Jaс сакам да одам на брод (не ова, следното лето) но исклучиво само во гифт шоп, или било каков шоп. Од проста причина, што единствено што знам да работам - е да продавам
Не би се снашла како келнерка, имам две леви раце, а собарка... not again, thank you.
Ова лето одам за Америка (work and travel) што секако е голем плус кога одиш да работиш на брод, повеќе го ценат него домашното искуство. Оваа година ќе работам во маркет, што не ми е баш поврзано со гифт шоп или продавница за накит (каде што најмногу сакам да работам...) а тие бараат работно искуство. Верувам дека тешко ќе добијам таква работа... но ќе се обидам.
Ти си истата со која што зборев...онаму???
Мислам дека си
па види прва година работиш за да вратиш пари за пат и да си купиш нешто, со тоа што сегде имас по 20% попуст за челнови на бродски компании, втора година значи ако си Staff не плаќаш карта работиш стрикно за ќар, доколку си во Crew(ниска позиција) ке си платиш карта и за нејзе ке работиш па после ќар... инаку на бродот ти е се бесплатно освен алкохол.
никако конзумирање на дроги бидејки секој ден се прави дрога тест. те фатат леташ од работа.
никако да се очукуваш. те фатат леташ од работа.
со гостите само официјално. никако нешто повеќе со нив пошо ако те фатат леташ од работа.
никако тепање, и да не си почнал тепачка летате од работа и двајцата.
Staff : капетан , негови помошници , менаџерот негови помошници и надзорниците
остало се што е под нив се Crew.
колку за информација
3pi0 извини, ама толку измешани информации како твоите никаде нема да се најдат. Плус тоа пола не ти се точни!
Прво, за казино НЕ се заминува само преку Бугарија. Се заминува преку Македонија и еве јас сум ти жив пример за тоа. Никој не ти бара да имаш завршено обука, туку ти бараат работно искуство од 2+ години.
Платите некаде се фикснии, некаде не. Најчесто имаат бакшиш кои што сакал или не, гостинот на брод МОРА да го даде. Кога имаат чек ин им се задржува кредитната картичка или депозит во кеш, па така им се наплаќа бакшишот и можните штети за време на престојот.
Staff позиции НЕ се оние што ги наброја. Тие се Officers. Тука спаѓаат и сите што работат на рецепција.
Сите што работат во казино, гифт шоп, спа, фитнес инструктори, лицата задолжени за екскурзии, на некои бродови менаџерите на баровите, рестораните, хаукипинг како и сомелиерите се Staff.
За последниве, во зависност од големината на бродот и организациската поставеност, се доделуваат и титулите.
Crew се чистачи, помошик келнер, бармени, собарките и слично на нив.
Авионскиот билет најчесто си го плаќаш сам. Селебрити и NCL на сите вработени им плаќаат повратна карта. Ројал не плаќа за прв договор, за втор во договор со администрацијата најчесто ти плаќаат. Сите компании што не плаќаат карта за одење, ти ја плаќаат за враќање.
Разликата меѓу Мајоми и Коузон е тоа што Мајоми ги праќа најчесто за чистачи, помошник келнер, собарки, а Коузон регрутира за сите позиции. Затоа преку Мајоми се заминува побрзо. Келнерите се оние што се откажуваат многу брзо, некогаш и не чекаат да им заврши договорот. Не е секој за таа позиција.
Но не значи ако си заминал да работиш за некоја компанија дека ќе работиш за бродската компанија. Гифт шоповите, спа центрите, фотографите се само концесионери на бродот. После завршување на еден договор ако сакаш да аплицираш за преместување во друг департмет, 90% ќе те одбијат затоа што не работиш за нив. Во тој случај некои компании бараат да поминат 9 месеци од завршувањето на договорот за да можеш да аплицираш за некоја нивна работна позиција....
На бродот не е се бесплатно. Всушност се освен спиење и јадење се плаќа.
Перење алишта се плаќа, интернет се плаќа и тоа премногу скапо, телефонсите повици се плаќаат, сапунот дури се плаќа. Детергентот, пастата за заби, дури и водата. Се плаќаат екскурзиите надвор од бродот (ако воошто имаш време да излезеш) и вработените имаат попуст. На некои бродови Staff може да оди бесплатно.
Crew позициите имаат лимитиран простор во кој можат да се движат додека не се на должност. За staff не постои таква забрана.
И пораснете веќе, темата е РАБОТА НА БРОД, а не Work&Travel. Отворете си друга за тоа.