АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА
Кога партијата ќе дојде на власт, прво ја сечи гранката на која седи.
Својата опозициска мантра.
Кој уште работи за нашите работодавачи ?
Уште оние на кои куферите им се спакувани до половина да заминат.
Нашите органи за гонење се бестрашни момци.
За хорор сцените учат од Црвенкапа и од Идризово.
Нашите ученици ќе учат критичко мислење.
Во секој клас ќе се формираат комисии како да се смени историјата.
Ни треба водач кој ќе не води.
Барем ќе се најде некој кој нешто ќе работи.
Некој заврши во гепек, некој во гајба,
ама никој не заврши како државна тајна.
Од времето на Неврзаните на Тито,
и денес има останато многу неврзани глави контра глобализмот.
Према народната традиција, и кога имаме, во приказните секогаш немаме.
Со алтернативните извори на енергија,
сега на планетата Земја ќе и ја вадиме и душата.
Сечењето на гранката на која се седи исто спаѓа во еколошка катастрофа.
Танка е границата меѓу лудилото и генијалноста,
како и меѓу анархијата и демократијата.
Политичар се колне пред народот.
Жими сите клетви и летви врз секој кој ќе се изјасни како граѓанин.
На молитва верниците се наведнуваат, атеистите се исправаат.
Неопределените прават склекови.
Смртта никогаш нема да ги стаса пензионерите.
Штом ќе ги стигне, пензиите ќе живнат, и ете апорија.
Вештачката интелигенција се повеќе ги менува своите вештачки навики.
Има се повеќе човечки мани.
Нема ефтин домашен леб без да се изедат сто евра леб.
И паниката е излез.