Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Ќе формирам партија ВМРО - Терористичка.
Допрва ќе плачете, да парафразирам.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Ај у к...ц со вашите територијални поделби.
Оградете ме од двете страни со заштитна жица,
и почнувам да си возам на свој терен,
порача автопатот во изградба.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Незнам ниту еден Македонец кој би го направиле толку паметен
да поверува дека не’ не бидува.

Услов Бугарите да влезат во секој Устав каде што има Македонци,
е да излезат како Македонски Бугари со скршена вилица.

Изградбата на автопатите е најголемиот проект досега во Македонија.
Поголем дури и од распадот на Југославија.

Власта нема да падне како круша.
Бидејќи е тиква, печена е.

Битката се води со измислен непријател.
Наместо ветерници, нам ни се вртат коцкарници.

Светот гради пирамидални кули од банки.
Континенти се рушат како кула од карти.

И криминалците треба да влезат во Уставот.
Како малцинство, ги има во сите мнозинства.

Големпеток, најтежок ден во годината.
Секојпеток, најтежок ден во неделата.

Шеесет часа работна нeдела ?
Нелутисе човече.

Народот е политички субјект.
Слепата власт го направи пес водич.

Власта ги намали цените,
а после стаса соопштение да се намалат и оброците.

Тие градат километри,
а овие километражот го враќаат назад.

На избори биравме меѓу две зла, на крајот произлезе целина.

Примам лекови за памтење, но не знам што памтат.

Го видовме светлото на крајот од тунелот.
Се враќа дневната ефтина струја.

Во Прилеп само мајтап муабетите не се лажни вести.
Целосна вистина е зошто тука мајмун неигра.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Мостот „Беласица“ или ќе биде ставен во функција,
или ќе биде урнат. И трето, повеќе нема да биде мост меѓу нас.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Опозицијата не попушта.
Ама здравиот разум во државата попушта.

И опозицијата сака афтопати, но без Уставни измени,
и географската карта на Европа ќе остане без измени.

Право време политичарите да ги остварат своите ветувања.
Врнежите гарантираат навремено наводнување.

Сите се побунија против 60 часа работна недела.
Земјоделците во чудо: „што им е на овие“.

Една изборна единица !? Има во тоа длабока позадина.
Последните да дојдат први.

Мојот паричник е уметничка минијатура.
Има нешто естетско во минималната плата.

Заради фаличната работа на Собранието,
пратениците да ја докажат својата инвалидност а не да се преправаат.

Сум за партиско членство, ама членство во администрација.

Во повеќенационална влада не се знае дали се именува ресор или агресор.

Библискиот потоп е само лист хартија во споредба со климатските промени.

Афоризмот е пат позиција помеѓу литературата и читателите.

Вештачка интелигенција ДА, но без штетни адитиви за човештвото.

Вештачката интелигенција ќе прави уметнички дела.
И кичот се обиде да прави исто со пластиката.

Нема страв од вештачката интелигенција.
Одговара како агностицист: Бог можеби има, можеби нема.

Се сеќавам на концертот, но дали скалите беа црно бели
или она на што свиреше клавиристот.

Ова лето се очекуваат фер и поштени избори.
Уште малку и ќе почне сезоната за избор на лубеници.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Мојот фрижидер користи вештачка интелигенција.
Ја замрзна храната, пред владата да ги одмрзне цените.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Можам да го замислам ВМРО во ЕУ.
Комплетно во Будимпешта.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Пак сме пред „историска седмица“ заради лидерската средба.
Очекувањата на граѓаните се големи.
И тие се пред „историска седмица“ за финалната средба во Лига на шампиони.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
На малото дете од опозиција му никна првото запче,
и како рипче си рипна во тавче.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
195
47
1,038
75
Селаните се правдаат за украдената струја.
Крадевме во кофи, не на диво.