Работа на брод

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Сакав да кажам дека ако веќе би одел во Америка би одел ама да не работам туку да трошам значи без никакви обврски.
Ахаааа тоа е веќе друг муабет ;) Е за такаааа треба да имаш минимум 5000 долари, зборам за се, и за патот и за смештај таму (ако немаш некој кај што можеш да одиш) и за јадење и за искачања... Муабетов е за седење месец дена така нешо
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Ахаааа тоа е веќе друг муабет ;) Е за такаааа треба да имаш минимум 5000 долари, зборам за се, и за патот и за смештај таму (ако немаш некој кај што можеш да одиш) и за јадење и за искачања... Муабетов е за седење месец дена така нешо

И да отидеш во казино...еднаш на раат да изиграш џокер покер или тексас холдем како човек :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Е тоа е веќе друго, јас зборев за work&travel како што си бев лани... неможам сега да одам со таа програма дека не сум студент, ама за на брод можам кога сакам и знам дека не ми треба ни да сум студент ни ништо т.е. ми треба јазик, немам проблем со тоа, тоа и студирам ;) пари не ми требаат многу, искуство имам доволно, вољата и желбата се тука :cool:
 

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Jaс сакам да одам на брод (не ова, следното лето) но исклучиво само во гифт шоп, или било каков шоп. Од проста причина, што единствено што знам да работам - е да продавам :) Не би се снашла како келнерка, имам две леви раце, а собарка... not again, thank you.
Ова лето одам за Америка (work and travel) што секако е голем плус кога одиш да работиш на брод, повеќе го ценат него домашното искуство. Оваа година ќе работам во маркет, што не ми е баш поврзано со гифт шоп или продавница за накит (каде што најмногу сакам да работам...) а тие бараат работно искуство. Верувам дека тешко ќе добијам таква работа... но ќе се обидам.
Ти си истата со која што зборев...онаму???
Мислам дека си:)

па види прва година работиш за да вратиш пари за пат и да си купиш нешто, со тоа што сегде имас по 20% попуст за челнови на бродски компании, втора година значи ако си Staff не плаќаш карта работиш стрикно за ќар, доколку си во Crew(ниска позиција) ке си платиш карта и за нејзе ке работиш па после ќар... инаку на бродот ти е се бесплатно освен алкохол.
никако конзумирање на дроги бидејки секој ден се прави дрога тест. те фатат леташ од работа.
никако да се очукуваш. те фатат леташ од работа.
со гостите само официјално. никако нешто повеќе со нив пошо ако те фатат леташ од работа.
никако тепање, и да не си почнал тепачка летате од работа и двајцата.
Staff : капетан , негови помошници , менаџерот негови помошници и надзорниците
остало се што е под нив се Crew.
колку за информација :D


3pi0 извини, ама толку измешани информации како твоите никаде нема да се најдат. Плус тоа пола не ти се точни!

Прво, за казино НЕ се заминува само преку Бугарија. Се заминува преку Македонија и еве јас сум ти жив пример за тоа. Никој не ти бара да имаш завршено обука, туку ти бараат работно искуство од 2+ години.
Платите некаде се фикснии, некаде не. Најчесто имаат бакшиш кои што сакал или не, гостинот на брод МОРА да го даде. Кога имаат чек ин им се задржува кредитната картичка или депозит во кеш, па така им се наплаќа бакшишот и можните штети за време на престојот.
Staff позиции НЕ се оние што ги наброја. Тие се Officers. Тука спаѓаат и сите што работат на рецепција.

Сите што работат во казино, гифт шоп, спа, фитнес инструктори, лицата задолжени за екскурзии, на некои бродови менаџерите на баровите, рестораните, хаукипинг како и сомелиерите се Staff.
За последниве, во зависност од големината на бродот и организациската поставеност, се доделуваат и титулите.
Crew се чистачи, помошик келнер, бармени, собарките и слично на нив.
Авионскиот билет најчесто си го плаќаш сам. Селебрити и NCL на сите вработени им плаќаат повратна карта. Ројал не плаќа за прв договор, за втор во договор со администрацијата најчесто ти плаќаат. Сите компании што не плаќаат карта за одење, ти ја плаќаат за враќање.

Разликата меѓу Мајоми и Коузон е тоа што Мајоми ги праќа најчесто за чистачи, помошник келнер, собарки, а Коузон регрутира за сите позиции. Затоа преку Мајоми се заминува побрзо. Келнерите се оние што се откажуваат многу брзо, некогаш и не чекаат да им заврши договорот. Не е секој за таа позиција.

Но не значи ако си заминал да работиш за некоја компанија дека ќе работиш за бродската компанија. Гифт шоповите, спа центрите, фотографите се само концесионери на бродот. После завршување на еден договор ако сакаш да аплицираш за преместување во друг департмет, 90% ќе те одбијат затоа што не работиш за нив. Во тој случај некои компании бараат да поминат 9 месеци од завршувањето на договорот за да можеш да аплицираш за некоја нивна работна позиција....

На бродот не е се бесплатно. Всушност се освен спиење и јадење се плаќа.
Перење алишта се плаќа, интернет се плаќа и тоа премногу скапо, телефонсите повици се плаќаат, сапунот дури се плаќа. Детергентот, пастата за заби, дури и водата. Се плаќаат екскурзиите надвор од бродот (ако воошто имаш време да излезеш) и вработените имаат попуст. На некои бродови Staff може да оди бесплатно.
Crew позициите имаат лимитиран простор во кој можат да се движат додека не се на должност. За staff не постои таква забрана.



И пораснете веќе, темата е РАБОТА НА БРОД, а не Work&Travel. Отворете си друга за тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak

Ристо од Драчево

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
3pi0 извини, ама толку измешани информации како твоите никаде нема да се најдат. Плус тоа пола не ти се точни!...
Океј е нормално ке бидат измешани(НЕ СКРОЗ ТОЧНИ) информации, јас не сум бил на брод. Јас кажувам од што сум ги слушал другарите што ми беа на брод што како било каква позиција имале бла бла бла...
А за казиното дека мора преку бугарија тоа беше до пред 1-2 години ако вовеле кај нас сеа тоа е веќе друго, бидејќи другарка бараше низ нашиве агенции за во казино ја упатија да иде преку бугарска агенција и као само од таму можело да се иде на работа во казино на брод и зимаше као обука незна си што...
нема везе еве ти си била(предпоставувам) ти знаеш најдобро...
инаку на карневал крузлајнс само алкохол, интернет(20$ = 10ч.) се плаќаат,остало е бесплатно...
 

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Океј е нормално ке бидат измешани(НЕ СКРОЗ ТОЧНИ) информации, јас не сум бил на брод. Јас кажувам од што сум ги слушал другарите што ми беа на брод што како било каква позиција имале бла бла бла...
А за казиното дека мора преку бугарија тоа беше до пред 1-2 години ако вовеле кај нас сеа тоа е веќе друго, бидејќи другарка бараше низ нашиве агенции за во казино ја упатија да иде преку бугарска агенција и као само од таму можело да се иде на работа во казино на брод и зимаше као обука незна си што...
нема везе еве ти си била(предпоставувам) ти знаеш најдобро...
инаку на карневал крузлајнс само алкохол, интернет(20$ = 10ч.) се плаќаат,остало е бесплатно...


Па затоа не кажувај со сигурност. Кажи го со резерва;)
За казино од МК праќаат веќе со години и тоа за жал или за среќа само Коузон. Тоа со другарка ти не знам пред колку време било, ама знам дека мој колега замина пред скоро 3 години и тоа баш казино.
За Carnival не ни можеме да збориме ние македонците, затоа што одамна не не примаат. После низа инциденти предизвикани од македонци, ние не сме добредојдени таму. Освен ако не аплицираме со бугарски пасош. И тоа не важи само за Carnival туку и за сите компании кои што спаѓаат под Carnival корпорација. Односно, за некои од нив официјална забрана нема, ама до сега не барале од македонскиве агенции да им испратат некој од овие простори. Тоа ти е како некоја црна листа, па и за Cunard, Costa, Holland America, P&O и слично, нема да можеш да аплицираш....

Да појаснам за тоа во Бугарија. Тоа ти е курс кој што чини 2500 евра и тие што ќе го посетуваат, заминуваат најбрзо. Но за тој курс не мора да имаш кој знае какво работно искуство. Од МК праќаат готови, обучени кадри со по неколку годишно искуство во 4 игри. Се почнува од пониска кон повисока позиција и најчесто на сите бродски компании е така. Иако на нас не ни се претставени нивоата, тие постојат.
Но не заборавај дека нема само dealers во казиното. Може слободно да аплицираш за casino cashiers, хостеси и сл...

Инаку, верувај дека на бродовиве ништо не е бесплатно. Еве на пример, стандард за сите бродски компании е тоа што само униформата ти спаѓа во бенефициите за бесплатно перење алишта, а се друго си плаќаш. Интернетот се наплаќа по минута и во зависност колку при пејд минути ќе си купиш, таква цена и ќе платиш. (повеќе минути - помала цена по минута)
Како и сите останати компании, фитнес салата и базенот за вработени (доколку го има, бидејќи нема на сите бродови) не се наплаќа. За скоро сите бродски компании е исто, бидејќи концесионер е иста компанија.



Дајте бе некоја информација како да се аплицира, ебаго.


CV на англиски, 3-4 слики, препораки со потпис и печат и правец во Коузон или Мајоми. Во Коузон беше 500 или 600 денари (мислам 500) апликацијата, па имаш прелиминарно интервју, па ќе ти кажат според квалификациите за кои позиции можеш да аплицираш, па најчесто следи обука (во Коузон се плаќа 6000, во Мајоми ми рекоа нема...или не се плаќа, не сум сигурна) па треба да те поканат на некое интервју со менаџерите на некоја од компаниите. Ако тие ти дадат работа, добиваш LoE - letter of employment, треба да направиш медицински преглед од 100 евра, не смеат да ти најдат недозволени супстанци во организмот, треба да имаш BMI до 30, не смееш да имаш премногу висок притисок (малку покачен е ок), треба да си ОК во секој поглед. Не смееш да земаш Кафетин пред тестирањето, бидејќи содржи codeine, а таа состојка не е дозволена и ќе ти покаже позитивен тест на дрога.
Вадиш виза за Америка со LoE и уплата во банка, па чекаш да те викнат. Ако се качуваш во Австралија, поморска виза вадиш преку интернет и ако не се лажам, бесплатна е. Е сега, можеш да чекаш и 2 месеци, може и 1 година (па и повеќе). Медицинските наоди ти се валидни 1 година, па после тоа мора се одново.


Друго нешто?
 

Apocalypse

Нов член
24 август 2012
9
0
1
28
Kavadarci
Дали некогаш сте работеле на некој луксузен брод ? Брод кој оди на крстарење независно дали е долго или кратко . Опишете ги вашите искуства како се снаоѓавте дали беше убаво и слично :) И најбитно ако може информација од каде може да аплицирам за работа на брод :D Благодарам многу