БАЦИРАКА
Бугарски новинар ни испрати порака, дека треба да им бациме рака ако сакаме
да ни дадат благослов за влез во Европската Унија.
Давањето или примањето бакнеж е прастар обичај, сублимиран во љубовта кон
ближниот свој, изразување на топлина, чувства, пријателство.
Бакнежот си има Библиско минато уште од „Стариот завет“, кога Бог го направил
човекот од кал и прашина и со бакнеж му вдахнал нов живот, наречен „бакнеж на
животот“.
И покрај долгата традиција на бакнежот, некои народи и денес во својата комуникација
не практикуваат бакнување, користејќи при тоа други форми на мимикрија за изразување
на почит и емпатија кон другиот. Ескимите го тријат носот, тибетанците го плазат јазикот,
англичаните прават благ наклон, кинезите се поклонуваат еднозадруго, некои се допираат
со рамо, си пружаат рака и т.н.
Под бакнеж најчесто се подразбира „љубовен бакнеж“ помеѓу два спротивни пола (или
истополови, ЛГБТ заедниците), додека пак со симболичен допир на лицето може да се
бакнат пријатели, роднини, родители, деца, истомисленици и истоверници. Постои и т.н.
„општествен бакнеж“ кога се бакнуваат политичари во знак на лојалност. На императорите
и папите им се бакнуваат колената, нозете, делови од облеката, стапките. На попот му се
бакнува рака како носител на „Христовото тело“. Мафијашите го бакнуваат оној кој треба
да биде ликвидиран, спортистите се бакнуваат по даден гол, невестата на свадбата врви
„бацирака“ до собере пари, патниците кога ќе се симнат од авион ја бакнуваат земјата...
Најдолгиот бакнеж во историјата траел 130 часа и две минути.
Да се вратиме на бугарскиот бакнеж.
Ако треба да дадам бакнеж, тоа секако би бил мафијашки, оти толку многу сум навреден
од наметнатата блокада, така што поинаков говор на омраза и не заслужуваат освен
bacio la morta, се разбира, Бог да чува. Но, може тоа да биде и „бакнеж на животот“ кој
денес на многу јазици означува вештачко дишење со техника уста на уста, зашто им е
потребна итна медицинска помош да си дојдат себеси од националистичкиот занес и
шовинистичката болна живост.
Би завршил со цитат од Џонатан Свифт, творецот на „Гуливер“, кој рекол (а тоа е и прашање
до Бугарите): „Мили Боже, се прашувам кој лудак го измислил бакнежот“.