АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНА
Ги унапредивме протокуларните можности.
Европските лидери ги дочекавме со највисоките почесни
државни историски промени.
Не чека уште едно метафизичко референдумско прашање.
Дали сте „ЗА“ нашата држава да остане дрвено железо.
На селаните им раскажуваме градски приказни.
Дека нивните ефтини производи го прават животот во градот поубав.
Окулу месарница се кружи, во кладилница да се заокружи.
За иднината се препукуваме, за минатото ќе припукаме.
Пијан возач усмрти пешак.
Дегустација на смртта.
Ако не оди со глава низ зид, пробајте со инаетот.
Ќе го изеде.
Купената диплома е сестрана.
Подучува и на други поткупени нешта.
По фудбалскиот пораз, нема знамиња на половина копје.
Се е под нозе.
Не чека тешка зима.
За среќа, на снегот нема да му биде тешко да напласти.
И дома штедиме топлинска енергија.
Стиснати сме еден до друг во струјно коло.
Нема ништо од Трета светска војна,
ако е ова со (не)испораката на плин шах мат позиција.