по неколку иљадни евра.
Колку би дала за поговорката роди бабо дете.

На крузерот има многу слепи патници.
Откако ќе се симнат, ќе видат дека ништо не виделе.

Доаѓаат години кога со сопругата и во спалната соба треба да се биде воспитан.

Во Прилеп без значајни промени во локалната власт.
Ортопедија и понатаму ќе гипсира, оперира и кичми витка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
ФУТОРАМА

За да ја тргнат блокадата за Македонија за влез во Европската Унија, Бугарите ги поставија
следните најнови услови:

„Бугарите без визи да можат да патуваат во Соединетите Американски Држави; Бугарија да
стане членка на шанген зоната во Европската Унија; Македонија да ги исполни сите, сите,
сите услови кои ќе ги постави Бугарија; и, Бугарите да бидат први кои ќе слетаат на Марс“.

Со оглед на барањата, граѓаните на Република Северна Македонија упатија молба до
Соединетите Американски Држави на Бугарите да им го исполнат барем последното барање,
со тоа што ќе им го отстапат Холивудското студио во кое Американците го направија своето
прво спуштање на Месечината (студиото овојпат да се офарба во црвено), и на Бугарите да им
овозможат први да слетаат на Марс.

Граѓаните на Македонија однапред се заблагодаруваат за молбата, со срдечен поздрав до
следното видување на Марс, односно во Холивудското студио, или до таму каде се ова ќе забега.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider